Спорт
Белингем: Секој ден се плашам дека некој ќе ме разбуди
Фудбалерот на Реал Мадрид и на англиската репрезентација Џуд Белингем ја доби наградата Златно момче за 2023 година. Најпрестижната награда во европскиот фудбал за играчи до 21 година, традиционално ја доделува Тутоспорт, а победникот го избираат новинарите на спортските весници како Marca, Тајмс, Лекип, Франс фудбал……
Белингем минатиот месец дозна дека ќе ја добие наградата, а ја прими синоќа во Торино. Англичанецот во изминатите две години беше во најтесниот круг за оваа награда, но таа завршуваше во Барселона, кај Педри и Гави.
„Секој ден се плашам дека некој ќе ме разбуди. Сонувам. Многу сум среќен што сум играч на Реал Мадрид. Мојата цел е да освојам што повеќе трофеи со Реал и со репрезентацијата на Англија “, рече Белингем и додаде:
„Секој ден одам на тренинг со желба да бидам подобар, а во Реал ја имам најдобрата можност да го остварам тоа. Сакам да направам се што можам за да го направам тимот подобар и да му помогнам да победи секогаш кога е можно“, рече Белингем.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Црните мачки“ го запреа Арсенал
Сандерленд дефинитивно се хит во Премиер лигата на Англија. Вечерва „црните мачки“ ја прекинаа серијата од десет победи во која се наоѓаа фудбалерите на Арсенал.
Во спектакуларен меч на „Стадионот на светслината“, Сандерленд против лидерот одигра 2:2.
Гостите, лидерите на табелата, беа на прагот на победа што ќе ги однесеше на +9 во однос на конкурентите. Им се стемни кога во последната минута од судиското продолжение со акробатски потег гол постигна, Брајан Броби.
Тоа беше првиот гол на Холанѓанецот оваа сезона.
Претходно Балард, фудбалер кој потекнува од академијата на Арсенал, му донесе предност на Сандерленд. Изедначи Сака, а пресврт направи Тросар.
Спорт
Гризман постигна гол 28 секунди откако влезе во игра и реши Леванте
Атлетико Мадрид ја забележа својата четврта последователна, а вкупно шеста победа во последните седум натпревари во Ла Лига.
Во натпреварот од 12-то коло, „јорганџиите“ го победија Леванте со 3:1 на својот стадион.
Антоан Гризман, кој беше двоен стрелец за домашниот тим, постигна гол во 61-та и 80-та минута. Французинот постигна три гола во последните две кола.
Она што ќе се памети од овој натпревар е еден од најбрзите голови постигнати од клупата во историјата на шпанската лига.
Гризман ја затресе мрежата само 28 секунди откако влезе на теренот наместо Бариос. Ова е најбрзиот гол на резервен играч во последните десет години, кога станува збор за Ла Лига.
Спорт
Норис на пол-позцијата во Бразил, ужасни квалификации за Ферстапен
Актуелниот шампион Макс Ферстапен имаше очаен настап во квалификациите за Големата награда на Сао Паоло. Холанѓанецот испадна во првата квалификациска сесија, трката ќе ја започне од 16-та позиција. На пол позицијата е Ландо Норис, а до него во првиот ред е тинејџерот од Мерцедес, Андреа Кими Антонели.
Лошиот пласман на Ферстапен може да го отпише од шампионската трка. Со оглед на тоа што веќе е 39 поени зад лидерот Ландо Норис, сонот за одбрана на титулата полека станува токму тоа – сон. Последен пат вакви ужасни квалификации Макс имаше во 2021 година и Сочи.
Вториот ред на утрешната трка го комплетираа Шарл Леклер и Оскар Пјастри, а третиот Исак Хаџар и Џорџ Расел.
Траката за Големата награда на Бразил, утре ќе започне во 18 часот.

