Спорт
Олимпијакос има нов тренер
Скромните резултати во Лига Европа и домашниот шампионат, придонесоа Олимпијакос да се раздели со тренерот Диего Мартинез.
Нов тренер на грчкиот великан е Португалецот, Карлос Карвајал.
Карвајал остана без работа по завршувањето на минатата сезона. Селта од Виго не му го продолжи договоорт туку на неговото место го донесе афа Бенитез.
Карвалхал ги постигна првите забележителни резултати како тренер на Виторија Сетубал, а покрај во родната земја, работел и во Турција, Англија, Обединети Арапски Емирати, Шпанија и Грција, каде пред деценија и пол го предводеше Астерас.
Португалецот дебито на клупата на Олимпијакос ќе го има викендов против Пансераикос.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Зошто играчите на Милан ги носеа моминските презимиња на нивните мајки на дресовите?
Милан го декласираше Каљари со 5:1 на „Сан Сиро“ во 36. коло од Серија А. Двоен стрелец за избраниците на тренерот Стефано Пиоли беше Кристијан Пулишиќ, кој погоди во 59. и 86. минута, додека по еден гол постигнаа Исмаел Бенасер во 35., Тијани Рајндерс во 74. и Рафаел Леао во 83 минута.
На две кола пред крајот на италијанското првенство, Милан има 74 бодови и го обезбеди второто место, со оглед на тоа што третопласираната Болоња заостанува седум бода.
Натпреварот помеѓу Милан и Каљари го привлече внимание поради акцијата што ја изведоа фудбалерите на Стефано Пиоли.
Денеска е Денот на мајката, а фудбалерите на Милан го одбележа со тоа што играчите на дресовите наместо своите и го носеа моминските презимиња на нивните мајки.
Целта на иницијативата беше да се подигне свеста за правото на личен идентитет, што произлегува од пресудата на италијанскиот Уставен суд од април 2022 година, кој одлучи дека автоматското доделување на презимето на таткото е дискриминаторски.
Од 1 јуни 2022 година и двајцата родители на детето мора да имаат право на избор на презимето.
„Играњето со презимињата на нашите мајки на дресовите е посебен начин да им оддадеме почит на неверојатните жени кои нè обликуваа и нè поддржуваа во текот на нашите животи. Тоа е важен гест што ја нагласува важноста на семејството и врската која нè движи на теренот и во приватниот живот. Горд сум што ја претставувам мајка ми на овој уникатен и искрен начин“, рече Пулишиќ.
Спорт
Лапорта и Чави сакаат да се ослободат од Левандовски – Атлетико внимателно ја следи ситуацијата
Џоан Лапорта успеа да ја стабилизира Барселона, но клубот се уште има финансиски проблеми. Барселона мора да продава за да донсе нови играчи, исклуок се оние кои се слободни. Таков е случајот со Гвидо Родригез од Бетис, кој според шпанските медиуми по завршувањето на сезоната како слободен играч ќе се пресели во Барселона.
Финансиската состојба, големата плата и возраста веројатно ќе го „избркаат“ Роберт Левендовски од клубот.
Полјакот има уште две години од договорот, но Лапорта и тренерот Чави планираат да го продадат Левендовски.
Кога Левандовски пристигна во Барселона како слободен играч, потпиша договор со клаузула неговата плата да расте секоја наредна сезона. Во сезоната 2024/2025, Левандовски од барселона треба да добие 23 милиони евра, што е преголема сума за клубот.
„Роберт Левандовски би можел да ја напушти Барселона ова лето. Чави и раководството на клубот веруваат дека тој нема да се врати на најдоброто ниво“, пренесуваат шпанските медиуми.
Со продажбата на Левандовски, Барселона добро би заработила, но и би ослободила простор во буџетот за плати за нови засилувања, што е и една од целите на Лапорта и неговите соработници.
Неодамна се зборуваше за наводни преговори меѓу Барселона и Атлетико Мадрид околу трансферот на Левандовски во овој клуб, но се уште се чека некоја официјална потврда.
Доколку се оствари трансферот, нема да биде првпат Барса и Атлетико да прават неочекувани трансфери, бидејќи такви трансфери се случуваа во последната деценија.
Интересно секогаш кога напаѓач на Барселона кариерата ја продолжил во Атлетико, клубот од Мадрид истата сезона ја освојувал титулата. Такви се примерите со Давид Виља и Луис Суарез.
Спорт
Дарио Ивановски – победник во машка, а Адријана Поп Арсова во женска конкуренција на 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“
Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“. Овогодинешното издание имаше масовна посетеност, односно 1650 натпреварувачи застанаа на стартната линија.
Во периодот од 09:00 до 11:00 часот во Скопје владееше одлична атмосфера, со голема доза позитивна енергија, пропратена со популарни музички хитови, кои дополнително ги мотивираа учесниците во текот на трката.
Благодарение на учесниците на трката, како и на посетителите кои им даваа силна поддршка и гласни аплаузи, „Халк Еко Скопје Трча 10км“ и оваа година покажа дека спортскиот дух обединува, сплотува и го подигнува расположението на неверојатно ниво. Прво место во машка конкуренција освои Дарио Ивановски, додека во женска конукренција прва до финишот стигна Адријана Поп Арсова, со што освои национален рекорд.
Резултатите од „Халк Еко Скопје Трча 10км“ ќе бидат објавени на следниот линк: https://tagtiming.mk/skopjerun/results2024.htm. Исто така, сите фотографии ќе бидат споделени на: – https://www.getpica.com/.
На трката со 10 км, првите 5 места во машка и женска конкуренција ќе бидат парично наградени со вкупен награден фонд од 160.000 денари и дополнителни вредносни награди. Пехари ќе добијат и најдобо рангираните во старосни категории и најбрзите пријавени екипи.
Организатор на трката е Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со А.К. Скопски Маратон, А.К.Работнички, додека покровител е Град Скопје.
Патеката на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ е измерена и сертифицирана од страна на овластено лице од АИМС и Светска Атлетика.
Организаторите на настанот им искажуваат голема благодарност на сите учесници, како и на волонтерите за денешното динамично, енергично и масовно издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 2024 година.