Контакт

Економија

Живко Мукаетов: Годинава ќе ја завршиме со извоз од 180 милиони евра, планираме силен раст на извозот на европските пазари

Објавено пред

Најуспешната македонска компанија “Алкалоид” годинава ќе ја заврши со извоз од околу 180 милиони евра, што се високи 70% од вкупните консолидирани продажби на компанијата. Живко Мукаетов, првиот човек на “Алкалоид” очекува тешка, но успешна година за компанијата, која и покрај бројните предизвици во изминатиот период успеа значително да го зајакне присуството на многу европски пазари, кои се најголем приоритет за зголемување на извозот во следниот период.

dobivaj vesti na viber

Силно сме фокусирани на многу внатрешни подобрувања и оптимизации, со цел да ја зголемиме рационалноста на сите можни процеси. На тој начин сме убедени дека ќе излеземе уште поподготвени во насока на надминување на тековните и пресретнување на идните предизвици.

Изминатите три години донесоа многу големи промени и неизвесност во работењето на извозните компании. Кои се најголемите проблеми и ограничувања со кои Алкалоид се соочува во работењето?

Мукаетов: Точно е тоа. Изминативе неколку години беа исклучително динамични и бараа огромнапосветеност со цел надминување на бројните предизвици од најразлична природа. Она што перзистира веќе одредено време од пандемијата, па наваму се нарушувањата во синџирите за снабдување. Предвидливоста во набавките и обезбедувањето на неопходните репроматеријали значително се влошени. Ова дополнително е проследено и со континуираното покачување на набавните цени на многу влезни суровини и материјали. Повеќе од една година во економиите е присутна и инфлацијата, која, како што сѐ повеќе одминува времето, ги манифестира своите ефекти во насока на одложување на потрошувачката и на сѐ позначителното намалување на платежната моќ на потрошувачите. Секако, и континуираното зголемување на каматните стапки го одбележа изминатиов период, дополнително влошувајќи го економскиот амбиент. Овие трендови, покрај на домашниот и на регионалните пазари, се сѐ позабележителни и во поголем број на останатите пазари каде што ги пласираме нашите производи.

Што значи да се произведува и да се извезува во време на висока инфлација? Како се одразуваат поскапувањата врз работењето и врз извозот? Дали високата инфлација и економското забавување резултираат со пад на побарувачката за производите на “Алкалоид”?

Мукаетов: Не е едноставно да се стопанисува во вакви времиња. Правиме големи напори одредени закани и ризици да ги претвориме во можности. Нашата индустрија е сериозно регулирана и во одредени сегменти не постои простор за брзи подесувања. Затоа сме силно фокусирани на многу внатрешни подобрувања и оптимизации, со цел да ја зголемиме рационалноста на сите можни процеси. На тој начин сме убедени дека ќе излеземе уште поподготвени во насока на надминување на тековните и пресретнување на идните предизвици.

Какви се очекувањата и проценките за производството и за извозот за годинава и за следната година? Какви сигнали доаѓаат од најважните извозни пазари?

Мукаетов: И покрај сѐ, нашите очекувања во овој момент се дека во тековната година ќе успееме да оствариме двоцифрен раст во клучните финансиски параметри. Ова, пред сѐ, се должи на забележителниот недостиг на антибиотици, како и на сирупи за настинка од други производители на повеќето извозни пазари. Овие недостатоци успеавме да ги покриеме преку зголемен обем на производство и на продажба на вакви производи од нашето портфолио.

Во тек е и процесот на подготовка на плановите за наредната година, а првичните најави од нашите пазари се дека повторно ќе нѐ очекува тешка, но и успешна година.

Во изминатите неколку години се случија големи геостратешки поместувања кои ги менуваат тековите на трговијата и на синџирите на снабдување. Како влијае тоа врз работењето и колку како компанија сте посветени на диверзификација за да се намалат ризиците и зависноста од одредени пазари или клиенти?

Мукаетов: Една од областите на која ѝ посветивме сериозно внимание изминативе години е токму диверзификацијата. Резултат на тоа се континуираното ширење на нашето портфолио со нови производи и освојувањето нови пазари. Истото се рефлектира и во постоењето алтернативни добавувачи или синџири на снабдување. Во фармацевтската индустрија овие процеси се многу долготрајни и сега, на пример, ги собираме плодовите на вложените напори од изминативе десетина години. Поради тоа неопходни се правовремени одлуки и голема истрајност и упорност за долгорочен успех.

Секоја година отвораме по неколку нови пазари, па во 2023 година може да обележиме дека обезбедивме наше присуство и во Италија, на Малта, понатаму во Чиле, Австрија, Саудиска Арабија итн. Оваа година, исто така, отворивме и наша компанија во Букурешт, со што правиме нов квалитативен исчекор врзано за нашето присуство на романскиот пазар.

Кои извозни пазари имаат потенцијал за раст за “Алкалоид” и за индустријата во која
работите? Имате ли отворено некој нов пазар во изминатата година и дали планирате влез на нов извозен пазар следната година?

Мукаетов: Традиционалните пазари од регионот се основата на нашето работење. Но, во изминативе години значително го зајакнавме нашето присуство и на многу ЕУ-пазари. Според тоа, потенцијалот за раст на компанијата, пред сѐ, го гледаме токму на овие пазари, како прв приоритет.

Секоја година отвораме и по неколку нови пазари, па во 2023 година може да обележиме дека обезбедивме наше присуство и во Италија, на Малта, понатаму во Чиле, Австрија, Саудиска Арабија итн.

Оваа година, исто така, отворивме и наша компанија во Букурешт, со што правиме нов
квалитативен исчекор врзано за нашето присуство на романскиот пазар.
Нашите очекувања се оваа година да оствариме вкупен извоз од околу 180 милиони евра, што би претставувало учество од близу 70% во вкупните консолидирани продажби на “Алкалоид”.

Каква поддршка и системски промени се потребни од државата за извозот на “Алкалоид”
и фармацевтската индустрија да стане поконкурентен? Кои досегашни политики или мерки ги оценувате како ефикасни и од корист за извозниците?

Мукаетов: Сметам дека извозот е единствената движечка сила која може да придвижи напред помала национална економија како нашата. Сите чинители во нашето опкружување може многу да помогнат кон остварување на оваа основна економска цел. Во тој контекст, потребно е да се обезбеди рационализација во бирократските постапки од сите нивоа на власта, кои може да бидат уште попродуктивно поставени или олеснети со цел обезбедување подобри предуслови за работа. Несомнено дека за подобри резултати на извозниците од голема полза е и обезбедувањето уште поголема финансиска поддршка за оние кои континуирано инвестираат во производство, во истражување и развој и во зголемување на извозните активности, што на долг рок овозможува повеќекратно обезбедување поврат на тие средства.

Несомнено дека за подобри резултати на извозниците од голема полза е и обезбедувањето уште поголема финансиска поддршка за оние кои континуирано инвестираат во производство, во истражување и развој и во зголемување на извозните активности, што на долг рок овозможува повеќекратно обезбедување поврат на тие средства.

Во борбата со инфлацијата, со растот на цените на енергијата и со геополитичката неизвесност, каде е местото на одржливоста и на зеленaта транзиција? Дали и колку овие трендови за одржливост се одразуваат врз работењето на “Алкалоид” и какви промени преземате за да ги следите?

Мукаетов: Обезбедувањето одржлив раст е основата на секоја успешна компанија која го поставува работењето на долги патеки. Тоа е, едноставно, неминовност и составен дел на нашето деловно одлучување.

Она што беше карактеристично во изминатава година е вложувањето во фотоволтаични системи, со кои обезбедивме извесно ниво на покривање на сопствените потреби од електрична енергија. Во нашите планови е да не застанеме тука, туку да продолжиме и позасилено во таа насока, со цел обезбедување поевтин извор на електрична енергија, но и повисок степен на независност во тој поглед.

Исто така, оваа година инвестиравме во пречистителна станица на локалитетот во Автокоманда, со што обезбедуваме подобрување на третманот на отпадни води, во согласност со зголемените капацитети на нашето производство. Многу детали од овој сегмент на нашето работење обелоденивме и во првиот ЕСГ-извештај, кој го издадовме оваа година, што ќе претставува и наша редовна пракса во иднина.

(ПР текст)

Економија

„Реплек“ пробива на строгиот британски пазар: Реконазол, прв лек на компанијата регистриран во Обединетото Кралство

Објавено пред

Значаен успех на „Реплек“ во пробивањето на портфолиото на компанијата на строгите странски пазари. Со регистрацијата на Реконазол, производ за третман на дерматолошки состојби во Обединетото Кралство, „Реплек“ го направи својот прв важен чекор за пласман на британскиот пазар. Одобрението за Реконазол (ketoconazole) 2% шампон е издадено од британската Агенција за лекови и здравствени производи (MHRA), регулаторно тело на Обединетото Кралство кое се смета за еден од најригорозните системи во светот во делот на оценка на квалитетот, безбедноста и ефикасноста на лековите. Регистрацијата е потврда дека овој лек на „Реплек“, како и производствените процеси на компанијата, ги исполнуваат највисоките меѓународни регулаторни стандарди.

dobivaj vesti na viber

Оваа регистрација ќе важи пет години, а првиот извоз ќе се реализира преку локален партнер кон крајот на овој месец. Реконазол (ketoconazole) 2% шампон е наменет за превенција и третман на инфекции предизвикани од габата Mallassezia, вклучувајќи состојби како првут, себороичен дерматитис и tinea versicolor.

„Регистрацијата на Реконазол во Обединетото Кралство е важна пресвртница за компанијата и јасна потврда за квалитетот, стручноста и зрелоста на нашите производствени и контролни процеси. ‚Реплек’ има развоен, регулаторен и тим за контрола на квалитетот способни да подготват технички документации, клинички податоци, извештаи за усогласеност со добра производствена и добра лабораториска пракса, како и квалитетни системи споредливи со меѓународни стандарди. Фактот што овој наш производ успешно ја помина строгата евалуација на MHRA дополнително ја засилува довербата во компанијата, и од пациентите, и од нашите партнери. Регистрацијата на лекот е дел од нашата долгорочна стратегија за одржлив раст и континуирано зајакнување на присуството на развиените западни пазари“, изјави Душан Пецовски, генерален директор на „Реплек“.

Британскиот пазар е многу значаен глобален пазар, кој има јасни регулаторни барања и висока куповна моќ. Регистрацијата на медицински производ во Обединетото Кралство значи дека тој успешно ја поминал оваа ревизија, што ќе отвори врата и за настап на други развиени пазари во Западна Европа. Ова е уште еден доказ дека „Реплек“ располага со високоразвиени системи за контрола на квалитетот, способни да одговорат на барањата и на најпребирливите пазари. Регистрацијата на лек во Обединетото Кралство е силна референца која ја зголемува довербата и кај идните потенцијални партнери и дистрибутери, како и основа за натамошно ширење на портфолиото на меѓународните пазари. Со ова одобрение „Реплек“ уште посилно ја зацврстува својата позиција како сигурен и кредибилен фармацевтски производител, способен да одговори на највисоките регулаторни барања.

Неодамна „Реплек“ по петти пат го доби сертификатот EU GMP, потврдувајќи ја својата усогласеност со највисоките европски стандарди за добра производствена пракса, квалитет и безбедност. Континуираното унапредување на високите стандарди за квалитет и усогласеноста со европските регулативи се неразделен дел од корпоративната стратегија на „Реплек“. Квалитетот на производството се рефлектира и во финансиските резултати на компанијата за 2025 година, при што е постигнато значајно унапредување на профитабилноста, односно раст за 39% во однос на 2024 година.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

Дурмиши: Повремените и сезонски работници добиваат законска заштита

Објавено пред

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денес истакна дека Законот за работно ангажирање на лица, кој започна да се применува од 1 јануари 2026 година, претставува значаен исчекор во уредувањето на пазарот на трудот и формализацијата на сивата економија.

dobivaj vesti na viber

„Тековниот период беше наменет за техничка и институционална адаптација, со цел имплементацијата на законот да биде ефикасна, усогласена и функционална во пракса. Формализацијата на сивата економија е стратешка определба на Владата и клучен сегмент од реформската агенда, бидејќи директно влијае на економскиот раст, стабилноста на јавните финансии и заштитата на работниците“, нагласи министерот.

Министерството за економија и труд, како што појаснуваат од таму, досега спроведуваше активни политики преку Оперативниот план за вработување, но анализите покажуваат дека дел од лицата остануваат надвор од формалните текови. Токму затоа, како што велат, е донесен овој закон, кој претставува суштинска реформа во повременото и сезонското ангажирање на работна сила.

Законот воведува пофлексибилен и поедноставен модел за легално ангажирање со јасна правна рамка и електронски процедури за пријавување, одјавување и уплата на придонеси. Новите правила овозможуваат ангажирање на вработени, невработени, студенти, ученици и пензионери без губење на веќе стекнати права, вклучително и социјални и детски права, паричен надоместок, пензии и права од образовниот систем.

Во првата фаза, законот ги опфаќа секторите каде сивата економија е најизразена – земјоделство, шумарство, рибарство, сместување, сервисни дејности за храна и активности во домаќинствата. Очекувањата се за формализација на до 12.000 сезонски работници во земјоделството и околу 5.400 непријавени работници во туризмот, угостителството и услугите, што вкупно опфаќа околу 17.400 лица.

„Оваа реформа носи конкретни придобивки и за работниците и за работодавачите. Работодавачите добиваат флексибилност и поедноставни административни постапки, а работниците добиваат исплата по час, придонеси за пензиско и инвалидско осигурување, дополнителен придонес за задолжително здравствено осигурување во случај на повреда или професионално заболување, како и јасна правна заштита на нивните права“, рече министерот.

Министерот Дурмиши упати посебна благодарност до Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) за експертската и техничка поддршка, како и до Агенцијата за вработување, Министерството за финансии, Управата за јавни приходи и сите други институции кои придонесоа во воспоставувањето на функционален и ефикасен систем.

Прикажи повеќе...

Економија

Почна исплатата на „Мој ДДВ“, повик до граѓаните со погрешна сметка да ги ажурираат податоците

Објавено пред

Управата за Јавни Приходи – УЈП  ја почна исплатата на средства за скенираните фискални сметки за четвртото тримесечје од 2025 година.

dobivaj vesti na viber

За К4 – 2025 година ќе бидат исплатени вкупно 924,5 милиони денари кон 526.123 корисници на апликацијата МојДДВ.

До денес, реализирани се 184,5 милиони денари, кон 104.000 корисници на апликацијата МојДДВ. Исплатата на средствата продолжува, како се обработуваат налозите така се исплаќаат средствата на сметките на корисниците на МојДДВ.

Напомeна: во овој момент 5.292 корисници кои скенирале фискални сметки имаат внесено погрешна трансакциска сметка, поради што УЈП не е во можност да ја реализира исплатата.

„Апелираме Доколку немате добиено средства, проверете ги и ажурирајте ги податоците за трансакциската сметка директно во апликацијата МојДДВ. На тој начин УЈП ќе има точни податоци за корисникот и ќе може да изврши исплата на поврат по основ на МојДДВ“, велат од УЈП.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија1 час

Почна исплатата на „Мој ДДВ“, повик до граѓаните со погрешна сметка да ги ажурираат податоците

Управата за Јавни Приходи – УЈП  ја почна исплатата на средства за скенираните фискални сметки за четвртото тримесечје од 2025...

Регион2 часа

Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград

Доцна синоќа беше фрлена бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње. Полицијата и дежурниот обвинител на...

Македонија2 часа

651 прекршоци регистрирани вчера преку „Безбеден град“, од нив 585 за пребрзо возење

Во текот на вчерашниот ден преку системот „Безбеден град“ констатирани се вкупно 651 прекршоци, извести МВР. „Од нив, за минување...

Македонија3 часа

Електродистрибуција: Tешка кражба на електрична енергија од трафостаница, штета од 16 милиони денари

„Тимот за откривање на неовластено користење на електрична енергија побара спроведување на пребарување од МВР и вклучување на вешто лице,...

Македонија3 часа

Ѓорѓиевски: Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси

Со одлука на Владата на Република Македонија, Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси, чекор што...

Свет6 часа

„Фајненшел тајмс“: Ако Русија го прекрши примирјето, следи координиран одговор – детали од договорот меѓу Украина и Западот

Украина се согласила со западните партнери дека секое упорно кршење на идниот договор за прекин на огнот од страна на...

Европа6 часа

Украина бесна на шефот на ФИФА: „Морален дегенерик, овој срам потсетува на 1936 година“

Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, остро го критикуваше претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, кој го поддржа укинувањето на...

Свет7 часа

Клинтонови сепак ќе сведочат за случајот со Епстин

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон и демократската претседателска кандидатка од 2016 година, Хилари Клинтон, ќе сведочат во конгресната истрага за...

Европа7 часа

(Видео) Масовен напад врз Киев, експлозии низ градот

Руските сили испукаа ракети врз украинскиот главен град Киев во раните утрински часови, соопштија официјални лица, со првични извештаи за...

Свет7 часа

Во пораки од 2018 година пишува дека Епстин платил 5.000 долари за 23-годишна Русинка

Во најновата серија досиеја на Епстин е објавена преписка која што се чини дека е серија текстуални пораки разменети помеѓу...

Свет8 часа

Трамп: Го замолив Путин да не ја напаѓа Украина една недела, тој се согласи

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека рускиот претседател Владимир Путин се согласил на еднонеделна пауза во ракетните напади врз Украина...

Македонија8 часа

Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип

Од 23:25 часот, вчера вечер сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип целосно е нормализиран, извести АМСМ. Претходно, од 19:10 часот, поради...

Македонија21 час

„Сè беше легално и со дозволи“: како Македонија учествувала во проектот со мозоци што беше споменат во документите за Епстин

Македонија била вклучена во меѓународен научен проект кој се споменува во документите поврзани со починатиот американски милијардер Џефри Епстин,пишува Дојче...

Македонија23 часа

Вратата кај бината во „Пулс“ служела да излезат малолетниците во случај на полициска рација, сведочи 25-годишниот Петар Марковски

На денешното рочиште за пожарот во кочански „Пулс“ во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, 25-годишниот Петар...

Македонија23 часа

Над 45 милиони денари вратени во државниот буџет; Фетаи: Конфискацијата на нелегално стекнатиот имот дава конкретни и мерливи резултати

Денес се одржа првиот конститутивен состанок на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот, со што официјално започна...

Македонија23 часа

Тројца експерти од странство во составот на комисијата за истражување на кардиолошките и кардиохируршките операции, соопшти Министерството за здравство

Странската комисија за истражување на кардиолошките и кардиохируршките операции ја сочинуваат тројца врвни експерти од областа, соопштија од Министерството за...

Македонија23 часа

Нудел 50.000 евра мито за пари од ИПАРД програмата: поднесено обвинение против повеќе лица

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од ОЈО ГОКК денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно...

Економија23 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија24 часа

Не знаеме кого Трендафилов чекал во празна сала, средбата помеѓу премиерот Мицкоски и претставниците на УПОЗ е закажана за во четврток, велат од Владата

Владата, како што соопштија од таму, најостро реагира на обидите за создавање лажна слика за социјалниот дијалог, а во врска...

Македонија24 часа

Владин претставник не дојде во ССМ за зголемување на минималецот: Бегаат од одговорноста како што бегаа цела 2025 година, вели Трендафилов

Со објава на социјалните мрежи утрово претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов извести дека владин претставник...