Свет
Маж со експлозив дошол на железничка станица: нови детали за обидот за терористичкиот напад во Москва
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/ргх.jpg)
На железничката станица во Москва е спречен обид за терористички напад.
Како што пренесува „РИА новости“, полицијата уапсила маж што планирал да разнесе тенк на железничката станица, изјави за новинарите Јулија Иванова, помошник на началникот на Главниот директорат на Истражниот комитет во руската престолнина.
Според истрагата, мажот, роден 1983 година, „добил задача од неидентификуван соучесник“ и за пари се согласил да изврши терористички напад.
Според соопштението, осомничениот првин ја зел експлозивната материја, а потоа пристигнал на една од улиците во југозападниот административен округ, каде што го зел детонаторот, по што бил уапсен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
Џјинпинг: Прекин на огнот и политичко решение во интерес на сите страни во конфликтот во Украина
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/1629013864-si-djinping-2-foto-EPA-EFE_ZHANG-LING_XINHUA-750x566.jpg)
Кинескиот претседател Шји Џјинпинг изјави денеска дека прекинот на огнот и политичкото решение се во интерес на сите страни во конфликтот во Украина, нагласувајќи дека приоритет е да се смири ситуацијата со почитување на три принципи: неширење на бојното поле, деескалација на борбите и почитувањето на прекинот на огнот од двете страни.
Тој, за време на разговорот со унгарскиот премиер Виктор Орбан за време на неговата ненадејна посета на Пекинг, му се заблагодари на унгарскиот премиер за неговите напори во промовирањето политичко решение за кризата во Украина и детално ги објасни позициите и предлозите на Кина, пренесува агенцијата „Ксинхуа“.
Шји ја повика меѓународната заедница да создаде услови и да обезбеди поддршка за обновување на директниот дијалог и преговори меѓу двете страни, нагласувајќи дека прекин на огнот во овој конфликт може да се постигне само ако сите големи земји внесат позитивна наместо негативна енергија што е можно поскоро.
Европа
(Видео) Првите слики и снимки од детската болница по нападот врз Киев: 7 загинати, неколкумина се повредени
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-08-122558.jpg)
Најмалку седум лица загинаа, а неколку се повредени во рускиот напад врз Киев што се случи утринава.
Украинската војска соопшти дека Русија рано утринава лансирала неколку балистички и крстаречки ракети кон главниот град Киев.
Russians attacked a children's hospital in Kyiv. One building was destroyed
At least 3 civilians dead.
This is terrible.
Those who support Putin and continue to meet with him – support this pic.twitter.com/tvKMSMip8h
— Денис Казанський (@den_kazansky) July 8, 2024
Во нападот се користени и хиперсонични ракети кои се десет пати побрзи од брзината на светлината.
Како што пренесуваат медиумите, во нападот била погодена и најголемата детска болница во Киев.
На видеата кои се споделуваат на интернет се гледа дека внатрешноста на болницата е сериозно оштетена.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, потврди дека во нападот била погодена детска болница, но не кажа дали има жртви.
Европа
Шведската влада: Не треба да се исклучи вооружен напад на Русија против нас
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/vojska-svedska.jpg)
Русија претставува најголема закана за Шведска и нејзините сојузници до 2030 година, оцени шведската влада во својата најнова стратегија за национална безбедност. „Не треба да се исклучи вооружен напад врз Шведска или нејзините сојузници“, се вели во документот.
Во јануари, командантот на вооружените сили им порача на своите сограѓани „ментално да се подготват за војна“. Министерот за одбрана Пал Џонсон рече дека заканата од Русија ќе зависи од текот на војната во Украина, но дека таа е „подготвена да преземе големи политички и воени ризици“.
Во средината на јуни, руски воен авион го наруши шведскиот воздушен простор во близина на стратешки важниот остров Готланд во Балтичкото Море.
По руското заземање на Крим, Шведска почна да ги зајакнува своите воени сили, а по руската инвазија на Украина во 2022 година, одлучи да се приклучи на НАТО. Таа стана полноправна членка на западната воена алијанса во март 2024 година, по 200 години неутралност.
Во новата стратегија, Шведска посветува големо внимание на заштитата на своите стратешки средства, особено на северот на земјата, каде во 2023 година во Кируна, Лапонија беа откриени најголемите наоѓалишта на ретки метали во Европа.