Црна хроника
Кривични против неколку лица од Прилеп и едно од Крушево, на семејна веселба пукале со огнено оружје

СВР Битола – ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против А.И.(28), А.И.(27), Р.И.(23), Х.Б.(26), С.А.(74), Е.И.(30), А.Т.(42), А.Р.(19), С.Р.(44), А.Р., сите од Прилеп и А.А.(46) од Крушево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“, извести МВР.
– На 19.08.2023 на семејна веселба во двор од семејна куќа во село Дебреште, сопственост на Е.И., пријавените пукале од огнено оружје, додадоа од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
При ископ во село Калишта пронајдена експлозивна направа

Вчера во 09.00 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека при ископ во село Калишта, струшко, била пронајдена експлозивна направа.
Екипа од ОВР Струга и пиротехничар од Дирекцијата за штита и спасување извршиле увид и било констатирано дека се работи за артилериска граната 105 мм со потекло од Првата светска војна.
Гранатата била безбедно подигната.
Црна хроника
Тешко повреден мотоциклист од Србија, изгубил контрола и паднал на автопатот Скопје-Велес

Вчера во 15.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Велес, 43-годишниот М.М. од Република Србија, управувајќи мотоцикл „сузуки“ со српски национални ознаки, изгубил контрола и со мотоциклот паднал на коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градксата општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Малолетник истепан во парк во скопски Аеродром

На 13.06.2025 во 22.00 часот во СВР Скопје, 42-годишниот А.Р. од Скопје пријавил дека околу 21.30 часот во парк на подрачјето на општина Аеродром, неговиот малолетен син бил физички нападнат од М.Д. од Скопје.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.