Спорт
Леклер на пол-позицијата во Лас Вегас
Foto/ EPA
Возачите на Ферари, Шарл Леклер и Карлос Саниц беа најбрзи во квалификациите пред трката за Големата награда на Лас Вегас.
Шарл Леклер 23. пат во кариерата ќе стартува од пол-позицијата. Проблем за него е што од претходните 22 пол-позиции забележал само четири победи. Возачот од Монте Карло до првото место дојде со круг 1:32.726 минути.
Доминацијата на Ферари во квалификациите ја потврди Карлос Санц кој го освои второто место. Сепак Шпанецот трката ќе ја започне од 12.позиција. Менуваше делови на својот болид поради што доби казна од 10 позиции.
Вториот стартен ред за утрешната трка го формираа актуелниот светски првак Макс Ферстапен и возачот на Мерцедес Џорџ Расел.
Квалификациите ги обележаа и возачите на Вилијамс, Алекс Албон и Логан Сарџент. Прв пат сезонава двајцата влегоа во третата квалификациска сесија. Трката ќеја започнат од шестото и седмото место, пред нив е Пјер Гасли од Алпин.
Меѓу десетте најбрзи на тренингот беа и Валтери Ботас (Алфа Ромео), Кевин Магнусен (Хас) и Фернандо Алонсо (Астон Мартин).
Разочарувачки квалификации во „градото на гревот“ имаа возачите на Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пјастри кои испаднаа уште во првата сесија, односно Луис Хамилтон и Серхио Перез. Овие двајца за „влакно“ не влегоа во третата сесија.
Хамилтон за десеттата позиција доцнеше 28, а Перез 46 илјадити делови од секундата.
Трката за Големата награда на Лас Вегас, утре ќе започне во 7 часот по средноевропско време.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Португалија и Норвешка ремизираа на ЕП
Португалија и Норвешка 0диграа без победник 35:35, во натпревар од четвртото коло, во Групата 1 на Европското првенство.
Динамичен и квалитетен натпревар одиграа двете репрезентации во Хернинг. Норвешка го контролираше натпреварот до 42.минута, кога Португалците ја презедоа иницијативата.
Во последните девет минути Португалците влегоа со предност од три гола, но не успеаја да победата. Се самоуништија во последните пет минути кога не реализираа два удари од седум метри.
На крајот можат да бидат задоволни со освоениот бод, бидејќи Лисе не успеа да реализира за Норвешка во последниот напад.
Уште еднаш, Педерсен беше најдобар за Норвежаните, кои сега постигнаа десет гола, додека Андерсон имаше еден гол помалку.
За Португалија, Лукас Фраде блескаше со 11 гола, Соуза имаше шест, додека браќата Коста постигнаа по четири гола. Гоеми залуги за освоениот бод има и голманот Валеро, имаше 12 одбрани, 10 од нов во второто полувреме.
И Норвешка и Португалија сега се на три бода, со минимални шанси некако да освојат едно од првите две места.
Во последното коло, Португалија ќе игра против Шпанија, додека Норвешка останува да се соочи со Данска.
Спорт
Бразилците сакаат да го задржат Анчелоти
Претседателот на Бразилската фудбалска конфедерација (CBF), Самир Шауд, изјави дека италијанскиот тренер Карло Анчелоти би можел да остане селектор на националниот тим.
Анчелоти ја презеде репрезентацијата на Бразил во мај минатата година. Италијанскиот стручњак има договор со CBF до крајот на Светското првенство.
„Разговорите веќе се во тек, а двете страни се заинтересирани за продолжување на соработката. Продолжувањето на договорот пред почетокот на Светското првенство е многу важно за бразилскиот фудбал. Секогаш велев дека верувам во среднорочни и долгорочни проекти. Анчелоти го потврди својот квалитет и компетентност за кратко време. Тој е совршен за бразилската репрезентација. Сакаме да му дадеме повеќе време да работи во бразилскиот фудбал“, рече Шауд за италијанската веб-страница „Туто Меркато“.
Анчелоти ја водеше бразилската репрезентација осум натпревари.
Foto/ depositphotos
Спорт
Рој Кин: Карик не е вистинскиот човек за Јунајтед
Мајкл Керик со Манчестер Јунајтед забележа две импресивни победи, над Манчестер Сити и Арсенал, но легендарниот капитен на „црвените ѓаволи“, Рој Кин, не е премногу импресиониран. Рој Кин е убеден дека Мајкл Карик е вистинскиот човек за „црвените ѓаволи“.
„Два одлични натпревари, но секој може да победи на два натпревари. И да ги добие Јунајтед сите натпревари до крајот на сезоната, не би го задржал. Не сум убеден дека тој е вистинскиот човек за менаџер на Манчестер Јунајтед. Апсолутно не“, рече Кин и додаде:
„Им треба познат и подобар тренер. Толку голем клуб, толку големи предизвици во следните неколку години, ви треба тренер за кој сметате дека може да ви ја донесе титулата во Премиер лигата. Дали ќе седиме тука и ќе велиме дека Мајкл Карик може да му донесе титули на Јунајтед? За мене, тоа не е доволно. Не верувам дека тој е тој човек.“
Тој не само што критикуваше, туку имаше и пофалби.
„Со оглед на тоа каде беа и каде се сега, тие вратија малку дрскост, смиреност во играта. Два брилијантни гола, играчите од клупата имаа големо влијание. Навивачите можеа да се слушнат, како во добрите стари времиња. Карик заврши навистина добра работа. Два брилијантни натпревари, вистински квалитет“, рече Кин.
Јунајтед моментално е четврти во Премиер лигата со 38 бода.
Foto/ depositphotos

