Црна хроника
Уапсени двајца малолетници од Тетовско: со метален предмет нападнале друг малолетник
Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер (11 декември) во 23 часот лишиле од слобода двајца малолетници од тетовско Џепчиште, кои претходно биле пријавени од 56-годишниот И.И. од тетовски Порој.
Тие околу 21 часот и 30 минути во селото физички го нападнале неговиот малолетен син.
Според пријавеното, едниот од нив користел и метален предмет. Се расчистува и документира случајот, по што на двајцата пријавени малолетници ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци, соопшти полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се запали автомобил во двор во охридското село Лакочереј
Вчера во 13.26 часот во СВР Охрид било пријавено дека во двор во село Лакочереј, Охридско, настанал пожар во патничко возило „опел“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на Л.С. од Охрид.
Екипа од Територијалната противпожарна единица Охрид го изгаснала пожарот, а повредени лица нема. Увид бил извршен.
Црна хроника
Со автомобил тешко повредил жена во Прилеп и побегнал
Вчера во 18.50 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„11 Октомври” во Прилеп, патничко возило удрило во пешакот Ж.М.(56) од Прилеп, по што возачот го напуштил местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ж.М., констатирани во Градската болница Прилеп.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од ОВР Прилеп.
Црна хроника
Паднат и со повреди во подземна гаража во Скопје е најден маж од Велика Британија
Во подземна гаража на улица „Анастас Митрев“ бил пронајден паднат и со повреди Х.К.Р.(58) од Велика Британија.
Како што информира денеска МВР, случајот синоќа, во 21:35 часот, бил пријавен во СВР Скопје. Лицето било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.