Регион
Родителите на децата убиени во белградското училиште протестираат пред српската влада

Родителите на децата што беа убиени во масакрот во белградското училиште на 3 мај, како и други граѓани, протестираат пред зградата на владата на Србија, јавува „Нова.рс“. Тие се собраа точно во 8.40 часот, времето кога почна масовното пукање во основното училиште „Владислав Рибникар“.
Пред да стигнат до зградата на владата тие запалија свеќи и оставија цвеќе пред училиштето. Нинела Радичевиќ, мајката на убиеното девојче Ана Божовиќ, објасни дека причината за нивното собирање е тоа што Советот на родителите не гласал за вклучување на таткото на едно од убиените девојчиња во ова тело иако тоа е препорака на Министерството за образование.
Тие исто така сакаат да привлечат внимание на неопходноста од спомен на зградата.
„Институциите мора да се вклучат во овој проблем и сакаме да го свртиме вниманието“, рече Радичевиќ.
Таа се пожали дека родителите сѐ уште ја немаат добиено официјалната информација за меморијалниот центар што ја бараат.
„Како мајка на убиено дете, последното нешто што ми треба е меморијалниот центар. Му треба на ова општество“, истакна таа.
Насобраните родители тврдат дека е потребно достоинствено споменување и обнова на училишната заедница врз основа на хуманост и солидарност.
Да потсетиме, ученик од седмо одделение на 3 мај уби уште девет ученици и училиштен чувар во „Рибникар“. Поминаа речиси седум месеци од масовното пукање, а некои родители бараат училиштето да се претвори во меморијален центар. Но, има и друга група родители, кои се против ова, и предлагаат спомен-делот на училиштето да биде влезот во училницата и самата училница.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Шеќеринска: НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум во БиХ

Заменичката на генералниот секретар на НАТО, Радмила Шеќеринска, денес изјави дека алијансата нема да дозволи безбедносен вакуум во Босна и Херцеговина, откако српскиот лидер Милорад Додик објави дека ќе побара од Москва да ја прекине воената мисија ЕУФОР во таа земја.
Шеќеринска изјави дека НАТО е „трајно посветен на суверенитетот и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина“.
Таа додаде дека НАТО нема да дозволи дестабилизација во Босна и Херцеговина, соопшти канцеларијата на бошњачкиот член на колективното претседателство на Босна и Херцеговина, Денис Беќировиќ, кој се сретна со претставничката на НАТО.
„Без оглед на исходот од претстојната седница на Советот за безбедност на ООН, НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум во Босна и Херцеговина“, рече Шеќеринска.
Регион
Албанска министерка го разреши својот заменик поради непочитување на забраната за пушење

Министерката за внатрешни работи на Албанија, Албана Кочиу, го разреши својот заменик поради непочитување на забраната за пушење во ресторан во САД, објавува „Спутник“.
Таа потврди на социјалните мрежи дека го сторила тоа врз основа на пријавата на албански државјанин кој живее во Њујорк, каде што бил во посета нејзиниот заменик Анди Махила. Како што изјави, тој пушел цигара во ресторанот „што предизвикало немир кај присутните“.
Албана Кочиу е првата жена на чело на полицијата во историјата на Албанија, а во претходната влада беше министерка за здравство.
Фото: принтскрин
Регион
Улиците во Белград оштетени за време на воената парада

Јавното комунално претпријатие Белград (ЈКП) доби наредба денес да излезе на терен и да започне со поправка на патиштата оштетени за време на воената парада „Силата на единството“ во саботата во српскиот главен град.
Членови на кабинетот на српскиот министер за одбрана и Секторот за инфраструктура и стандардни услуги вчера ја посетија рутата на парадата со претставници на Град Белград, Јавното комунално претпријатие Путеви Београда и ЈКП Белград за да ја утврдат штетата предизвикана за време на подготовките и одржувањето на парадата.
На жителите на Белград претходно им беше ветено дека сè ќе биде вратено во првобитната состојба, објавува Нова.рс.
Во саботата во Белград се одржа воена парада насловена како „Силата на единството“, на која учествуваа околу 10.000 војници. На парадата присуствуваа претставници на српскиот државен врв, предводени од претседателот Александар Вучиќ.
фото: принтскрин