Спорт
Ѓоковиќ: Ова не ми се случило во 20+ години кариера
Новак Ѓоковиќ вели дека бил шокиран од фактот што луѓето од Антидопинг агенцијата (ВАДА) побарале да направат контрола пред неговиот меч со Камерон Нори.
Ѓоковиќ победи со 6:4, 6:4 и го освои вториот бод, со што Србија се пласираше во полуфиналето, во Дејвис купот.
„Сè уште не сум направил целосна допинг контрола, треба да дадам крв. Имав кратка дискусија со луѓе од антидопинг агенцијата. Не верував дека донеле таква одлука, во 20 и повеќе години од мојата кариера не ми се случило час и половина пред натпреварот да треба да одам на допинг контрола. Имам своја рутина, не ми треба тоа одвраќање, да ми земаат урина и крв, да размислувам дали можам да дадам урун во тој момент“, вели Новак и додава.
„Нелогична ситуација и одлука. Ми рекоа дека мечот ќе заврши доцна па поради тоа решиле контролата да ја направат пред почетокот“.
Ѓоковиќ продолжи под здив:
„Јас го поддржувам тестирањето, ако треба и сто пати, без проблем, но не пред натпреварот. Кога ќе завршам, дојди, тестирај, не гледема никаква причина или логика. Срамота е тоа што го направија. Интересно е и тоа што ВАДА е приватна компанија, треба да се разговара дали треба да имаме своја агенција во рамките на тенискиот екосистем, а не да ангажираме некој однадвор… Веројатно ќе биде погрешно протолкувано, но ова е нечуено. , има некакви граници и разбирање, и се однесуваат како ништо да не разбираат што се случува овде, дека е спорт, туку само „ајде, што е работата, крв даваш, мочаш““.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Одигра за чиста десетка – Меси го однесе Интер во полуфиналето на Истокот
Лионел Меси (38) со брилијантна партија го однесе Интер Мајами во полифиналната Источна конференција во МЛС.
Мајсторката со Нешвил, Интер ја добија со 4:1. Меси имаше два гола и една асистенција.
Меси го отвори резултатот во десеттата минута со шут од земја од малку повеќе од 16 метри, а од слична ситуација погоди и во 39-тата минута. Во 76-та минута, Тијаго Алмада постигна гол за 3:0, а три минути подоцна Меси му асистираше за конечни 4:0.
Освен брилијантниот настап што го одведе Интер Мајами во следната фаза од натпреварувањето, Меси беше оценет на Софаскор со чиста 10.
Меси против Нешвил забележа и јубилеј од 400 асистенции во кариерата.
Спорт
(Видео) „Црните мачки“ го запреа Арсенал
Сандерленд дефинитивно се хит во Премиер лигата на Англија. Вечерва „црните мачки“ ја прекинаа серијата од десет победи во која се наоѓаа фудбалерите на Арсенал.
Во спектакуларен меч на „Стадионот на светслината“, Сандерленд против лидерот одигра 2:2.
Гостите, лидерите на табелата, беа на прагот на победа што ќе ги однесеше на +9 во однос на конкурентите. Им се стемни кога во последната минута од судиското продолжение со акробатски потег гол постигна, Брајан Броби.
Тоа беше првиот гол на Холанѓанецот оваа сезона.
Претходно Балард, фудбалер кој потекнува од академијата на Арсенал, му донесе предност на Сандерленд. Изедначи Сака, а пресврт направи Тросар.
Спорт
Гризман постигна гол 28 секунди откако влезе во игра и реши Леванте
Атлетико Мадрид ја забележа својата четврта последователна, а вкупно шеста победа во последните седум натпревари во Ла Лига.
Во натпреварот од 12-то коло, „јорганџиите“ го победија Леванте со 3:1 на својот стадион.
Антоан Гризман, кој беше двоен стрелец за домашниот тим, постигна гол во 61-та и 80-та минута. Французинот постигна три гола во последните две кола.
Она што ќе се памети од овој натпревар е еден од најбрзите голови постигнати од клупата во историјата на шпанската лига.
Гризман ја затресе мрежата само 28 секунди откако влезе на теренот наместо Бариос. Ова е најбрзиот гол на резервен играч во последните десет години, кога станува збор за Ла Лига.

