Свет
Регистрирани околу 900 земјотреси на Исланд, евакуирани речиси 4000 луѓе: Расте стравот од голема вулканска ерупција
Додека Исланд се подготвува за можна голема вулканска ерупција, во последните неколку недели се забележани десетици илјади земјотреси, а на југот на оваа островска земја само денеска се регистрирани околу 900 потреси, објавија локалните власти и потврдија дека речиси 4.000 луѓето беа евакуирани во текот на оваа недела.
„Во моментов се соочуваме со огромна неизвесност: дали ќе има ерупција и ако да колкава ќе биде штетата“, изјави Метју Џејмс Робертс, раководител на истражување во Метеоролошката служба на Исланд, според Ројтерс.
Жителите на градот Гриндавик опишаа како ги напуштиле своите домови во раните утрински часови во саботата за време на земјотресот што создаде пукнатини на патиштата и ја оштети структурата на станбените згради.
Речиси сите жители на овој град престојувале кај членовите на семејството или пријателите.
Полуостровот Рејкјанес, кој се наоѓа југозападно од главниот град Рејкјавик, е добро познато вулканско и сеизмичко жариште.
Во март 2021 година, лавата спектакуларно изби од пукнатина во земјата широка помеѓу 500 и 750 метри во областа на вулканските системи Фаградалсфјал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

