Спорт
Сан Марино испиша историја на репрезентативниот фудбал – постигнаа гол на последните три натпревар
Репрезентацијата на Сан Марино очекувано со десет порази во десет натпревари ги заврши квалификациите за ЕП, но и покрај тоа постигна историски успех. На последните три квалификациски натпревари во групата, Сан Марино постигна по еден гол, што досега никогаш не се случило.
Рперезентативците на Сан Марино во последните три кола доживеаја порази од Данска (2:1), Казахстан (3:1) и Финска (2:1).
За ваков историски успех на Сан Марино, гол на три натпревари во низа е заслужен Берарди кој против Финска реализираше пенал во 97.минута.
Сан Марино, инаку 207. и последна репрезентација на ФИФА листата, квалификациите за ЕП ги заврши со гол разлика 3:31.
Во својата историја, Сан Марино има одиграно 194 натпревари и има само една победа, во пријателскиот натпревар против Лихтенштајн во 2004 година. Осум пати има одиграно нерешено, а најголем успех на Сан Марино е нерешениот резултат против Турција во 1993 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Мабапе со два гола и асистенција го растури Атлетик
Фудбалерите на Реал Мадрид го победија Атлетик во Билбао со 3:0, во 15-то коло од Ла Лига.
Централна фигура на натпреварот беше незапирливиот Килијан Мбапе, кој постигна два гола и забележа асистенција, во триумфот што го врати Реал на бод минус од лидерот Барселона.
Килијан Мбапе во само 24 натпревари оваа сезона, за клубот и репрезентацијата, постигна 30 гола и забележа шест асистенции.
Првиот гол беше потврда за класата на Французинот, ја прифати топката некаде на средината од теренот, потоа започна молскавичен продор, сам против сите, се ослободи од еден, а потоа и од друг бек и ја погоди мрежата на Унаи Симон.
Во 42-та минута, тој несебично со глава го погоди Кававинга, кој потоа се „поклони“ за 2:0.
Мбапе го заврши натпреварот во Баскија мајсторски во 59-та минута со удар од околу дваесет метри во поблискиот агол од голот на Симон, го фати на „спиење“ голманот на Атлетико.
Тоа беше неговиот 16-ти гол во Ла Лига, вториот на листата на најдобри стрелци, Левандовски постигна двојно помалку голови.
Foto/ EPA
Спорт
Мештриќ и Главаш го запреа Еурофарм Пелистер – Загреб ја оствари првата победа во ЛШ
Ракометарите на Загреб, серијата од 11 порази во Лигата на шампионите (девет од нив во оваа сеозна0, ја прекинаа во дуелот со Еурофарм Пелистер. Во Б групата, во 10-то коло, Загреб го победи Еурофарм Пелистер со 27:23. Ова е прв триумф на Загреб во Лигата на шампионите оваа сезона и прв триумф елитното натпреварување уште од 12 февруари кога победи, сензационално кај Пик Сегед со 27:26.
Пелистер добро влезе во натпреварот, му дозволија на Загреб да постигне само еден гол во првите 11 минути од натпреварот. Хрватскиот првак ја истпи предноста на Пелистер до 21-та минута (8:8).
За прв пат Загреб поведе во 22-та минута со голот на Филип Главаш за 9:8, а на полувреме беше 14:12 за домашниот тим.
Почетокот на вториот дел беше сличен на првиот, разликата е таа што Загреб во првите 10 минути направи серија 5:1, за предност 19:13. Клучен човек во таа серија беше голманот Сандро Мештриќ, се истакна, одбрани пет од првите седум удари што одеа кон неговиот гол.
Загреб ја одржуваше предноста до крајот на натпреварот без поголеми проблеми и конечно ја оствари својата прва победа во групата Б.
Најефикасен играч кај Загреб беше Филип Главаш со дури 10 гола, додека Давор Чавар, Ихар Бјалауски и Ивано Павловиќ додадоа по четири. Сандро Мештриќ се истакна на голот со 12 одбрани и 50% процент на успешност. Филип Кузмановски беше најдобар стрелец на Пелистер со седум гола.
Foto/ EPA GEORGI LICOVSKI
Спорт
Баерн замената за Ноер ја најде на „Сан Сиро“
Германскиот великан, Баерн Минхен, замената за Мануел Ноер, ја најде на „Сан Сиро“. Германските медиуми тврдат дека Баерн е подготвен да му понуди профитабилен договор на Мајк Мењан.
Мануел Ноер (40), човек кој ја дефинираше улогата на голманот во модерниот фудбал се подготвува за пензија. На сите во Баерн им е јасно дека неговата форма драматично паѓа. Најдобро тоа се виде во дербито против Арсенал, во Лигата на шампионите.
Прв пик на Баерн за нов голман е 30-годишниот Мењон. Интересот на Баварците е голем бидејќи по завршувањето на сезоната Мењон бесплатно може да го напушти Милан. Поради тоа во Минхен подготвуваат услови што голманот нема да може да ги одбие, барем така тврдат германските медиуми.
Французинот стана член на Милан во 2021 година. Тој пристигна од Лил за нешто повеќе од 16 милиони евра.
За Милан одигра 177 натпревари, на 67 пд нив не прими гол.
Foto/ EPA

