Свет
Убиецот на познатата критичарка на Путин е ослободен бидејќи се борел во Украина

Еден од лицата осудени за убиство на руската новинарка Ана Политковскаја во 2006 година е помилуван бидејќи се борел за Русија во Украина, потврди неговиот адвокат. Сергеј Каџикурбанов, поранешен полицаец во Москва, беше осуден на 20 години затвор на судењето во 2014 година.
Неговиот адвокат Алексеј Михалчик изјави дека Каџикурбанов добил претседателско помилување по завршувањето на неговиот шестмесечен воен договор. Тој беше еден од петтемина осудени за кривичното дело.
Ана Политковскаја, истражувачка новинарка и гласна критичарка на војната на Путин во Чеченија, беше застрелана во лифтот на зградата во која живее. Нејзиното известување за весникот „Новаја газета“ доби меѓународна слава поради нејзината упорна истрага за руските злоупотреби во Чеченија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Израел: Ќе ги задржиме безбедносните зони во Газа и по војната

Израелскиот министер за одбрана изјави дека и по завршувањето на војната армијата ќе остане во таканаречените „безбедносни зони“ кои беа воспоставени со окупирање на големи области на Газа, пренесува Би-би-си.
Израел Кац рече дека тоа ќе бидат „тампон зони“ кои ќе служат за заштита на израелските заедници „во секоја привремена или трајна ситуација“.
Тој додаде дека „десетици проценти“ од палестинската територија биле додадени откако израелската офанзива продолжи пред три недели.
„Околу 30 отсто од територијата на Газа сега е означена како безбедносна зона“, се вели во соопштението на војската.
Кац рече дека Израел ќе продолжи со својата шестнеделна блокада со хуманитарна помош за да изврши притисок врз Хамас да ги ослободи заложниците, и покрај предупредувањата на ОН за „страшни“ последици.
Во средата, Лекарите без граници предупредија дека Газа „е претворена во масовна гробница за Палестинците и за оние кои доаѓаат да им помогнат“.
„Во реално време сме сведоци на уништување и присилно раселување на целото население во Газа“, изјави Аманда Базероле, координаторка на хуманитарната организација во Газа.
Свет
Врховниот суд на Велика Британија: Терминот „жена“ се однесува исклучиво на биолошките жени

Врховниот суд на Велика Британија денес пресуди дека терминот „жена“ се однесува исклучиво на биолошкиот пол според Законот за еднаквост на Велика Британија, со што се исклучуваат трансродовите жени од законската дефиниција за жена.
Судијата, по пресудата, рече дека ова не е „победа за едната страна над другата“, нагласувајќи дека британскиот закон сè уште ги штити трансродовите лица од дискриминација.
Родовата реформа во Велика Британија стана политичко бојно поле во последниве години, особено во Шкотска, според Би-Би-Си.
Шкотскиот парламент го усвои Законот за признавање на полот со 86 гласа „за“ и 39 „против“ во декември 2002 година, во обид да се поедностави процесот во Шкотска за законска промена на полот.
Сепак, британската влада потоа го блокираше нацрт-законот, тврдејќи дека тој ќе влијае на законите за еднаквост низ цела Велика Британија.
Ова предизвика правна битка што заврши до судот во Единбург, каде што беше отфрлен предизвикот за вето на шкотската влада.
Би-Би-Си наведува дека оваа пресуда речиси сигурно ќе има импликации врз политичките партии на ниво на Велика Британија.
Свет
Лекари без граници: Појасот Газа се претвори во масовна гробница

Појасот Газа се претвори во масовна гробница на Палестинци и оние кои се обидуваат да им помогнат, објави денес организацијата „Лекари без граници“.
Сведоци сме на уништување и присилно раселување на целото население на Газа, се наведува во соопштението.
Палестинските власти соопштија дека 13 лица се убиени во новите израелски воздушни напади.
Се известува дека во Рафа, на југот од Појасот Газа, израелската армија продолжила да урива куќи, пренесува Ројтерс.