Македонија
(Видео) Тасевска: Повеќе пари за македонското културно наследство, СДСМ поднесе измени на Законот за игрите на среќа

Пратениците од СДСМ поднесоа предлог на Законот за изменувањето и дополнувањето на Законот за игрите на среќа и за забавните игри.
Нашат цел e со овие измени дел од парите што се влева во државниот буџет преку игрите на среќа да се намени за зачувување на нашето домашно македонско културно наследство, истакна на денешната прес-конференција Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ.
На овој начин, како што рече, ќе се обезбеди соодветно зачувување на културното наследство во неговата автентична и интегрална форма.
Според неа, создавањето нов кадар за заштита на културното наследство и континуираната едукација на постојниот кадар во заштитата нужно упатува на потребата од дополнителни финансиски средства, со кои ќе се стипендираат кадри на сите три циклуси во образовниот процес.
„Со предлогот на Законот за именувањето и дополнувањето на Законот за игрите на среќа и за забавните игри предлагаме членот 16 да се измени.
Да се овозможи средствата остварени по сите основи од приредувањето на игрите на среќа и на забавните игри да се користат и за јавните установи за заштита на културното наследство преку Министерството за култура и за степендирање дефицитарни кадри во заштитата на културното наследство преку Министерството за образование и наука.
Износот се определува на 50 % од вкупниот приход од игрите на среќа и забавните игри утврден во претходната календарска година, но не помалку од 60 милиони денари и не повеќе од 120 милиони денари.
Бараме поддршка од сите пратеници за донесување на овие измени на законот затоа што придобивките се големи: ќе се надмине проблемот со кадровска дефицитарност на стручниот кадар во заштитата на културното наследство; ќе се создадат стручни кадари, кои ќе бидат подготвени да ги спроведат сложените постапки на непосредна заштита на културното наследсво во согласност со највисоките меѓународни стандарди; ќе се зголеми бројот на заштитени културни добра, ќе се унапредат заштитата, управувањето и одржливото користење на културното наследство; ќе се придонесе кон зачувување на културното наследство како моќен ресурс за развој на целокупното општество, како и за промоција на европските фундаментални вредности и двигател на економскиот и туристичкиот развој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја делови од Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. 1523, објектите на фирмите Пастор, Орнамакс и други во нивна близина, корисниците од бул. Борис Трајковски од бр. 77 до бр. 85, како и корисниците лоцирани помеѓу објектите на фирмите Циле Инжињеринг и Интеграф. (општина Кисела Вода)
Македонија
Шукова: Време е за резултати, уреден Бутел, нови паркови, подобар превоз и вода за сите

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, вчера одржа митинг во Бутел, каде пред жителите порача дека Скопје мора да се гради со дела, а не со празни зборови.
„Вечерва не сум тука само како кандидатка за градоначалничка на Скопје. Тука сум, пред сè, како човек што верува во овој град и во луѓето што го прават Бутел дом,“ изјави Шукова.
Таа се осврна на реалните проблеми со кои се соочува општината запуштеното корито на Серава, недоволната инфраструктура, недостигот на јавен превоз и дотраената водоводна мрежа и истакна дека решенијата веќе се подготвени.
„Серава ќе стане место на кое ќе се гордееме уредено корито, пешачки и велосипедски патеки, зелена зона за сите. Новите паркови и 10.000 засадени дрвја ќе го вратат сјајот што Скопје го имаше пред децении,“ нагласи таа.
Посебен акцент стави и на водоснабдувањето и инфраструктурата:
„Денес, 60 проценти од питката вода се губи во системот. Време е за модернизација и стабилно снабдување со вода за секој дом. Новите мостови, клучки и булевари ќе го поврзат Бутел со целиот град и ќе овозможат безбедно и побрзо движење,“ рече Шукова.
Таа потсети дека во изминатите години градот беше заложник на неработење и популизам:
„Четири години ВМРО-ДПМНЕ ги запоставуваше општините. Време е за резултати, а не за слики и празни зборови. Половина од нашите проекти може веднаш да се реализираат,“ додаде таа.
Во својот говор, Шукова повика на единство и одговорност:
„Бутел не смее да биде изолиран. Бутел е почетна точка на модерното Скопје место каде што се инвестира, се гради и се слуша секој граѓанин.“
Македонија
Претежно облачно со врнежи од дожд, повремено пообилни

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните делови, каде се очекува локално да наврнат и над 25 l/m²дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, повремено пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Во сабота времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет. Потоа следува претежно стабилно време со потпросечни температури за овој период од годината.