Свет
„Она што се случува во Газа може да се случи и во Либан“: израелскиот министер Ганц со предупредување до Хезболах
Израелскиот министер и член на воениот кабинет, Бени Ганц, ја предупреди милитантната група Хезболах дека „она што се случува“ во северниот дел на Газа може да се случи и во јужен Либан и Бејрут.
„Знаеме како да се справиме со оние што нè напаѓаат, како и со оние што ги испраќаат“, рече Ганц на прес-конференција, пренесува „Тајмс оф Израел“.
Тој рече дека ниту еден напад врз суверенитетот на Израел нема да остане без одговор.
„Ние сме трпелив народ. Израелците успеаја да изградат држава и армија откако го преживеаја холокаустот и не размислуваме „во денови, туку во вечноста“, рече Ганц.
Медиумите потсетуваат дека, денеска, во 10 часот по локално време, треба да стапи во сила примирјето меѓу Израел и палестинското движење Хамас, кое беше договорено со посредство на Катар.
Вчера, израелскиот кабинет официјално ја објави одлуката за прекин на огнот со Хамас наведувајќи дека прекинот на огнот ќе биде ограничен на 10 дена од првото ослободување на заложниците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Орбан рече дека ќе го покани Нетанјаху да ја посети Унгарија: Налогот за неговото апсење е погрешен
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека ќе го покани израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да ја посети Унгарија, велејќи дека налогот за апсење на Меѓународниот кривичен суд (МКС) за Нетанјаху „воопшто нема да биде разгледан“.
Во четвртокот, МКС издаде налози за апсење на Нетанјаху, поранешниот израелски министер за одбрана Јоав Галант и водачот на Хамас Ибрахим Ал-Масри за наводни воени злосторства и злосторства против човештвото.
Орбан, чија земја претседава со ЕУ до крајот на годината, изјави за државното радио дека налогот за апсење на МКС е погрешен.
Свет
Мајката на Борис Бекер пронајдена мртва
Мајката на Борис Бекер, познатиот поранешен тенисер, Елвира Бекер, во четвртокот попладне е пронајдена мртва во својот стан.
Борис Бекер добил итен повик и веднаш отишол кај својата мајка Елвира Бекер (89) и ја нашол мртва.
Елвира Бекер е пронајдена мртва во својот стан во Лајмен, пренесува германски „Билд“.
Boris Becker muss einen herben Verlust verkraften. Die geliebte Mutter des ehemaligen Tennisprofis ist im Alter von 89 Jahren verstorben. https://t.co/HlNjG0hquc
— promiflash (@promiflash) November 21, 2024
„Можам само да потврдам дека Елвира Бекер почина, додека нејзиниот син Борис е во голема жалост“, изјави за Билд адвокатот на Борис Бекер, Оливер Мозер.
Борис Бекер, меѓу другото, е и поранешниот тренер на Новак Ѓоковиќ, најдобриот српски тенисер.
Свет
(Видео) Медведев за лансирањето нова ракета кон Украина: „Го добивте тоа што го побаравте“
Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев во својата објава на социјалната мрежа Х, во врска со рускиот напад врз Украина со хиперсонична балистичка ракета, рече „го добивте тоа што го побаравте“.
„Значи, тоа е она што го баравте? Па, проклето добро сфативте! Напад со хиперсонична балистичка ракета“, напиша Медведев со објавеното видео од нападот, пренесува N1.
So, that’s what you wanted?
Well, you’ve damn well got it!A hypersonic ballistic missile attack pic.twitter.com/lsKQHhMnif
— Dmitry Medvedev (@MedvedevRussiaE) November 21, 2024
Рускиот претседател Владимир Путин синоќа изјави дека Русија, како одговор на нападите на американските и британските ракети со долг дострел, истрелала нова балистичка ракета со среден дострел „Орешник“ на украинска територија, која, како што рече, современите системи немаат начин да се спротивстават.
„Како одговор на употребата на американско и британско оружје, руските вооружени сили извршија комбиниран удар врз еден од објектите на воено-индустрискиот комплекс на Украина“, рече Путин.
Тој објасни дека станува збор за тестирање на најновиот руски ракетен систем со среден дострел, во овој случај хиперсонична балистичка ракета без нуклеарно оружје, која руските ракетни научници ја нарекоа „Орешник“.