Контакт

Македонија

Државата должи 1,2 милион евра за ДДВ на „Еуроникел“, Синдикатот ги бара за плати на 800 вработени

Објавено пред

Само за август Управата за јавни приходи должи 1,2 милион евра за поврат на ДДВ на кавадаречката фабрика „Еуроникел индустри“, чии 800 вработени сѐ уште немаат земено плата за октомври и покрај тоа што денес истекува законскиот рок за исплата. Миле Ѓорѓиев, претседател на Синдикатот на „Еуроникел“, вели дека државата доцни речиси еден месец со исплатата во услови кога се заканува целосно гасење на печката, која сега работи само на одржлив минимум.

dobivaj vesti na viber

„Доколку сака, државата може многу да помогне за 800 вработени да не останат на улица и наеднаш 800 семејства да не станат социјални случаи. Во овој момент нема друг начин да се исплатат платите. Директорот Димитриос Пасхос побарал од банката повеќе да не се прават плаќања оти се откажува од фирмата. Бев на средба со Хари Костов и наидов на разбирање, рече дека е подготвен да овозможи исплата на платите доколку државата го исплати ДДВ-то. Се работи за поврат на ДДВ за август во износ од 1,2 милион евра, а нашите плати заедно со придонесите се 580.000 евра. Овие пари УЈП требаше да ни ги исплати заклучно со 19 октомври, немаме објаснување зошто се доцни. Бевме и на средба со вицепремиерот Фатмир Битиќи, му објаснивме дека Владата, доколку сака, може да ни помогне да исплатиме плати, а што е уште поважно – со тие пари ќе обезбедиме и струја, оти снабдувачот ЕДС вечерва на полноќ ќе ни ја изгаси и струјата, го раскинува договорот. Ако се изгаси печката, се запечатува судбината на фабриката оти повторното нејзино ставање во употреба е долг и скап процес“, вели претседателот на Синдикатот, Ѓорѓиев.

За преземање на фабриката, според вработените, има најмалку двајца заинтересирани. Едниот е подготвен да ги задржи вработените, а другиот поставил услов фабриката да оди во стечај, па потоа да ја преземе.

„Немаме официјална потврда, но до нас допре информацијата дека еден од поранешните директори, Константинос Даскалакис, сака да ја преземе. И за тоа разговарав со банката, Костов нема против преземањето доколку се обезбедат сите согласности и доколку новиот сопственик исплати сѐ она што треба да го плати. Синдикатот ја поддржува оваа опција. Не ни е битно името на новиот сопственик, битно е фабриката да работи и сите вработени да останат на работа, да нема стечај“, вели Ѓорѓиев.

Тој денес испрати уште едно писмо со апел до Владата да се исплати ДДВ-то. Пари што ќе помогнат за плати на вработените додека не се донесе одлука за евентуален нов сопственик. Помош на вработените вчера им вети и премиерот Димитар Ковачевски онолку колку што може Владата да помогне во приватна компанија, но сѐ уште нема конкретни чекори иако долгот на државата може да ги покрие платите на вработените.

„Макфакс“ испрати официјални прашања за исплата на ДДВ-то на „Еуроникел“ до Управата за јавни приходи. Од таму најавија одговори откога ќе направат дополнителни проверки за даночниот обврзник.

Раководството на „Еуроникел индустри“ со недели не одговора на прашањата од „Макфакс“ за состојбите во фабриката и за неизвесноста за вработените, кои повторно најавуваат протести и блокирање улици доколку не се најде решение, а подготвуваат и кривична пријава за измама за актуелното раководство.

Македонија

Постои сомнеж дека пожарот во Дрисла е подметнат

Објавено пред

Скопската противпожарна бригада со сити сили се обидува да го локализира пожарот во депонијата Дрисла. Направен е противпожарен појас за да не се дозволи на огнот да тргне кон блиската трева, грмушки и шума од горната страна на депонијата., информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

dobivaj vesti na viber

Како што додаде, постојат сомненија дека пожарот бил предизвикан намерно.

„Ќе потсетам само дека летово имавме рекордно високи температури но Дрисла не се самозапали“, рече Ангелов.

Противпожарните возила и дополнителните цистерни од „Комунална хигиена“ интервенираат на терен, а пожарот сè уште не е целосно локализиран.

Командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Звонко Томевски посочи дека станува збор за посериозен пожар од поголеми размери, при што постоела опасност огнот да се прошири.

Прикажи повеќе...

Македонија

Филипче од Париз: Потребен е проактивен пристап и политички консензус за напредок кон ЕУ

Објавено пред

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во рамки на еднодневната работна посета оствари повеќе средби со високи француски политички претставници, на кои во фокусот на разговорите беа реформската агенда и предлог Резолуцијата на СДСМ, како гаранција за заштита на националните интереси и решение за деблокирање на преговите со ЕУ.

dobivaj vesti na viber

Филипче одржа работна средба со пратеничката и потпретседателка на групата за пријателство Франција – Северна Македонија во француското Собрание, Лилиана Танги, со шефот на Канцеларијата за соседство, проширување и одбрана при Генералниот секретаријат за европски прашања, Жозеф Жустиниани, како и со директорот за Континентална Европа при Министерството за Европа и надворешни работи, Брис Рокфеј и со специјалниот претставник за Балканот, Рене Троказ.

На состаноците беше истакната поддршката од Франција во процесот на евроинтеграција, но и потребата од брзи резултати во исполнување на обврските и работа на реформите.

Филипче ги презентираше позициите на СДСМ и истакна дека партијата има проактивен пристап и работи на решенија за деблокирање на евроинтеграцискиот процес. Тој нагласи дека во завршна фаза е подготовката на Резолуцијата, со која ќе се потврдат националните црвени линии – македонскиот јазик, култура и идентитет, како и механизми за справување со евентуални непринципиелни барања што излегуваат надвор од Преговарачката рамка.

Во разговорите беше потенцирано дека во Европската Унија постои јасен консензус за проширувањето, и дека тоа е можност која Македонија мора да ја искористи. Француските претставници пренесоа очекувања дека нашата земја треба да направи напредок во евроинтеграцискиот процес, како што тоа веќе го прават државите од регионот, особено Албанија и Црна Гора.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Пожар на депонијата Дрисла, Ангелов смирува дека не е алармантно, но е сложено поради хемиските процеси

Објавено пред

Пожар избувна на депонијата Дрисла.

dobivaj vesti na viber

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, рече дека пожарот не е алармантен, а скопската противпожарна бригада работи на негово гаснење.

Сепак, како што објаснува Ангелов, гаснењето на било која депонија е сложен процес поради хемиските и биолошките процеси кои се одвиваат во внатрешноста на депонијата како резултат на кои се создаваат запаливи гасови.

(Фото: илустрација, архива)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Постои сомнеж дека пожарот во Дрисла е подметнат

Скопската противпожарна бригада со сити сили се обидува да го локализира пожарот во депонијата Дрисла. Направен е противпожарен појас за...

Македонија6 часа

Пожар на депонијата Дрисла, Ангелов смирува дека не е алармантно, но е сложено поради хемиските процеси

Пожар избувна на депонијата Дрисла. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, рече дека пожарот не е алармантен,...

Македонија10 часа

(Видео) Филипче во Франција: Резолуцијата е гаранција за заштита на националните интереси

Македонија мора да продолжи по европскиот пат, активно, со резултати и визија, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко...

Македонија10 часа

Нема казни за институциите што до 29 септември нема да стават црвени таблички на службените возила, ќе го направат тоа при регистрација

Институциите што до 29 септември нема да ги сменат табличките на службените возила за да се спречат приватни и партиски...

Економија10 часа

Поскапуваат бензините и дизелот

Од ноќеска на полноќ цените на бензините и на дизелот ќе се зголемат за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за...

Македонија11 часа

Промовирани новите црвени таблички на службените возила: „Се става крај за нивна злоупотреба во приватни цели“

Службата за општи и заеднички работи – СОЗР ја почна официјалната примена на новите, специјални службени регистарски таблички, со што,...

Топ13 часа

„Ќе ве дигнам на клоци“, „Ќе ве фрлам од 6. кат“: виш јавен обвинител од Скопје психички малтретирал пет колешки, едната од нив добила анксиозно растројство

Виш јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје им се заканувал и вршел континуирано психичко насилство врз пет вработени жени,...

Топ13 часа

МВР со детали за опожарениот автомобил на Галетановски: зафатени биле уште две возила

Денеска, во СВР Скопје е пријавено дека на улицата Иван Козаров во Скопје опожарено било патничко возило „бмв“, со скопски...

Македонија13 часа

СДСМ ги осудува криминалниот чин и палењето на возилото на Галетановски: МВР веднаш да го расчисти случајот

СДСМ најостро го осудува криминалниот чин и палењето на возилото на претседателот на Градската организација, Ѓорѓи Галетановски. „Со доаѓањето на...

Топ13 часа

Го запалил глисерот на својот брат, пожарот се проширил на зграда и на возило: уапсен охриѓанец

Ноќеска во 03:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид, од слобода го лишија 52-годишниот З.С. од Охрид. Тој се сомничи...

Македонија14 часа

Два активни пожара во државата, два под контрола, 29 изгаснати

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на Република Северна Македонија се регистрирани вкупно 33 пожари на отворен простор, од...

Македонија14 часа

„И СДС и Димовски признаваат дека во период на изборни циклуси бил следен и прислушуван Мицкоски“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Скандалот со прислушкувањето на АНБ и АР на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, новинари, бизнисмени добива се поголеми размери. И СДС и...

Регион17 часа

(Видео) Силен земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 5,3 степени го погоди грчкиот остров Евија во текот на ноќта и беше силно почувствуван во...

Свет17 часа

Посетата на САД ќе стане поскапа за странските патници од 30 септември

Патниците кои планираат да ги посетат Соединетите Американски Држави наскоро ќе се соочат со повисоки трошоци бидејќи повисоките такси за...

Свет17 часа

Голема победа за Трамп: Врховниот суд пресуди дека може да продолжи со рациите во Лос Анџелес

Врховниот суд на САД пресуди дека федералните рации за имиграција во Лос Анџелес можат да продолжат, укинувајќи ја претходната забрана...

Европа17 часа

Медведев обвини земја членка на ЕУ дека подготвува напад врз Русија

Заменик-претседателот на Рускиот совет за безбедност, Дмитриј Медведев, тврди дека денешна Финска, со поддршка на НАТО, води „конфронтациска политика на...

Свет24 часа

(Видео) Расте бројот на жртви во судирот на воз и автобус во Мексико: десетици повредени

Најмалку десет лица загинаа, а 61 се повредени откако товарен воз удри во двокатен автобус северозападно од Мексико Сити, соопштија...

Свет1 ден

Израел: Моќен ураган ќе ја погоди Газа, а покривите на терористичките облакодери ќе се тресат

Израел им порача на жителите на Газа веднаш да го напуштат градот откако предупреди дека ќе ги интензивира воздушните напади...

Европа1 ден

(Видео) Падна француската влада

Францускиот премиер Франсоа Бајру го изгуби гласањето за доверба што самиот го побара за својата влада. Француското национално собрание гласаше...

Македонија1 ден

(Видео) Полицискиот хеликоптер денеска фрли повеќе од 30 тони вода врз дел од пожарите

Денеска полицискиот хеликоптер Бел 412 беше ангажиран во два наврати за гасење пожар во реон на село Русиново и во...