Македонија
Отворивме сериозна битка со криминалните структури, најголем дел од нив се веќе зад решетки, кажа Спасовски
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прашање за пресметките кои во минатиот период се случија во Скопје, потенцираше дека конечно има разврска со сите нив, имајќи предвид дека тие банди и криминални групи се градени 30 години.
„Се отвори конечно едеш широк фронт на борба од страна на МВР против овие структури и за тоа постојат конкретни факти и докази и арументи. Ако ги погледнете криминалните структури, борбата со трговијата со дрога, борбата со трговијата на оружје, кои се лицата коишто се уапсени, кои се тие коишто се наоѓаат на издржување на казни затвор, тоа се структури кои потекнуваат од тие криминални структури коишто биле во Скопје или државата. Не постојат тешки и лесни кривични дела, нема мали и големи криминалци. Криминалците се криминалци. Во водењето на истрагите за кривичните дела, обезбедувањето на доказите се клучната работа којашто ја имаме, така да воопшто не е важно дали е уапсен за едно кривично дело или второ, важно е да се докаже кривичното дело и да имаме неселективна отворена борба која што впрочем се случуваше во изминатите години. Сами бевте сведоци минатата недела на апсење на еден криминалец на една од тие структури од Грчец, којшто беше уапсен на јавно место во центарот на Скопје.“, потенцираше министерот Спасовски.
Министерот Спасовски истакна дека интензивната борба со крииналот во последниот период резултираше со намалување на севкупниот криминалитет во државата за 11% во 2023 споредено со 2022 година и со зголемување на ефикасност и откривачката дејност на полицијата за 4%.
„Ако погледнете процентуално ќе видите колку е висок процентот на расветлувањето на кривичните дела. Перцепцијата мораме да ја градиме на факти и аргументи. За жал градењето на тие криминални групи и структури трае 30 години. Факт е сега дека отворивме една сериозна битка којашто допринесе да го имате најголемиот дел од тие криминални групи зад решетки, без разлика за какви кривични дела се таму. Интензивно работиме на расчистувањето на овие дела меѓутоа важно е да се приберат доказите. Не може да правиме перцепција за расчистени кривични дела, само за да се задоволи јавноста, без притоа да имаме обезбедени докази.“, потенцираше дополнителни статистички показатели министерот Спасовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во текот на ноќта и утре повремени врнежи од дожд
Под влијание на циклонска активност во текот на ноќта и утре ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.
Како што соопшти УХМР, пообилни врнежи ќе има во југоисточните делови од земјата – над 20 литри на квадратен метар. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, врнежите ќе преминат во снег во повисоките, како и во некои од пониските места.
Во Скопје во текот на ноќта и утре ќе има повремени врнежи од дожд. На околните планини врнежите ќе бидат од дожд и снег.
Македонија
По 8.000 денари за секое бебе во општина Аеродром
Секое семејство со живеалиште во Општина Аеродром кое во текот на 2026 година добило новороденче или посвоило дете до една година, ќе добие еднократна парична помош во износ од 8.000 денари.
-Оваа мерка е наменета како практична поддршка за семејствата, особено во првите месеци од грижата за детето. Општина Аеродром останува посветена на семејствата и на децата, со љубов и внимание кон најмалите, создавајќи средина каде што тие можат да растат среќни, сигурни и поддржани, соопшти Општина Аеродром.
Македонија
Нека е со среќа, нека е аирлија, порача Мицкоски на пуштањето во употреба на реконструираната гимназија „Кирил Пејчиновиќ“
Во Тетово денеска беше пуштена во употреба реконструираната гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ .
На настанот присуствуваше премиерот Христијан Мицкоски кој изрази задоволство што за само неколку месеци со, како што рече, силна и посветена работа, е завршена реконструкцијата на гимназијата.

– Тоа што тогаш можеби делуваше невозможно, денеска е возможно, реално. Сакам да се заблагодарам на градоначалникот, на советниците од Општина Тетово коишто го поддржаа овој проект, да се заблагодарам на Министерството за образование, на сите оние коишто се добронамерници за Тетово и тетовци и што изминатиов период се дел, би рекол, од многуте проекти коишто се реализираат во Општина Тетово, изјави Мицкоски.
На учениците и на наставниците од училиштето тој им посака успеси во работата односно во учењето и, рече, „уште многу успешни тетовчани да произлезат од клупите на ова училиште“.

– Нека е со среќа, нека е аирлија и да ни се множат уште многу вакви успешни проекти, додаде премиерот.

