Спорт
Дардер го одбил повикот од Барселона

Серхи Дардер, со години беше лидер на Еспањол, а откако тимот испадна од Примера, тој одбил да се пресели во Барселона.
Дардер (29), откри дека во летниот преоден рок добил понуда од градскиот ривал на Еспањол, Барселона.
„Имав можност да потпишам со Барселона ова лето, тешко е да се одбие таков тим. Маночу часови поминав во размислување што да правам. Но, кога главата се олади, разумот не ми дозволи да прифатам, со оглед на тоа што бев во Еспањол. Ниту 1% од мене не можеше да го прифати тоа. Еспањол секогаш ќе биде клубот на мојот живот, не гледам друга опција“, рече Дардер.
Серхи Дардер, во летниот преоден рок сепак го напушти Еспањол. Интересно е што се реши кариерата да ја продолжи во Мајорка, и покрај тоа што за него се интересираа и Барселона и Атлетико Мадрид.
Мајорка за трансферот на Дардер издвои осум милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Тами Ејбрахам се пресели од Рома во Бешикташ

Англискиот фудбалер Тами Ејбрахам (27) кариерата ќе ја продолжи во Бешикташ. Турскиот клуб и Рома договорија, Ејбрахам наредната сезона да настапува како позајмен играч.
Бешикташ, на Рома ќе и плати два милиони евра.
Турскиот клуб има опција да го купи Ејбрахам за 13 милиони евра на крајот од позајмицата.
Англискиот фудбалер ја помина минатата сезона како позајмен играч во Милан, каде што одигра 44 натпревари и постигна 10 гола, со седум асистенции.
Тој одигра 11 натпревари за Англија и постигна три гола.
Ејбрахам играше и за Челзи (ја освои Лигата на шампионите), Бристол, Свонси и Астон Вила.
Фото/ Beşiktaş JK
Спорт
Езе се договори со Арсенал, Асенсио кај Мурињо

Еберчи Езе постигна договор со Арсенал за личните услови, сега сè што останува е клубовите да постигнат договор.
Според англиските медиуми, челниците на Кристал Палас за одличниот офанзивен играч од средниот ред побарале 60 милиони фунти.
„Топџиите“ се согласиле да ја платата оваа сума и се очекува договорот да биде завршен најдоцна до утре.
Езе е еден од најзаслужните играчи за освојувањето на ФА Купот од страна на Кристал Палас. Минатата сезона одигра 43 натпревари, постигна 14 гола и забележа 11 асистенции.
Марко Асенсио постигна договор со Фенербахче околу платата. Турскиот вицешампион сака да го доведе на едногодишна позајмица, а потоа да го откупи договорот, додека челниците на ПСЖ сакаат да го продадат.
Шпанскиот репрезентативец доаѓа на инсистирање на Жозе Мурињо, со кого имаше можност да работи во Реал Мадрид.
Анесио одигра 13 натпревари за Астон Вила, каде што беше на позајмица во вториот дел од сезоната, постигна три гола и забележа исто толку асистенции.
Фото/ EPA-EFE/DANIEL HAMBURY
Спорт
Капитенот на Торино го засили Милан

Италијанскиот фудбалер Самуеле Ричи (23) е нов играч на Милан, објави клубот.
Ричи потпиша договор со Милан до 30 јуни 2029 година, со опција за продолжување на соработката за уште една сезона. Тој ќе го носи дресот со број четири во својот нов клуб.
Италијанскиот фудбалер игра во средината на теренот, а во последните три години играше за Торино.
Новиот фудбалер на Милан одигра десет натпревари за италијанската репрезентација.
Милан минатата сезона заврши на осмото место во Серија А и не се квалификуваше за европските натпреварувања.
Foto/ EPA-EFE/CLAUDIO GIOVANNINI