Контакт

Култура

Премиера на новогодишната претстава „Пиши му на Дедо Мраз“ на Театар „Куманово“

Објавено пред

Утревечер, сабота, 16 декември, во Театар „Куманово“, во 17 часот, премиерно ќе се одигра претставата „Пиши му на Дедо Мраз“, во продукција на Центарот за култура и Театар „Куманово“. Претставата е направена по повод новогодишните празници за нашата најмлада публика. Во претставата играат актерите од кумановски театар: Сања Русеска, Владо Дојчиновски и Давид Илиќ, во режија на Бојана Краљевска-Стојков, текстот и сонговите се на Зоран Зафировски, сценографија Крсто Богојевски, костими Дарко Илиевски, музички соработници Александар Митрички, Никола Стојковски, Стефан Стојмановски, Ангела Ѓоргиевска, дизајн на постер Стефан Јакимовски.

dobivaj vesti na viber

Ова е еден интересен новогодишно-сценски приказ, каде што најмалите ќе може да си ги кажат своите желби и да си посакаат убави новогодишни празници. Премиерата и првата реприза се веќе распродадени, вели организаторот.

„За новогодишна еуфорија за најмалите преку театарската магија, ќе нè посети Дедо Мраз, ќе му напишеме имејл на Дедо Мраз преку ликовите на две деца, Тамара и Кире, ќе видиме колку се креативни децата кога се инспирирани од исчекувањето на посетата на Дедо Мраз. Дедо Мраз со една единствена порака и желба, децата, без разлика од кој дел на светот, треба да бидат еднакви, да живеат во хармоничен свет полн со љубов. Во 35-минутното театарско патување со Дедо Мраз, Тамара и Кире, се надеваме дека ќе придонесеме за уште поубаво новогодишно расположение за најмалата, но најдрага наша публика“, изјави Бојана Краљевска-Стојков.

Новогодишниот сценско-музички приказ „Пиши му на Дедо Мраз“ е весела пиеса за двајца третооделенци и за нивните новогодишни желби и возбуди при „случајната“ посета на Дедо Мраз. Низ детски хумор прикажан е судирот меѓу традиционалното и современото преку дилемата: дали на Дедо Мраз да му се напише писмо или имејл? На крајот се испраќа топла порака за мир во светот, изјави Зоран Зафировски, драмтург на претставата.

Претставата од понеделник, 18 декември, ќе се игра за основните училишта од градот и за публиката.

Култура

Гудачкиот квартет „Пламенка Трајковск“ во рамките на Есенските музички свечености 2025

Објавено пред

Во рамки на 25. издание на „Есенски музички свечености“ утре, 05.11.2025г. (среда) ќе се одржи мултимедијален концерт „Јохан Штраус во филмот: Концерт и проекција на немиот филм Веселата војна“ во изведба на Гудачкиот квартет Пламенка Трајковска, со почеток во 20:00 часот во Салон 19 19 (Културен информативен центар).

dobivaj vesti na viber

Учествуваат: Пламенка Трајковска – виолина, Сандра Крстевска – виолина, Љубица Бошкоска – виола,
Александра Јаневска – виолончело.

Гудачкиот квартет ќе направи уникатен спој на класична музика и нем филм во чест на „кралот на валцерот“.

Уникатниот, мултимедијален концерт, насловен како „Јохан Штраус во филмот: Концерт и проекција на немиот филм Веселата војна“ претставува редок спој со кој гудачкиот квартет ќе ја изведува музиката на Јохан Штраус во живо, додека на платното ќе се проектира нем филм на режисерот Роберт Вине. Филмот, инспириран од виенската култура, нуди визуелно и музичко патување низ духот на европската култура од крајот на 19 век.

Публиката ќе има можност да доживее едно несекојдневно уметничко искуство во кое валцерот, некогашниот белег на европската култура, повторно ќе заживее преку звук, слика и емоција.
Концертот е замислен како омаж на двојното наследство на Штраус – како симбол на музичката елеганција и како инспирација на кинематографијата. Поводот е одбележувањето на 200-годишнината од раѓањето на славниот виенски композитор и 30 години камерно музичко творештво на виолинистката Пламенка Трајковска.

Гудачкиот квартет Пламенка Трајковска е дел од Здружението Пламенка Трајковска – МКС, Скопје и претставува еден од водечките камерни ансамбли во земјата. Со својата музичка страст и креативност, тие ја спојуваат класичната традиција со современиот израз, фолклорот и кросоверот. Квартетот настапува на најзначајните културни сцени во Македонија и Европа, создавајќи концерти исполнети со енергија, емоција и уметничка прецизност.

Прикажи повеќе...

Култура

Концерт на „Танец“ во Националната опера и Балет – уникатно сценско патување низ времето и традициите

Објавено пред

Од

Националниот Ансамбл за народни игри и песни „Танец“ најавува уникатно сценско патување низ времето и традициите. Концертот „Изворни минијатури“ кој е најавен за 22 ноември со почеток во 19 и 30 часот во Националната опера и балет е повеќе од обичен концерт-тоа е враќање кон изворите и никулците кои р’ти богатиот репертоар на „Танец“.

dobivaj vesti na viber

Публиката ќе има можност да ужува автентични ора и песни изведени во нивната интегрална форма, како што егзистирале на теренот; раскош на дијалекти, потсетување на најстарите слоеви од македонскиот музички и сценски фолклор и врвна изведба, машки, женски и мешани ора, придружени од врвни играорци и музичари на македонски изворни инструменти.

Концертот „Изворни минијатури“ е препознаен како исклучително популарен проект кој веќе го обиколи поголемиот дел од државата, што гарантира врвен квалитет и голем интерес.

Цена на билетите е 600 денари. Место за продажба kupikarta.com.

Прикажи повеќе...

Култура

Изложба „Автопортрети и неколку палети“ на Миро Масин во Скопје

Објавено пред

Од

На 6 ноември (четврток) во 19 часот во галерија Остен ќе се одржи отворањето на самостојната изложба „Автопортрети и неколку палети“ на еден од највлијателните македонски уметници Миро Масин.

dobivaj vesti na viber

За изложбата од Остен ќе кажат:

За уметник од рангот на Масин, чие творештво се протега со децении и опфаќа богата таписерија од македонски и универзални теми, автопортретот не е само обид за сличност. Тоа е филозофско истражување. Секое платно во оваа серија е поглавје во тековната автобиографија, не на настани, туку на состојби на битието. Не сме сведоци на линеарен наратив за еден живот, туку на спирално спуштање во длабочините на уметничката свест. Лицето што нè гледа од овие дела е познато, но бескрајно променливо – сад за интроспекција, превирања, спокојство и неуморно течење на времето.

И потоа, тука се палетите.

Со еден потег на гениј, овие скромни инструменти се воздигнуваат од неговото ателје до ѕидот на галеријата. Тие не се претставени како чисти, беспрекорни алатки, туку како артефакти на создавањето, сè уште прелиени со самата суштина на уметноста на Масин. Овие „неколку палети“ се, всушност, тивки автопортрети сами по себе. Тие се бојното поле и лабораторијата каде што се мешале боите, се донесувале одлуки и на визиите најпрво им се давала материјална форма. Хаотичното, слоевито натрупување на боја на овие дрвени штици е директен, непосреден запис за уметничкиот процес. Секоја дамка од окер, секоја лента од црвена боја, секој базен од длабок ултрамарин е фосилизиран момент на инспирација и борба.

Кога се гледаат во дијалог со завршените автопортрети, палетите завршуваат еден свет круг. Уредената композиција на портретот го наоѓа своето хаотично, енергетско потекло во неуредната живост на палетата. Погледот на насликаното јас се чини дека гледа назад кон самата материја од која е родено. Нам, како гледачи, ни е даден привилегиран увид: ја гледаме не само конечната слика за себе, туку и суровата, материјална генеза на таа слика. Палетата е идентитетот на уметникот во егото на портретот – неограничениот, исконски извор на креативна енергија што потоа се користи, рафинира и проектира на платното како кохерентен идентитет.

Оваа изложба, „Автопортрети и неколку палети“, затоа е мастерклас по уметничка вистина. Таа го демистифицира чинот на сликање, а истовремено повторно го мистифицира самиот уметник. Ни покажува дека создавањето на себе е процес на акумулација, слоевитост и повремено стружење – процес што се огледува точно во натрупувањето на пигментите на алатката на уметникот. Масин не ни покажува едно, дефинитивно јас. Тој ни покажува мноштво јас, секое од нив верно на моментот на своето создавање, секое од нив доказ за фактот дека идентитетот не е фиксна точка, туку континуиран, креативен чин.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ2 минути

Очув и мајка осомничени за обљуба на малолетно девојче

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца сопружници за обљуба со злоупотреба на положбат. Осомничениот...

Топ57 минути

Обвинителството бара одземање на пасошите и дозволата за возачот кој го прегази Јорго Ќука во Скопје

Обвинителството достави до судот предлог за определување мерки на претпазливост за 37-годишниот возач кој на 3 ноември со автомобил удри...

Македонија3 часа

Беким Сали ќе го наследи Изет Меџити како прв вицепремиер

Портпаролот на коалицијата ВРЕДИ, Дритон Сулејмани, денеска потврди дека Беким Сали ќе биде новиот прв вицепремиер, на местото на  Изет...

Македонија5 часа

Македонија треба да ги спроведе уставните измени, порача Кос

Презентирајќи ги извештаите за земјите кандидатки за членство во ЕУ, пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, еврокомесарката за...

Македонија6 часа

Мицкоски од Брисел: Ги повторивме нашите единствени позиции за Македонија 

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека во Брисел имал пријателска средба со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. „Првата средба ја...

Свет7 часа

Систем на пробен период за земјите што во иднина ќе станат членки на ЕУ; ЕК во страв од тројански коњ на Русија во рамките на Унијата

Европската комисија разгледува воведување систем на пробен период за земјите што во иднина ќе станат членки на Европската Унија, изјави...

Македонија7 часа

Воведена нова процедура на Клиниката за кардиологија, пациентите со сложени срцеви аритмии повеќе нема да бидат упатувани во странство

Министерот за здравство Азир Алиу денеска ја посети Универзитетската клиника за кардиологија по повод извршената прва аблација за коморна тахикардија...

Македонија8 часа

Ако ДУИ беше опозиција пред десет години, и тогаш ќе го имавме овој изборен резултат, тие немаа можност за злоупотреби, вели Алиу

Граѓаните во нашата земја десет години сакаа промена на политичкиот амбиент и ако ДУИ пред десет години беше опозиција, ќе...

Македонија9 часа

Го тепал со метална шипка, со рацете и со нозете речиси половина час, па го оставил да искрвави на скалите: eден осомничен за убиство во дојранско Сретеново

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило...

Економија9 часа

Андоновски: Е-трговијата веќе не е алтернативен, туку доминантен економски модел

Владата на Република Македонија ја потврдува својата посветеност кон унапредување на електронската трговија како двигател на економијата, преку спроведување на...

Македонија10 часа

(Фото) Гаши се сретна со досегашните претседатели на Собранието: Организирањето вакви средби за размена на искуства и мислења ќе бидат од големо значење

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, организира средба на која беа поканети досегашните претседатели на Собранието. Средбата...

Топ10 часа

(Фото) Пронајдена дрога во возило во Тетовско, двајца уапсени

Вчера во 21:00 часот на регионален пат Тетово – Скопје, на влез за село Желино, тетовско, полициски службеници од Полициската...

Македонија10 часа

Герасимовски: Во следните денови поставуваме мерачи за бучава на 30 локации

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, на средбата со раководителите на сектори дискутираа за проектите што е предвидено да се...

Европа11 часа

(Видео) Масовни напади со дронови во Русија: една од најголемите рафинерии во пламен

Ноќеска, украински беспилотни летала нападнаа голем број индустриски и енергетски објекти длабоко на руска територија предизвикувајќи пожари во рафинерии и...

Европа12 часа

(Видео) Украинец преживеал некои од најжестоките битки во војната: убиен на церемонијата на доделување медали

Елитниот украински пилот на беспилотни летала Володимир Свјатненко, познат по неговиот повикувачки знак „Знахар“, кој преживеал некои од најжестоките битки,...

Свет12 часа

Кина спроведува најголемо воено засилување во светот, тврдат Австралијците

Работата на австралиските одбранбени сили за заштита на поморските трговски патишта, вклучително и оние низ Јужното Кинеско Море, станува сè...

Регион13 часа

Вучиќ: Знаеме дека двајца снајперисти се во Белград, не можеме да ги најдеме веќе три дена

Српскиот претседател Александар Вучиќ, гостувајќи во емисија на домашен медиум, изјави дека обоената револуција не успеала. Тој тврди дека блокадерите...

Свет14 часа

Блокадата на владата ја остави Америка без контролори на летање: летовите одложени со часови

Повеќе од 3,2 милиони американски патници се соочуваат со одложувања и откажувања на летови, бидејќи отсуствата на контролорите на летање...

Европа14 часа

(Видео) Работник спасен од урната средновековна кула во Рим по 11 часа, починал во болница

Работникот кој беше заробен под урнатините на кулата Торе деи Конти во центарот на Рим повеќе од 11 часа почина...

Македонија1 ден

(Видео) ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од вториот круг на локалните избори

Државната изборна комисија попладнево ги соопшти првичните официјални резултати од вториот круг на локалните избори. Гласањето како што информираше претседателот...