Економија
Народната банка за извештајот на ЕК: Монетарната политика е соодветна и во согласност со економските фундаменти
Во најновиот извештај за напредокот на земјата Европската комисија повторно истакна дека усогласеноста во делот на монетарната политика со европската регулатива, стандарди и практики и натаму е на напредно ниво.
Притоа се нагласува дека поставеноста на монетарната политика во изминатиот период е соодветна, односно дека таа е целосно во согласност со економските фундаменти и соодветно е затегната како одговор на зголемената инфлација, објави Народната банка.
Во извештајот се укажува на тоа дека високата инфлација се должи на глобалниот шок кај цените на храната и енергијата, што се пренесе и на другите цени. Се посочува дека централната банка одговори соодветно со затегнување на монетарната политика преку зголемување на основната каматна стапка, но и преку промени во задолжителната резерва, што придонесе за постепено намалување на инфлацијата. Се посочува и на ефективноста на мерките на Народната банка за поттикнување на штедењето во домашна валута (денаризација), што придонесе кон одржување на стабилноста на девизниот курс.
Во однос на банкарскиот систем во извештајот се заклучува дека тој е отпорен, стабилен и сигурен и во текот на последните кризи. Се бележи дека капитализацијата на банките е подобрена во споредба со периодот на пандемијата на Ковид-19. Притоа адекватноста на капиталот на банките е на највисоко ниво во последните пет години, а нефункционалните кредити на крајот на 2022 година се на ниско ниво од 2,8 %.
Зајакнувањето на правната и институционалната рамка за обезбедување финансиска стабилност исто така е истакнато во рамките на извештајот, со посебен акцент на новиот Закон за финансиската стабилност, со кој на регулаторите во финансискиот сектор им се дава законски мандат за спроведување макропрудентни мерки за одржување на финансиската стабилност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Еврото падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот
Еврото денеска падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот, откако најновите податоци покажаа дека деловната активност во еврозоната нагло паднала во ноември.
Според податоците на берзата, европската заедничка валута во еден момент се тргуваше по 1,0399 долари, што е најниска вредност од декември 2022 година, пренесува CNN (CNBC).
Глобалната агенција S&P објави дека композитниот индекс во еврозоната паднал од октомвриските 50 поени на 48,1 поен.
Економија
Во октомври годишен раст од 11,0 отсто на вкупните депозити и од 9,2 отсто на вкупната кредитна поддршка
Годишниот раст на вкупните депозити изнесува 11,0%, којшто произлегува од зголемените депозити на двата сектора, со поизразен придонес на секторот домаќинства.
На годишна основа, вкупните кредити се зголемени за 9,2% како резултат на зголеменото кредитирање на двата сектора, при поизразен придонес кон растот на кредитите на корпоративниот сектор.
Најновото соопштение за монетарните движења е достапно на следниот линк.
Економија
Преку Wine vision by Open Balkan ќе се промовира македонското врвно вино и традиционалната македонска храна
Од 22 до 24 ноември оваа година се одржува најголемиот саем во Белград „Wine vision by Open Balkan“ каде што свое место ќе заземе и македонското вино и традиционалната македонска храна.
Оваа година од Македонија на саемот во Белград ќе учествуваат 80 наши винарии и дестилерии, 6 изложувачи на храна и ресторан со 3 готвачи.
Токму на овој настан посетителите ќе имаат можност да ги вкусат врвните македонски вина, да се запознаат со нашите традиционални вкусови и гастрономски особености.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги поддржува нашите изложувачи се со цел да се промовираат земјоделските производи и да се прошири извозот на истите надвор од границите на државата.
Во склоп на настанот кој што се одржува овие неколку дена ќе се одржи и македонска вечер на која што ќе присуствуваат високи делегати и владини претставници од други држави.
Преку македонската вечер присутните гости ќе се запознаат со богатството со кое што располага Македонија кога станува збор за вино и храна, велат од МЗШВ.