Свет
На четвртиот ден од прекинот на огнот Израел доби список со последните 11 заложници што ќе бидат ослободени

На четвртиот, последен ден од договореното примирје, Израел го доби списокот со последните 11 заложници, кои треба да бидат ослободени по 52 дена во заробеништво на Хамас.
Палестинската милитантна организација вети дека ќе ослободи вкупно 50 жени и деца киднапирани во Газа во замена за ослободување 150 Палестинци од израелските затвори, освен ако договорот не биде продолжен под нови услови, пишува „Тајмс оф Израел“.
Хамас во неделата објави дека на третиот ден од прекинот на непријателствата со израелската армија ослободи 13 израелски заложници, како и четворица странци – тројца тајландски и еден руски државјанин, објави претходно „Ројтерс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Утре нова рунда американско-руски преговори

Соединетите Држави и Русија утре во Истанбул ќе одржат нова рунда разговори, потврди портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, а пренесува Киев Индипендент.
Во преговорите ќе бидат вклучени и претставници на министерствата за надворешни работи на двете земји. Песков не прецизираше за кои теми ќе разговараат руската и американската делегација.
Разговорите доаѓаат откако американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја покрена иницијативата за прекин на огнот во Украина, и покрај тоа што Русија продолжува да ги бомбардира украинските градови со беспилотни летала и проектили.
Претходните две јавни средби меѓу руски и американски претставници се одржаа во март во Саудиска Арабија. Претходно овој месец, рускиот преговарач Кирил Дмитриев пристигна во Вашингтон за да разговара со американски официјални претставници во име на рускиот претседател Владимир Путин и се состана со Стив Виткоф, специјалниот пратеник на претседателот Трамп за Блискиот Исток, во Белата куќа.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски на 3 април призна дека американските и руските официјални лица воделе приватни разговори за можноста за целосен прекин на огнот во Украина. Киев со недели изразува подготвеност за 30-дневен прекин на огнот како што е предложено од Вашингтон, под услов Русија да ги прифати истите услови.
Сепак, Русија досега го отфрли таквиот договор, согласувајќи се само на делумни прекини на огнот поврзани со енергетската инфраструктура и Црното Море – во замена за обновениот пристап до меѓународните пазари.
Свет
Германскиот министер за финансии: Трговските тензии водат до ризик од рецесија во Германија

Германскиот министер за финансии Јерг Кукис денеска предупреди дека Германија се соочува со ризик од нова рецесија поради трговските тензии што ескалираа по воведувањето на американските царини.
„Евентуален трговски конфликт го зголемува ризикот од рецесија, нема сомнеж во тоа“, изјави Кукис за радио станицата „Deutschlandfunk“.
Германија веќе две години е во рецесија, а трето последователно намалување на економската активност оваа година би било историско.
Извори за Ројтерс изјавија дека германските економски институти се подготвуваат да ја намалат својата прогноза за раст за оваа година на само 0,1 отсто, според проценките кои сè уште не ги вклучуваат најновите царини воведени од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува Танјуг.
Свет
20 загинати во пожар во дом за стари лица во Кина

Најмалку 20 лица загинаа во пожар во дом за стари лица во северна Кина, јавува Анадолија.
Пожарот избувнал во вторникот вечерта во старечки дом во Лонгхуа Тауншип, градот Ченгде, во провинцијата Хебеј.
Кинеската новинска агенција Ксинхуа јавува дека истрагата за причините за пожарот е во тек.