Свет
Шефот на Хамас тврди дека договорот за примирје со Израел е блиску, се обелоденуваат првите детали
Шефот на Хамас изјави за „Ројтерс“ дека палестинската милитантна група е блиску до договор за примирје со Израел иако смртоносниот напад врз Газа продолжува и ракетите се лансирани кон Израел.
„Претставниците на Хамас се блиску до постигнување договор за примирје со Израел и ние го доставивме нашиот одговор до катарските посредници“, рече Исмаил Ханије во изјавата што неговиот помошник ја испрати до „Ројтерс“, пренесува „Хрватски индекс“.
Во соопштението не се дадени повеќе детали, но претставник на Хамас за ТВ „Ал џезира“ изјави дека разговорите биле фокусирани на тоа колку долго ќе трае примирјето, потоа договорите за испорака на помош во Газа и размена на израелски заложници што ги држел Хамас за палестинските затвореници во Израел.
Двете страни ќе ги ослободат жените и децата, а деталите ќе ги соопшти Катар, кој посредува во преговорите, изјави функционерот Исат ел-Решик. Хамас зеде околу 240 заложници за време на неговото дивеење во Израел на 7 октомври, во кое беа убиени 1.200 луѓе.
Мирјана Шпољариќ-Егер, претседател на Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК), вчера се сретна со Ханије во Катар за да ги „унапреди хуманитарните прашања“ поврзани со конфликтот, се вели во соопштението за печатот на МКЦК со седиште во Женева. Таа исто така одделно се сретна со катарските власти.
МКЦК рече дека не е дел од преговорите насочени кон ослободување на заложниците, но како неутрален посредник е подготвена „да го олесни секое идно ослободување договорено од страните“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бебето кое исчезна од породилиштето во Виена е пронајдено мртво во корпа за ѓубре, уапсена мајката
Бебето кое исчезна вчера од болница во Виена утрово е пронајдено мртво во корпа за отпадоци во близина на болницата, пишуваат австриските медиуми.
Како што соопштија истражителите, доенчето било завиткано во најлонска кеса, а мајката (29) на еднонеделното бебе е уапсена.
Вчера медицинската сестра забележала дека бебето не е во собата, а не била ниту мајката, па била повикана полиција која веднаш почнала интензивна потрага.
Ги проверувале сите автомобили, дури и ранците на велосипедистите, а во потрагата учествувале и кучиња трагачи. Во текот на вечерта мајката била сослушана во полиција. Што им кажала се’ уште не е познато.
Сослушан е и наводниот татко на детето, чие татковство мајката не сакала да го признае, велат од полицијата. Тој не е осомничен за кривичното дело.
Свет
Министерство за одбрана на Русија: Сите бојни глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта
Руското Министерство за одбрана соопшти дека сите бојни глави на балистичката ракета со среден дострел „Орешник“ стигнале до украинскиот воено-индустриски комплекс во Днепро (поранешен Днепропетровск).
„На 21 ноември 2024 година, како одговор на употребата на американско и британско оружје со долг дострел против објекти на територијата на Руската Федерација, вооружените сили извршија комбиниран напад врз еден од објектите на воено-индустрискиот комплекс. Нападот беше успешно искористен со ненуклеарна хиперсонична опрема“, се наведува во соопштението.
Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот вечерта објави дека Украина употребила западно оружје со долг дострел против руската држава поради што регионалниот конфликт доби елементи на глобален.
Тој исто така рече дека еден од најновите руски ракетни системи со среден дострел, балистичката ракета „Орешник“, бил тестиран во борбени услови.
Свет
Песков: Русија покажа способност да одговори на акциите на Западот
Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија покажала способност да одговори на акциите на Западот со употреба на балистички ракети и оцени дека американската администрација во заминување продолжува да го следи патот на ескалација на конфликтот во Украина.
„Гледаме дека администрацијата во заминување на американскиот претседател Џозеф Бајден претпочита да оди понатаму по патот на ескалацијата и тоа го прави со прилично непромислена ескалација“, им рече Песков на новинарите.
Според неговите зборови, рускиот претседател Владимир Путин бил и останува отворен за контакти во врска со решавањето на украинскиот конфликт и транзицијата кон мирен пат.