Свет
Списокот на Палестинци што ќе ги ослободи Израел: најмладиот има 14 години
Израелската влада вчера се согласи на договор кој вклучува ослободување 150 палестински затвореници и повеќедневен прекин на огнот во замена за ослободување 50 заложници што ги држеше Хамас во Појасот Газа. Тоа примирје стапи во сила утрово.
Според споменатиот договор, Израел ќе обезбеди уште еден ден за прекин на огнот на секои десет дополнителни ослободени заложници.
Израелското Министерство за правда објави список на Палестинци што потенцијално ќе бидат ослободени. Тоа се претежно жени и тинејџери, пренесува „Телеграф“.
Новинарите на „Скај њуз“ имаа пристап до овој документ.
Во него се наведува дека во израелските затвори има околу 300 Палестинци. Од нив, десет проценти или 33 се жени. Повеќето затвореници се 19-годишни или постари.
Меѓу затворениците има и деца, од кои пет се 14-годишни, шест се 15-годишни, 37 се 16-годишни, 76 се на 17 години и 146 штотуку наполниле 18 години.
Меѓу најпознатите личности на списокот е Исра Џабис, која е осудена на десет години затвор, кога на контролен пункт експлодирала боцата со плин што ја имала со неа.
Таа се најде во центарот на вниманието откога побара од Израел да плати за нејзината операција за да закрепне од изгорениците што ги доби за време на експлозијата.
Очекувано, властите го одбија нејзиното барање, пренесува медиумот.
Најмлада меѓу жените е Нофозе Хамад (15). Таа беше осудена за обид за убиство поврзано со терористички активности. Таа е осудена на 12 години затвор кога избоде Еврејка, јавуваат локалните медиуми.
„Децата беа со мојата сопруга кога таа ја нападна. Ние ѝ ветивме дека никогаш повеќе нема да ја видиме. Ветивме дека ќе биде во затвор до крајот на животот“, изјави сопругот чија сопруга ја повреди Нофозе.
Тој додаде дека не знае што ќе се случи ако еден ден неговата сопруга ја отвори вратата „и го види ѓаволот пред себе“.
Иако ниту еден од затворениците што ќе бидат ослободени не е осуден за убиство, меѓу нив има 117 од нив што се обвинети за обид за убиство.
Другите затвореници се осудени за поддршка на тероризам, палење, носење експлозиви и каменување Израелци.
Половина од нив не се поврзани со ниту една терористичка организација, а само 50 од нив се поврзани со Хамас.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во руски напад на Павлоград загинаа 12 лица
Во нападот на руски дронови што утрово беше извршен врз градот Павлоград загинаа 12 лица, а ранети се седуммина, соопшти шефот на воената управа на Дњепропетровската област, Александар Ганжа.
– Непријателско беспилотно летало експлодираше покрај службен автобус на едно од претпријатијата во Павлоградскиот округ. Според прелиминарните информации, 12 лица загинаа, а седуммина се повредени, се наведува во објавата на Ганжа.
Во исто време во руско бомбардирање на градот Славјанск во Доњецката област утрово загина 43-годишна жена, а уште една е ранета.
– Загина 43-годишна жена, жителка на Краматорск. Мое искрено сочувство до нејзиното семејство и пријателите. Една мештанка е повредена, информира началникот на воената управа на Славјанск, Вадим Љах.
Тој потврди дека во нападот се оштетени 14 повеќекатници, три автомобили, филијала на Нова пошта и деловен центар.
Свет
Бројот на жртви во пожарот во Швајцарија се искачи на 41, меѓу жртвите и 18-годишно момче
Почина осумнаесетгодишно момче кое беше повредено во пожарот во барот во Кран-Монтана, соопшти денеска швајцарската новинска агенција Keystone-SDA, повикувајќи се на обвинителството.
Младиот швајцарски државјанин починал во болница во Цирих. Со неговата смрт, бројот на жртви од пожарот во барот „Le Constellation“ во швајцарскиот центар Кран-Монтана се искачи на 41 лице.
Пожарот избувна за време на забава за Нова година, на која присуствувале главно млади луѓе, откако прскалки го запалиле таванот. Пламенот брзо се проширил, а многу луѓе останале заробени во подрумот, не можејќи навреме да побегнат преку тесните скали.
Повеќе од 100 луѓе беа повредени, од кои околу 80 претрпеа тешки изгореници.
Јавното обвинителство води истрага за убиство од небрежност, нанесување телесни повреди и предизвикување пожар.
Свет
Две лица загинаа во најновите руски напади со дронови врз Украина
Маж и жена загинаа во украинскиот град Днипро откако Русија изврши нов бран напади со дронови во текот на ноќта, соопштија денеска официјални лица.
Во нападот избувнал пожар, а една куќа е целосно уништена, изјави воената гувернерка Олександр Ханжа во објава на Телеграм.
Украинските воздухопловни сили соопштија дека Русија во текот на ноќта извршила вкупно 90 напади со дронови низ целата земја, од кои околу десетина завршиле со директни погодоци.
Нападите се случуваат во време кога руски и украински претставници денеска треба да се сретнат во Абу Даби на нови разговори за можен крај на војната.
Разговорите следуваат по слична средба одржана минатата недела, прва по подолга пауза, но овојпат без присуство на американски посредници.
Со цел создавање позитивна основа за разговорите, Русија го прифати барањето на американскиот претседател Доналд Трамп привремено да ги запре нападите врз украинската енергетска инфраструктура, откако претходните напади врз електраните оставија илјадници луѓе без струја, греење и вода, при температури под нулата.
Според Кремљ, ограничениот прекин на огнот треба да трае до денеска.
Во меѓувреме, во Украина продолжуваат работите за обновување на снабдувањето со електрична енергија по вчерашниот прекин, предизвикан од дефект на далноводите.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека околу 1.000 домаќинства и натаму се без греење, откако тешкото руско бомбардирање ја оштети електроенергетската и топлинската инфраструктура на главниот град.

