Спорт
(Видео) Баерн, Реал, Интер и Реал Сосиедад се во осминафиналето

Foto/ EPA
Баерн, Реал, Интер и Реал Сосиедад вечерва изборија место во нокаут фазата. Вчера осминафинале, на две кола до крајот на фазта по групи изборија Манчестер сити и Лајпциг.
Баерн Минхен, во А групата, дури во финишот успеа да го скрши отпорот на Галатасарај. Кејн продолжи со теророт врз противничките голмани. Англискиот репрезентативец погоди во 80. и 86.минута. Бакамбу во 93.минута го постигна почесниот гол за Галтасарај.
Реал славеше против Брага со 3:0. Гостите не реализира пенал во шестата минута. Лунин го одбрани ударот на Џало. Казната стигна преку Брахим Дијаз, а во вториот дел победата на Реал ја потврдија Винисиус и Родриго.
Интер долго се мачеше во Салцбург, против најмладиот тим во Лигата на шампионите. Домаќинот падна од белата точка во 86.минута. Пеналот за Интер го реализираше Лаутаро Мартинез.
Арсенал се доближи до место во осминафиналето со победата над Севилја од 2:0. Тросар го отвори резултатот во 29.минута, а во вториот дел Сака го постави конечниот резултат.
Еден гол на ветеранот Лук Де Јонг го реши победникот на натпреварот во Ајндховен меѓу ПСВ и Ленс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Дејвид ќе го предводи нападот на Јувентус

Она за што се зборуваше со денови, во саботата доби потврда, Џонатан Давид е нов играч на Јувентус.
25-годишениот фудбалер потпиша договор со Јувентус до 30 јуни 2030 година, а во клубот доаѓа како слободен агент.
Канадскиот фудбалер, ја започна својата кариера во Отава, а потоа играше за Гент и Лил.
Дејвид играше во Лил во претходните пет години и постигна 109 гола и 30 асистенции во 232 натпревари.
Тој одигра 67 натпревари за канадската репрезентација и постигна 36 гола.
Во моментов се шпекулира дека доаѓањето на Дејвид е знак дека раководството на клубот одлучило да го продаде Влаховиќ ова лето.
Останува да се види што ќе се случи во следните неколку дена.
Foto/ EPA-EFE/MOHAMMED BADRA
Спорт
Ферстапен со брилијантен круг до пол-позицијата на Силверстоун“

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, ја освои пол-позицијата пред Големата награда на Велика Британија, 12-та трка од овогодинешното првенство во Формула 1.
Актуелниот шампион стигна до најдоброто стартно место со неверојатен круг и време од 1:24.892 минути, со десетинка предност во однос на Оскар Пјастри во Мекларен.
Вториот возач на Мекларен, Ландо Норис, го имаше третото време, а неговиот сонародник Џорџ Расел од Мерцедес ќе стартува веднаш до него од вториот ред.
Рекордерот по број на победи на „Силверстоун“, Луис Хамилтон, ќе стартува од петтото место. Третиот ред го комплетира неговиот тимски колега Шарл Леклер.
Следува Андреа Кими Антонели, но возачот на Мерцедес има казна од три позиции и ќе стартува од 10-то место. Осмие е Оли Берман од Хас, зад него се Фернандо Алонсо (Астон Мартин) и Пјер Гасли (Алпин).
Големата награда на Велика Британија е закажана за недела во 16 часот.
Foto/ EPA/PETER POWELL
Спорт
Замена за Влаховиќ? Јувентус донесе нов напаѓач

Она за што се зборуваше со денови сега е официјално потврдено – Џонатан Давид е нов играч на Јувентус.
Овој 25-годишен фудбалер потпиша договор со Јувентус до 30 јуни 2030 година, а во клубот доаѓа како слободен играч.
Канадскиот фудбалер, кој игра на позицијата напаѓач, ја започна својата кариера во Отава, а потоа играше за Гент и Лил.
Давид играше во Лил во претходните пет години и постигна 109 гола и 30 асистенции во 232 натпревари.
Одигра 67 натпревари за канадската репрезентација и постигна 36 гола. Српските фудбалери Душан Влаховиќ и Филип Костиќ играат за Јувентус.
Моментално се шпекулира дека доаѓањето на Давид е знак дека раководството на клубот одлучило да го продаде Влаховиќ ова лето.
Останува да се види што ќе се случи во следните неколку дена.
Фото: ЕПА