Спорт
(Видео) Историски успех на Копенхаген, Јунајтед ја заврши сезоната во Европа, Бенфика во 92.минута обезбеди место во Лига Европа
Foto/ EPA
Копенхаген и Наполи се пласираа во осминафиналето во Лигата на шампионите. Најголеми губитници од вечерашните натпревари се Манчестер јунајтед и Салцбург.
Данскиот шампион успеа да заврши на второто место во Б групата. Зад себе ги остави фаворизираните Галатасарај и Манчестер јунајтед.
Копенхаген го доби дуелот со директниот конкурент Галатасарај. Стрелец на единствениот гол беше Лерагер во 58.минута.
Со ист резултат Баерн победи на „Олд Трафорд“ и само ја продолжи мизеријата на Манчестер јунајтед. Победата на Баварците им ја донесе Коман во 71.минута.
Во Ц групата, Реал ја забележа и шестата победа. Во Берлин славеше над Унион со 3:2, со голот на Себаљос во 89.минута. Два гола за Реал постигна Хоселу,а Модриќ при резултат 0:0 промаши пенал. За Унион головите ги постигнаа Фоланд и Крал.
Наполи ја победи Брага со 2:0, Елиф Елмас влезе на тереноот во 60.минута. Саци во деветтата минута си постигна авто гол, а во 33. стрелц беше и Осимен.
Д групата ја освои Реал Сосиедад, откако вечерва одигра 0:0 кај вицепрвакот на Еворпа, Интер.
Драматично беше во Салцбург, во дуелот за третата позиција. Бенфика го победи Салцбург со 3:1 и ќе продолжи во Лига Европа. Херој на Бенфика е Кабрал кој потигна гол во 93.минута. Претходно Ди Марија во 32.минута постигна гол од корнер, а Рафа СИлва зголеми на 0:2 во 45.минута. Единствениот гол за Салцбург е дело на Сучиќ.
Пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите обезбедија:
Арсенал
Баерн
Манчестер сити
Реал Мадрид
Атлетико Мадрид
Барселона
Борусија Дортмунд
Интер
Лацио
РБ Лајпциг
ПСВ
Реал Сосиедад
Наполи
Копенхаген
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(ВИДЕО) Шпанија рутински ја победи Грузија
Шпанците почнаа да доминираат од првата минута и имаа огромна предност во поседот на топката.
Тие создадоа и неколку ситуации пред противничкиот гол во воведните минути, но не ги искористија, додека на другата страна Грузијците погодија од еден од нивните први поконкретни напади.
Во 18. минута тргнаа во брз контранапад, а Отар Какабадзе нафрли од десната страна.
По тој центаршут натрча Хвича Кварацхелија, а пред него несмасно реагираше Робин Ле Норманд кој ја смести топката во сопствената мрежа.
И по водството на Грузија се играше како и досега, Шпанците напаѓаа, а Грузијците своите прилики ги чекаа на контра.
Сепак, Шпанија овојпат постигна гол. По долгиот напад во 39. минута, Нико Вилијамс му ја даде топката на Родриго, а тој од 16 метри упати неодбранлив удар за 1:1.
Второто полувреме беше отворено со една интересна ситуација во која Кварацхелија за малку ќе го искористеше тоа што Унаи Симон беше далеку од неговиот гол со паметен удар од својата половина.
Веќе во 51. минута Фабијан Руиз погоди за пресврт.
Ламине Јамал нафрли од десната страна, а Руиз остана сам пред голот на Грузија и од непосредна близина реализираше со глава за 2:1.
Грузијците потоа се отворија со намера да се обидат да израмнат, но тоа ги чинеше и го примија третиот гол.
Руиз со долга топка го пронајде Вилијамс, а тој брилијантно ја проби десната страна на противничката одбрана и со силен удар упати покрај Џорџи Мамардашвили за зголемување на водството.
Дани Олмо ја потврди победата и преминот во четвртфиналето за Шпанците.
Грузија ја загуби топката на својата половина, а Микел Ојарзабал ја пропушти за Олмо.
Поранешниот играч на Динамо си создаде простор за шут и од нешто помалку од 16 метри со помош на блок ги постави конечните 4:1.
Спорт
Српскиот кошаркар кај Јокиќ во Денвер
Српскиот плејмејкер Василије Мициќ летово би можел да му се придружи на Никола Јокиќ во Денвер.
Мициќ по трејдот би можел да заврши во Денвер.
Според нив, Нагетс се заинтересирани за неговите услуги и ги интересира каков трејд би можел да донесе во тимот од Колорадо.
Во дресот на Хорнетс, Мициќ забележа 10,8 поени, 2,1 скок и 6,2 асистенции по натпревар.
Ако тоа се случи, Мициќ оди кај Јокиќ во Денвер.
Денвер бил заинтересиран да го донесе и Расел Вестбрук од Клиперс, но тој избрал да активира уште една година од договорот и да остане во сегашниот тим за 4 милиони долари.
И тоа не е се, во Денвер биле заинтересирани да го донесат и хрватскиот кошаркар Дарио Шариќ, кој претходните сезони настапуваше за Феникс и Оклахома Голден Стејт.
Спорт
Нема да ги завршам натпреварите во 3.00 часот наутро!
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ вели дека му е драго што Вимблдон има ограничување на термините за натпревари.
Тенисот се игра на терените на Ол-Енгланд клубот најдоцна до 23:00 часот, кога стапува на сила полицискиот час.
„Сигурно, пристапот кон Вимблдон е различен оваа година поради околностите, но јас размислувам за тоа се помалку и помалку.
Сакам се да оди добро, да размислувам за играта и што треба да се направи тактички.
Моите мисли се насочени на турнирот, се чувствувам добро, целото тело е подготвено за максимален напор, во пет можни сетови бидејќи имаат полициски час .
Имам добар тим од луѓе околу мене, добро се подготвивме, одиме на победа на секој натпревар“
На прашањето за состојбата со коленото на кое имаше операција?, Новак одговори.
„Коленото?…денес со Корда, пред тоа Медведев, Руне, Грешник, итн.
Имав доволно време и простор да го тестирам коленото, да видам колку можев да направам, дури и се лизнав неколку пати денес, тоа е показател дека сум добар“, изјави српскиот тенисер.