Спорт
Ако се пласираат на ЕП српските фудбалери ќе поделат речиси четири милиони евра

Репрезентативците на Србија во случај на пласман на ЕП 2024 ќе имаат можност да поделат 3.800.000 евра.
Практично, тоа нема да биде ниту награда, туку пари заработени од потенцијалното учество на континенталниот собир на најдобрите фудбалски селекции.
Извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) на последната седница остана на тоа дека репрезентацијата треба да добие 40 отсто од вкупните средства на УЕФА наменети за учество на Европското првенство во Германија.
Во основа, Европската куќа на фудбалот гарантира 9.500.000 евра, сума која ќе се слее во касата на ФСС. Од тоа, 3.800.000 ќе поделат фудбалерите.
Вкупниот фонд на УЕФА за ЕУРО 2024 изнесува 371.000.000 евра.
Победа во групната фаза се вреднува со 1.000.000, а нерешен резултат со 500.000 евра. Репрезентациите кои ќе влезат во нокаут фазата ќе добијат дополнителни 1.500.000 евра, пласман во четвртфиналето и полуфиналето носи дополнителни 2.500.000, односно 4.000.000 евра. Поразениот финалист ќе заработи пет, победникот од финалниот меч ќе добие вкупно осум милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Нема дилема кој ќе ја освои „Златната топка“

Ако поразот од Челзи во финалето на Светското првенство за клубови предизвика сомнеж, Европскиот Суперкуп ги врати работите на свое место, Усман Дембеле е првиот кандидат за „Златната топка“.
Пет минути пред крајот, ПСЖ беше на работ на амбисот. Имаше минус од два гола против Тотенхем, но се врати во мечот со головите на резервистот Канг-Ин Ли и Гонсало Рамош, во 85. и 94.минута.
Иако не постигна гол, Усман Дембеле беше прогласен за играч на натпреварот, бидејќи повторно беше најопасен на теренот, а во судиското продолжение мајсторски го погоди Рамош во „трепката“ за 2:2, со што ПСЖ избори пенали.
Тој беше прецизен и од 11 метри, и го турна својот тим кон нов трофеј оваа сезона.
ПСЖ и Дембеле ја освоија Лигата на шампионите, Лига 1, Купот на Франција, а сега и Европскиот Суперкуп.
Во последната сезона, Дембеле постигна 35 гола и додаде 16 асистенции во 53 натпревари.
Foto/ EPA/Alessio Marini
Спорт
(Видео) На денешен ден Болт влезе во историјата на олимпизмот

На денешен ден пред девет години, Јусеин Болт се запиша во историјата на олимпизмот.
Јусеин Болт се смета за еден од најдобрите спортисти, поточно спринтери, кои некогаш се занимавале со овој спорт.
На денешен ден, 14 август 2016 година, Болт направи нешто што никогаш порано не беше видено на Олимписките игри.
Во Рио де Жанеиро, победи на трката на 100 метри и го освои златниот медал со време од 9,81 секунди. Болт стана првиот спортист во историјата што освоил три златни олимписки медали во оваа дисциплина.
Во 2012 година во Лондон и во 2008 година во Пекинг, Болт победи и на трката на 100 метри со поставени рекорди.
Спорт
Пјатри: Се подобрив како возач, напреднав во сите области
Оскар Пјастри, возачот на Мекларен во Формула 1 и лидер во генералниот пласман во шампионатот на Формула 1, ги откри најголемите разлики во автомобилот во последните 12 месеци.
Во текот на првите две години во Мекларен, Оскар Пјастри постојано губеше од Ландо Норис, кој имаше неколку години искуство повеќе, но со текот на времето разликата се намалуваше.
По 14 рунди од сезоната во 2025 година, резултатот меѓу Пјастри и Норис кога станува збор за квалификациите е изедначен – 7:7.
Пјастри, има шест победи, една повеќе од Ландо Норис, и поради тоа Австралијанецот има девет бода повеќе од Англичанецот во трката за шампионската титула.
„Се подобрувам во сите области. Минатата година имав неколку викенди кои беа многу добри, а потоа чувствував дека имам доволно моќ да победувам на трки кога сум во најдобра форма. Но, помеѓу нив имаше многу просечни трки, а понекогаш и лоши денови. Оваа година имаше многу повеќе добри денови“, вели Пјастри.
Тој дополнително го објасни своето тврдење.
„Се подобрив како возач, но мислам дека успеав почесто да се приближувам до она што го сметам за мој целосен потенцијал. Тоа беше најголемата работа. Не произлезе од една специфична област, туку од разгледување на многу различни работи. Можноста почесто да го постигнувам она што го сметам за мое најдобро издание, направи разлика“, вели Оскар.