Спорт
Писториус би можел да биде пуштен на условна слобода

Јужноафриканскиот параолимпиец Оскар Писториус би можел да биде пуштен на условна слобода по поминати речиси 10 години во затвор за убиство на својата девојка.
На 14 февруари 2013 година, во својот дом во Преторија, Писториус ја застрела својата девојка Рива Стенкамп преку затворена врата од бањата. Пред судот се бранеше дека не знаел дека тоа е неговата девојка, туку мислел дека во куќата влегол крадец.
Обвинителите тврдеа дека 29-годишната манекенка и реална ѕвезда, по расправијата, втрчала во бањата, а Писториус ја убил во напад на бес.
Тој првично беше осуден за убиство од небрежност и доби петгодишна затворска казна, но подоцна Апелацискиот суд ја укина пресудата и го осуди за убиство.
Јужноафриканецот првично беше осуден на шест години затвор, но по жалба на Обвинителството, беше осуден на затворска казна од 13 години и пет месеци.
Писториус испукал четири куршуми во Стинкамп, а како отежителна околност судот наведе дека параолимпиецот не испукал предупредувачки истрел.
Тешките престапници во Јужна Африка мора да издржат најмалку половина од казната за да добијат право на условно ослободување, што го направи 37-годишниот Писториус.
„Сè што можам да кажам е дека сите програми од неговиот поправен план се спроведени. Сега сè зависи од Одборот за условно ослободување“, рече портпаролот на одделот, Сингабахо Ензумало.
Писториус е шесткратен освојувач на златен медал на Параолимписките игри, а влезе во историјата како првиот спортист на кој му се ампутирани двете нозе, кој учествувал на Олимписките игри. Тој трчаше на Игрите во Лондон во 2012 година. користејќи протези од јаглеродни влакна.
Во случај Одборот да му одобри условно ослободување, може да се случи Писториус да не биде веднаш ослободен, туку да биде одреден датум за ослободување. Доколку биде ослободен, Писториус се очекува да живее во луксузниот дом на својот вујко во богатото предградие на Преторија, каде што престојувал за време на судењето за убиство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Центарот на Макаби се сели во НБА?

Кошаркарот на Макаби Тел Авив, Роман Соркин, би можел да ја продолжи кариерата во НБА откако неколку тима покажаа интерес за него.
Соркин импресионираше на Евробаскетот за Израел, со просек од 16,5 поени и 6 скока по натпревар.
Израел го заврши учеството во осминафиналето, со поразот од Грција. Интерес за Соркин покажале Мајами Хит, Њујорк Никс и Портланд Треил Блејзерс, тврди новинарот Иан Бегли.
Инаку, Соркин се пријави на драфтото во 2018 година, но не беше избран.
Минатата сезона, играјќи за Макаби Тел Авив во Евролигата, тој имаше просек од 12,9 поени и 4,1 скока по натпревар, шутирајќи 50,9 проценти од поле.
Спорт
Куртоа си купи ноќен клуб

Тибо Куртоа одлучи да развие бизнис надвор од фудбалскиот терен.
Според белгиските медиуми, искусниот голман одлучил да го купи ноќниот клуб „Версуз“ во Хаселт, на северот од Белгија.
Беше затворен минатиот мај, но сега Куртоа сака да му вдахне нов живот.
Планот е целосно да се реновира, за гостите да имаат максимална атмосфера во форма на удобност, музика…
Капацитетот треба да биде околу 4 илјади луѓе.
Спорт
Проблем за Гвардиола – Мармуш се повреди играјќи за Египет

Лоши вести пристигнаа на „Етихад“ од Африка бидејќи Омар Мармуш ги повреди лигаментите на коленото.
Сериозноста на повредата на египетскиот напаѓач ќе ја утврдат специјалистите во Каиро, а потоа и лекарите и специјалистите од Манчестер Сити на прегледот кога ќе се врати во Англија.
Во четвртата минута од дуелот против Буркина Фасо, Мармуш доби силен удар во коленото. По помошта, тој остана на теренот уште неколку минути и побара измена.
Како што стојат работите сега, Мармуш ќе го пропушти градското дерби против Манчестер Јунајтед во недела.
Foto/ „X“