Македонија
Николовски: Новата логистичко-дистрибутивна платформа во Скопје силно го унапредува земјоделскиот сектор и отвора нови работни места
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со претствници на Светската банка, денеска беше на увид на локацијата на новата логистичко-дистрибутивната платформа во Скопје, општина Гази Баба.
Оваа логистичко-дистрибутивната платформа е уште една голема и значајна капитална инвестиција, која станува реалност, со што се исполни уште едено ветување дадено пред земјоделците и пред граѓаните.
Пред само неколку недели беше потпишан договорот и почна процесот за иградба. Ова е голема стратешка инвестиција, која ќе се простира на речиси 30.000 квадратни метри, со огромен потенцијал да процесира приближно 46.000 тони овошје и зеленчук. Платформата овозможува организирање и унапредување во снабдувањето, со безбедни и свежи прехранбени производи. Овозможува поедноставен пристап до пазарот за локална свежа храна и ќе обезбеди логистички и други услуги за земјоделско-прехранбениот сектор за домашниот и меѓународниот пазар.
„Логистичко-дистрибутивна платформа не е само градежен проект, туку симбол за посветла иднина во земјоделскиот сектор во земјата. Како што ќе напредува низ своите фази, новата платформа ветува дека ќе го трансформира земјоделството правејќи го поконкурентно, одржливо и економски просперитетно“, изјави Николовски.
„Еве, денес, токму од локацијата, овде во Скопје, во оптшина Гази Баба, каде што е предвидена изградбата на оваа важна капитална инвестиција, почнува реализирањето на првата фаза од проектот. Ова е голем капитален прокет, кој се реализира првпат во историјата на државата, со огромна важност за развојот и унапредувањето на земјоделскиот сектор“, потенцира Николовски.
Средствата за изградбата на платформата се обезбедени преку проектот за модернизација на земјоделството, финансиран со заем од Светската банка, во износ од 46 милиони евра и дополнителни 4 милиони евра грант од Европската Унија преку ИПА-фондовите. Она што од оваа логистичко-дистрибутивната платформа се очекува е да се вклучи пазар на големо и да биде логистичка област со капацитети за суви и ладни складишта.
Покрај изградбата на логистичко-дистрибутивната платформа во Скопје како дел од проектот за модернизација на земјоделството, се предвидува и изградба на два откупни центра во Струмица и Ресен. Набргу ќе бидат потпишании договорите за овие два значајни проекта, со што можеме да го означиме почетокот на нивната реализација.
Заедно овие три значајни капитални инвестиции на нашите земјоделци им даваат сигурност, подобро организиран и гарантиран пласман и пазар за нашето домашно земјоделско производство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Стоилковиќ – Месаровиќ: Заедничка цел стабилен и економски поврзан регион
Заменик-претседателот на Владата на РС Македонија и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, денеска во Белград оствари работна средба со потпретседателката на Владата и министерка за економија на Р Србија, Адријана Месаровиќ.
На средбата се разговараше за повеќе теми, имајќи го предвид заедничкиот интерес на двете земји за натамошно унапредување и продлабочување на економската соработка, поттикнување на заеднички инвестициони проекти, како и за заеднички настап на трети пазари, во пресрет на македонско-српскиот бизнис форум кој ќе се одржи во Скопје на 3 декември.
„Бидејќи наша заедничка цел е интензивирање на економската соработка и зголемување на надворешнотрговската размена, денеска остварив мошне конструктивен состанок со потпретседателката на Владата на Р Србија, г-ѓа Адријана Месаровиќ. Бројките веќе покажуваат дека оваа година, и покрај сите предизвици, економската размена ќе биде поголема од минатата, имајќи предвид дека за првите девет месеци е остварена размена од повеќе од 1,1 милијарда евра, додека во 2024 година таа изнесуваше 1,4 милијарда евра“, истакна по средбата Стоилковиќ.
Тој додаде дека посетата претставува уште една потврда на континуираниот дијалог и партнерството меѓу двете земји, насочени кон стабилен, економски поврзан и европски ориентиран регион на Западен Балкан.
„Стопанствениците бараат соработка и нашата цел е да излеземе во пресрет на нивните барања и дополнително да ги поврземе. Со поддршка на претседателот на Владата на РС Македонија, г. Христијан Мицкоски, на 3 декември во Скопје ќе организираме голем Бизнис форум на кој ќе разговараме за понатамошно унапредување на соработката, пласман на македонските и српските производи на пазарите на двете држави, за што постојат сериозни потенцијали. Владата на Христијан Мицкоски води одговорна политика која носи конкретни резултати – стабилен економски раст, отворање на нови пазари и зајакнување на регионалната стабилност и поврзаност. Благодарение на таквите политики, нашите стопанственици ќе имаат сè повеќе можности за пласман на своите производи и услуги на други пазари“, изјави Стоилковиќ.
Средбата потврди дека меѓусебната соработка меѓу РС Македонија и Р Србија продолжува да се развива во духот на партнерство, доверба и заеднички интереси на економскиот и регионалниот план.
Македонија
Утре ведро и студено претпладне, преку денот сончево
Времето утре, наутро ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Во наредните денови Сседува период на стабилно и суво време со постудени утра и со услови за утринска магла по одделни котлини. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Дневните температури ќе бидат без значителна промена.
Македонија
Дел од корисниците на Центар утре без вода
Дел од корисниците на Центар, поради дефект, утре ќе останат без вода.
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 13.11.2025 година, четврток, поради уличен дефект на ул. 8 -ма Ударна Бригада 39, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица,вклучително и објектот на Амбасадата на Италија. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.(општина Центар)“, информира РЦУК.

