Свет
Финска ја обвини Русија: Користат тактики за хибридно војување

Русија користи тактика на хибридна војна за да ги турка мигрантите преку финската граница.
Финската гранична полиција вели дека во последните месеци е зголемен бројот на луѓе што преминуваат од Русија во југоисточна Финска, без соодветни документи.
Иако вкупните бројки сè уште се ниски, сепак има нагло зголемување за релативно краток временски период.
Од крајот на август пристигнале 91 лице, а во понеделникот граничната стража соопшти дека пристигнале уште 39 лица.
Граничната патрола соопшти дека мигрантите се претежно Сиријци, Турци и Сомалијци.
Претходно, руските власти не дозволуваа никој да доаѓа на финските гранични премини, без соодветни документи или виза, но таа тактика сега е променета.
„Последниве месеци дејствата на руските власти, барем на границата со југоисточна Финска, се променија на таков начин што, за разлика од порано, дозволија патување и покрај недостигот на документи“, соопшти граничната стража.
Финскиот министер за одбрана, Анти Хаканен, ја обвини Русија за намерно возење мигранти кон граничната зона како форма на хибридна војна и рече дека ќе ги информира генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, и ЕУ за ситуацијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Пленковиќ: Хрватска не тргува со оружје и воена опрема со Израел

Хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ, денеска негираше дека Хрватска тргува со оружје со Израел, одговарајќи на барањето на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ до владата да престане да тргува со оружје и воена опрема со таа земја.
Кога беше замолен да ја коментира изјавата на Милановиќ, Пленковиќ рече дека „нема трговија со оружје и воена опрема со Израел“, пренесува ХИНА.
Хрватското Министерство за одбрана во саботата објави дека официјален Загреб во моментов не набавува оружје за хрватската армија од Израел.
Свет
Силна бура погоди неколку области на Кина

Поројни дождови и бури погодија неколку области на Кина во текот на викендот, предизвикувајќи евакуација на над 300 жители во областите на градот Жаокинг во јужната покраина Гуангдонг и уривање на десетици патишта, објавија денеска кинеските медиуми.
Во таа област се урнаа 54 патишта, а издадени се предупредувања за зголемен ризик од поплави, објави агенцијата Синхуа.
Според метеоролозите, во градскиот округ Нанфенг се забележани рекордни врнежи од дожд од 258,7 милиметри.
Свет
Полска ги продолжи граничните контроли со Литванија и Германија до 4 октомври

Граничните контроли со Германија и Литванија што Полска ги воведе во периодот од 7 јули до 5 август ќе бидат продолжени до 4 октомври, објави денес полското Министерство за внатрешни работи.
Според полскиот министер за внатрешни работи, Марчин Кјервински, причината за ова е континуираната загриженост за нелегалната миграција, објавува „Еуроњуз“.
Зголемените безбедносни мерки ја направија рутата низ Белорусија и Русија во голема мера непроодна, поради што мигрантското движење сè повеќе се движи кон други земји од ЕУ, особено Литванија и Латвија, според „Еуроњуз“.