Спорт
Филипс од јануари во Јувентус?

Калвин Филипс (27) не го оправда трансферот во Манчестер сити. Англискиот репрезентативец во ниту еден момент не успеа да се наметне кај Пеп Гвардиола.
Филипс ваа сезона забележа шест настапи во сите натпреварувања, а откако пристигна во Сити од Лидс Јунајтед во летото 2022 година, забележа 27 настапи. Фудбалерот мака мачи со формата, повредите и физичка подготвеност. Поради тоа нема место во плановите на Гвардиола.
Калвин Филипс сака да игра за Англија на Европското првенство, а за да се избори за место во репрезентацијата мора да игра редовно. Поради тоа можно е во јануарскиот преоден рок да се пресели во Јувентус.
Наводно Гвардиола нема да се противи на овој трансфер.
Јувентус е во потрага по играчи од средниот ред, откако Пол Погба беше суспендиран поради допинг, а Николо Фаџоли поради обложување.
Интерес за Филипс покажаа Вест Хем и Њукасл, но тие не се подготвени да платат 50.000.000 евра за неговиот трансфер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ламин Јамал руши рекорди – Барселона инкасира милиони од продажба на дресови

Младиот фудбалер на Барселона и шпанската репрезентација, Ламин Јамал, не престанува да привлекува внимание – и на теренот и надвор од него. Откако неодамна го продолжи договорот со каталонскиот гигант, Јамал го промени и бројот на дресот – наместо 19, отсега ќе ја носи легендарната „десетка“.
Оваа промена предизвика вистинска еуфорија меѓу навивачите, па клубот за само 24 часа продаде дури 70.000 дресови со името на Јамал и бројот 10, поставувајќи нов историски рекорд по дневна продажба. Според шпанскиот медиум COPE, од оваа продажба Барселона инкасирала околу 10 милиони евра.
Дресовите се испратени во повеќе од 170 земји низ светот, а комерцијалниот успех значително ги надмина очекувањата на клубот. Новиот рекорд ја надмина дури и продажбата на дресови кога клубот ги промовираше Лионел Меси и Нејмар како свои играчи.
Јамал, кој е роден во 2007 година, лани настапи на 35 натпревари во Ла Лига, постигнувајќи 9 голови и остварувајќи 13 асистенции. Со само 17 години, тој веќе е препознат како идниот носител на Барселона.
Барселона ја почнува сезоната со нова надеж – и нова ѕвезда, чијшто дрес веќе е моден хит на глобално ниво.
Спорт
Винисиус Жуниор на излезна врата од Реал Мадрид поради Мбапе?

Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, би можел да го напушти клубот, а како главна причина се наведува неговиот нов соиграч – Килијан Мбапе.
Според пишувањата на неколку спортски медиуми, Бразилецот очекува зголемување на платата, со цел да има подобри финансиски услови од Мбапе, кој моментално има највисока плата во клубот. Французинот заработува 30 милиони евра годишно, додека на Винисиус му бил понуден договор со 10 милиони евра помалку.
Се шпекулира дека односот меѓу Винисиус и Мбапе не е најдобар и дека „не кликнале“, што дополнително ја отвора вратата за евентуален трансфер на Бразилецот.
Како потенцијална дестинација сè почесто се споменуваат клубови од Саудиска Арабија, кои наводно нудат огромни суми за да го привлечат 25-годишниот напаѓач. Сепак, со оглед на неговата одлична форма, останува нејасно дали Винисиус би се решил за трансфер во арапскиот свет во овој момент од кариерата.
Спорт
(Видео) Усик го нокаутира Дубоа, стана апсолутен шампион во тешка категорија

Foto/EPA
Олександар Усик (38) стана апсолутен шампион во тешка категорија по втор пат во својата кариера. Го нокаутираше Даниел Дубоа во петтата рунда и ја забележа 24-та победа во професионалнаат кариера. Како и во првиот меч од 2023 година, Усик го победи Дубоа со нокаут и повторно ги обедини четирите големи титули во боксот.
Олександр Усик го нокаутираше Даниел Дубов во петтата рунда од борбата пред повеќе од 70.000 гледачи на стадионот „Вембли“ во Лондон.
Усик го контролираше ритамот од почетокот на мечот, а клучниот момент дојде во петтата рунда кога два пати го нокаутираше британскиот предизвикувач.
По вториот нокаут, Дубоа не можеше да стане, па судијата ја прекина борбата на 1:52 пред крајот на рундата.
Со оваа победа, 38-годишниот Украинец уште еднаш ја потврди својата доминација во тешка категорија.
USYK STOPS DUBOIS IN 5#UsykVsDubois pic.twitter.com/wKRAhiBghK
— Spinnin Backfist (@SpinninBackfist) July 19, 2025