Македонија
Милошоски да се извини за лагите на анкетната комисија за Онкологија, ДПМНЕ е демантирана, вели пратеникот од СДСМ, Коциќ
На денешната седница на анектната комисија за случајот на Онкологија, пратеникот на СДСМ, Ненад Коциќ, презентира докази како Антонио Милошоски од ДПМНЕ ја лаже јавноста. Коциќ побара извинување од Милошоски за изнесените лаги.
„На минатата седница на анкетна комисија пратеникот Антонио Милошоски за време на процедурална забелешка прочита одлука на Влада за која тврдеше дека станува збор за наводна намера на Владата да дозволи уништување доказен материјал на Клиниката за онкологија притоа наведувајќи свои лични квалификации. Врз основа на Законот за пристап до информациите побаравме и добивме документ за каква одлука се работи. Еве го тој документ. Нека го види и јавноста. Овој документ го демантира Милошоски, ја демантира ДПМНЕ и го покажува нивното вистинско лиц“, рече Коциќ.
Според него, не се работи за одлука за расходување потрошен и дотраен материјал, како што Милошоски лажно тврдел, туку станува збор за медицинска опрема – два кревета во вредност од 0 денари, шест стола во вредност од 0 денари, медицински апарат – 0, медицински апарат – 0 денари и уште еден медицински апарат – 0 денари.
„Значи, се врши избор на рецициклирање и уништување отпад. Ова е уште една потврда дека целта на ДПМНЕ со анкетната комисија воопшто не е ништо друго, освен да се опструира истрагата и да се пласираат невистини. Освен манипулирање на јавноста и злоупотреба на случајот, ДПМНЕ нема друга намера. Се изведуваат невистини, инсинуации, клевети, сѐ со една цел – создавање страв кај граѓаните и недоверба во институциите. Очигледно целта на ДПМНЕ не е правда, туку манипулација“, додава тој и вели:
„Бараме пратеникот Милошоски јавно да се извини за манипулациите на македонската јавност. Исто така, бараме да се одложи почетокот на седницата додека пратеникот не ѝ се извини на македонската јавност. Злоупотребата на работата на анкетната комисија мора да прекине“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Без струја делови од општините Карпош, Ѓорче Петров и Кисела Вода
ЕВН Македонија, известува дека поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа денеска без напојување со електрична енергија ќе останат делови од општините Карпош, Ѓорче Петров и Кисела Вода.
– Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците дел од ул. Козле, дел од објектите над КАМ-маркет кон Центар во општина Карпош;
– Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците на ул. Ѓорѓи Андреевиќ и ул, Горно Лисиче во општина Ѓорче Петров;
– од 09:30 до 13:00 часот, корисниците на ул Јабланица бр.101А во општина Кисела Вода.
Македонија
Прекинато водоснабдување за жителите на улицата Петричка 11 во Скопје
Центарот за управување со кризи известува дека денеска поради уличен дефект ф-80 мм на ул. Петричка 11, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Скопје
Студентите на протест поради јавниот превоз, бараат и набавка на нови автобуси и велосипедска инфраструктура
Универзитетското студентско сообрание (УСС-УКИМ) за утре, 22 ноември, најавува протест поради проблемите со јавниот превоз што ќе се случува од 14 часот пред Стара Пошта и ќе продолжи во 14.30 часот пред Град Скопје.
Организаторите ги повикаа сите да излезат на протестот и да го искажат незадоволството.
По спроведената анкета на која одговориле 3.568 студенти, 85 отсто од нив рекле дека во последните денови чекаат автобус повеќе од 15 минути, а 66,7 проценти од нив, чекаат автобус над 20 минути.
Дополнително, 93,6 отсто од студентите не се задоволни од квалитетот на јавен градски превоз во градот, а 66,7 проценти изјавиле дека од истите воопшто не се задоволни од истиот.
Дополнително, организаторите на протестот апелираат на воспоставување на нови и ефикасни транспортни решенија и конечно отпочнување на предвидените инфраструктурни проекти најавени во градоначалничката предизборна програма, но и од страна на претходните градоначалници.
Конкретно, барањата се следните: Продолжување и финализирање на проектот за Bus Rapid Transit; Воведување на градска железница со искористување на постоечките капацитети и изградба на пруга до Аеродромот Скопје; Отпочнување и финализирање на предвидените инфраструктурни проекти (Јужен Булевар, бул. Хрватска, бул. Србија, мостот кај Хотел Русија, продолжување на бул. Климент Охридски преку Вардар, под Кале до бул. Никола Карев, продолжување на бул. Илинден, Источна обиколница), Набавка на нови автобуси и отворање на нови автобуски линии; Надградба на велосипедската инфраструктура и промоција и поддршка на алтернативни видови на транспорт.