Свет
(Видео) Продолжен прекинот на огнот на Блискиот Исток: Израел ослободи 30 деца
Портпаролот на катарското Министерство за внатрешни работи, Мајед ал-Ансари, објави дека е постигнат договор за продолжување на хуманитарниот прекин на огнот за дополнителни два дена во Појасот Газа.
„Државата Катар објавува, како дел од тековното посредување, дека е постигнат договор за продолжување на хуманитарниот прекин на огнот за дополнителни два дена во Појасот Газа“, рече Ал Ансари.
Young prisoner Omar Abu Mayaleh from the town of Silwan in occupied Jerusalem joyfully reunites with his mother after being released as part of a deal with the Israel occupation state. #Palestine 🇵🇸 pic.twitter.com/vvkmUNhfeD
— Quds News Network (@QudsNen) November 27, 2023
Израел доби список на израелски заложници, кои денеска треба да ги ослободи Хамас, соопшти кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху.
Списокот на заложници во моментот се разгледува и „се доставуваат известувања до семејствата на оние што ќе бидат ослободени по повеќе од 50 дена поминати како заложници во Газа“, се вели во соопштението.
Израел ослободи уште 33 палестински затвореници, од кои 30 деца, како дел од четвртата размена на заложници според договорениот прекин на огнот.
Израелската затворска служба соопшти дека затворениците биле ослободени од затворот „Офер“ на Западниот Брег и од притворниот центар во Ерусалим, со што вкупниот број на ослободени Палестинци од петокот се искачи на 150, пишува „Гардијан“.
Израелската влада одобри ослободување 50 палестински заложници како дел од договорот за продолжување на привремениот прекин на огнот со палестинската милитантна група Хамас во Газа и обезбедување ослободување уште речиси 20 Израелци што ги држеше Хамас во заложништво од 7 октомври, пишува „Тајмс оф Израел“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бебето кое исчезна од породилиштето во Виена е пронајдено мртво во корпа за ѓубре, уапсена мајката
Бебето кое исчезна вчера од болница во Виена утрово е пронајдено мртво во корпа за отпадоци во близина на болницата, пишуваат австриските медиуми.
Како што соопштија истражителите, доенчето било завиткано во најлонска кеса, а мајката (29) на еднонеделното бебе е уапсена.
Вчера медицинската сестра забележала дека бебето не е во собата, а не била ниту мајката, па била повикана полиција која веднаш почнала интензивна потрага.
Ги проверувале сите автомобили, дури и ранците на велосипедистите, а во потрагата учествувале и кучиња трагачи. Во текот на вечерта мајката била сослушана во полиција. Што им кажала се’ уште не е познато.
Сослушан е и наводниот татко на детето, чие татковство мајката не сакала да го признае, велат од полицијата. Тој не е осомничен за кривичното дело.
Свет
Министерство за одбрана на Русија: Сите бојни глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта
Руското Министерство за одбрана соопшти дека сите бојни глави на балистичката ракета со среден дострел „Орешник“ стигнале до украинскиот воено-индустриски комплекс во Днепро (поранешен Днепропетровск).
„На 21 ноември 2024 година, како одговор на употребата на американско и британско оружје со долг дострел против објекти на територијата на Руската Федерација, вооружените сили извршија комбиниран напад врз еден од објектите на воено-индустрискиот комплекс. Нападот беше успешно искористен со ненуклеарна хиперсонична опрема“, се наведува во соопштението.
Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот вечерта објави дека Украина употребила западно оружје со долг дострел против руската држава поради што регионалниот конфликт доби елементи на глобален.
Тој исто така рече дека еден од најновите руски ракетни системи со среден дострел, балистичката ракета „Орешник“, бил тестиран во борбени услови.
Свет
Песков: Русија покажа способност да одговори на акциите на Западот
Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија покажала способност да одговори на акциите на Западот со употреба на балистички ракети и оцени дека американската администрација во заминување продолжува да го следи патот на ескалација на конфликтот во Украина.
„Гледаме дека администрацијата во заминување на американскиот претседател Џозеф Бајден претпочита да оди понатаму по патот на ескалацијата и тоа го прави со прилично непромислена ескалација“, им рече Песков на новинарите.
Според неговите зборови, рускиот претседател Владимир Путин бил и останува отворен за контакти во врска со решавањето на украинскиот конфликт и транзицијата кон мирен пат.