Спорт
Сонародник на Анчелоти ќе го преземе Реал

Реал Мадрид е во потрага по тренер кој на крајот од сезоната ќе го наследи Карло Анчелоти, кој кариерата (веројатно) ја продолжува како селектор на бразилската репрезентација.
Наводно Чаби Алонсо е прв кандидат, а се шпекулираше и со враќањето на Зинедин Зидан, но шпанските медиуми во вторинкот објавија дека сонародник на Анчелоти ќе биде новиот тренер.
Според Шпанците, Флорентино Перез вече се договорил со менаџерот на Брајтон, Роберт де Зерби.
Италијанецот минатата сезона го презеде Брајтон и ги предводеше до шестото место во Премиер лигата, што им донесе пласман во Лига Европа.
Она што е особено импресивно е неговиот напаѓачки стил на игра кој го имплементира во тимот откако го наследи од Греам Потер.
Поради својата стручност и начинот на кој го води тимот, Пеп Гвардиола веќе го именуваше за свој наследник во Манчестер сити, но се чини дека за него сонуваат и Реал Мадрид.
Перез во него гледа тренер кој ќе го преземе тимот по тековното подмладување и ќе стане доминантна сила во европскиот фудбал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ренџерс добија засилување од Борнмут

Глазгов Ренџерс добија нов десен бек. На едно годишна позајмица од Борнмут во Глазгов пристигна 25-годишниот Макс Аронс.
Аронс ја помина претходната полусезона во Валенсија, каде што одигра само четири настапи.
Поранешниот млад репрезентативец на Англија се наметна во дресот на Норич, со кој двапати избори промоција во Премиер лигата. Потоа, во 2023 година, потпиша за Борнмут во трансфер вреден седум милиони фунти.
Во првата сезона, тој одигра 20 натпревари за „црешите“, но во наредната сезона одигра само три натпревари.
Спорт
Ал Наср го отпушти Сетфано Пиоли

Италијанецот Стефано Пиоли повеќе не е тренер на саудискиот фудбалски клуб Ал Наср.
„Пиоли и неговите соработници повеќе не се во тренерскиот штаб на првиот тим“, се вели во соопштението на Ал Наср.
Италијанските медиуми шпекулираат дека Пиоли ќе се врати во Италија и ќе ја преземе Фиорентина.
Тој ја водеше Фиорентина две сезони, до 2019 година, а потоа пет години го водеше Милан, со кого ја освои титулата во Серија А. Тој го напушти Милан на крајот од сезоната 2023/24 и го презеде Ал Наср неколку месеци подоцна, кога Луис Кастро беше отпуштен.
Договорот на играчот на Ал Наср, Кристијано Роналдо, со клубот истекува во понеделник, но јасно е дека Португалецот ќе ја продолжи соработката.
Ал Наср не бил шампион од 2019 година, а откако Роналдо пристигна пред две и пол години, клубот смени три тренери.
Тимот го освои третото место во првенството оваа сезона и ќе игра во Азиската Лига на шампиони.
Спорт
Хендерсон се договорил со Нотингем Форест

Џордан Хендерсон ќе биде првото засилување на Нотингем Форест во летниот преоден рок.
Поранешниот англиски репрезентативец и легенда на Ливерпул постигна принципиелен договор со „шумарите“. Наскоро ќе потпише двегодишен договор.
Хендерсон се враќа во Премиер лигата по три години. Претходно играше за Ал Етифак во Саудиска Арабија и Ајакс.