Македонија
Османи ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Луксембург, Норвешка и Латвија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваните амбасадори за Република Северна Македонија на Големото Војводство Луксембург, Марк Хубиш, на нерезидентните амбасадори на Кралството Норвешка, со седиште во Белград, Кристин Мелсом, и на Република Латвија, со седиште во Прага, Елита Кузма.
На засебните средби со амбасадорите Османи им посака добредојде и успех во вршењето на функцијата.
Беше изразено задоволство од досегашниот развој на билатералните пријателски односи на Северна Македонија со секоја од земјите, а воедно и истакната посветеноста за натамошно продолжување на политичкиот дијалог и воспоставување нови динамики на секторската соработка.
Беше реафирмирана поддршката на Луксембург, Норвешка и на Латвија за ЕУ-пристапниот процес на Северна Македонија, домашната реформска агенда, како и за концептот за повеќе интеграција за земјите кандидати пред полноправното членство во Европската Унија.
Неопходноста од ефективна мултилатерална соработка во актуелниот геополитички контекст, особено во рамките на ОН, НАТО и ОБСЕ, беа исто така тема на разговор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 13:00 часот, улица Бунарџик. (Општина Илинден)
– во периот од 09-00 до 15-00 часот, дел од корисниците на улиците: Мице Козар и Ѓуро Салај. (Општина Ѓорче Петров)
Македонија
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредниот период
Продолжува период на стабилно и релативно топло време. Во текот на ноќите и во утринските часови ќе има појава на магла на одредени места и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.
Македонија
Сообраќајот на граничниот премин Евзони (ГП Богородица) се одвива нормално
Сообраќајот на ГП Евзони (ГП Богородица) се одвива нормално, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

