Свет
Улиците на Газа се смртоносен лавиринт за израелските војници
Хамас ги користи познатиот терен и новото оружје во конфликтот во Газа, пишуваат светските медиуми.
Бројот на загинати израелски војници во Газа е веќе двојно поголем отколку за време на копнената офанзива во 2014 година, што е показател за тоа колку длабоко навлегла израелската армија во енклавата, како и за ефикасната употреба на герилските тактики и новото оружје од страна на Хамас.
Израелски воени експерти, израелски командант и извор од Хамас опишаа за „Ројтерс“ како палестинската група користи големи резерви оружје, знаење за теренот и огромна мрежа од тунели за да ги претвори улиците на Газа во смртоносен лавиринт.
Тие имаат оружје на располагање од беспилотни летала опремени со гранати до противтенковско оружје. Според израелските податоци, од почетокот на израелската копнена кампања кон крајот на октомври околу 110 израелски војници биле убиени додека тенковите и пешадијата упаднале во градовите и бегалските кампови. Околу една четвртина од жртвите биле членови на тенковски екипажи.
„Во 2014 година 66 израелски војници беа убиени во судирите кога Израел почна ограничена тринеделна копнена офанзива, но целта тогаш не беше да се уништи Хамас.
Оваа војна не може да се спореди со онаа во 2014 година кога нашите сили не дејствуваа подлабоко од еден километар во Газа“, изјави Јаков Амидрор, пензиониран израелски генерал-мајор и поранешен советник за национална безбедност, за „Ројтерс“.
Тој рече дека армијата „допрва треба да најде добро решение за тунелите“, мрежа што е значително проширена во текот на изминатата деценија. Во последните недели се споменуваше дека израелската армија планира да испумпува морска вода и да ги поплави тунелите на Хамас.
Извор од Хамас, кој зборуваше за „Ројтерс“ под услов да остане анонимен, рече дека борците напаѓаат од заседа „искористувајќи го теренот што го знаеат подобро од кој било друг“ или често се движат низ тунели.
„Постои огромна разлика меѓу нашата и нивната моќ, ние не се залажуваме во овој поглед“, изјави тој за „Ројтерс“.
Во објавите на Хамас се вели дека групата поседува „трандем“ противтенковски оружја со две оклопи.
Ашраф Абелхул, уредник на египетскиот весник „Ал Ахрам“, кој претходно работел во Газа, рече дека милитантите напредувале во употребата на напредно оружје, како и во „локално произведените проектили“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руското разузнавање: Велика Британија и Франција префрлаат нуклеарно оружје во Украина
Руските сенатори побараа меѓународна и национална истрага откако руската Служба за надворешно разузнавање (SVR) изнесе тврдења за плановите на Велика Британија и Франција за трансфер на нуклеарно оружје во Украина.
Во соопштението на Советот на Федерацијата, сенаторите изразија загриженост во врска со потенцијалното испраќање нуклеарни експлозивни направи во Киев, барајќи од британскиот и францускиот парламент да започнат истраги за овие планови, објави ТАСС.
Сенаторите ги повикаа ОН, Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) и Конференцијата за преглед на Договорот за неширење на нуклеарно оружје (NPT) да ги истражат тврдењата на SVR.
Беше нагласено дека реализацијата на ваквите планови може да доведе до ескалација на конфликтот и да создаде сериозни закани за безбедноста на Русија и Европа.
Во соопштението се наведува дека, според Нуклеарната доктрина на Руската Федерација, поддршката на нуклеарна сила на Украина може да се сфати како заеднички напад.
Претходно, СВР објави дека Франција и Велика Британија активно работат на снабдување на Украина со нуклеарно оружје, наведувајќи ја како можност испораката на француската мала боева глава ТН75 од балистичката ракета М51.1, пренесува Танјуг.
Европа
(Фото) Лидерите на девет земји од ЕУ пристигнаа во Киев
Лидерите на девет европски земји пристигнаа во Киев утрово, на четвртата годишнина од почетокот на целосната инвазија на Русија врз Украина. Лидерите на Данска, Естонија, Финска, Исланд, Латвија, Литванија, Норвешка, Шведска и Хрватска пристигнаа во украинската престолнина.
I was glad to welcome our Croatian friends to Kyiv, Prime Minister @AndrejPlenkovic and my colleague @grlicradman. We are grateful to friendly Croatia for its support and solidarity. Thank you for being with us on this symbolic date. pic.twitter.com/yeaZXPSRCn
— Andrii Sybiha 🇺🇦 (@andrii_sybiha) February 24, 2026
Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха објави порака за добредојде до сојузниците на социјалната мрежа Икс.
„Добредојдовте во Киев, драги сојузници, и ви благодарам што денес стоите со Украина, како што правевте за време на четири години брутална руска тотална војна. 24 февруари 2022 година засекогаш ја подели историјата на Европа на ‘пред’ и ‘после’. Симболично е што раководството на ЕУ е со нас денес“, рече Сибиха.
Welcome to Kyiv, dear allies, and thank you for standing with Ukraine today and throughout four years of Russia’s brutal full-scale war.
I was glad to welcome @EU_Commission President @vonderleyen and @eucopresident Antonio Costa at the Kyiv Central.
February 24th, 2022, has… pic.twitter.com/p9v1YJMxOc
— Andrii Sybiha 🇺🇦 (@andrii_sybiha) February 24, 2026
Сибиха ги пречека сојузниците на централната железничка станица во Киев.
„Задоволство ми е што ги пречекувам лидерите на нордиско-балтичките Г8, нашите вистински и блиски сојузници во одбраната на слободата, правдата и вистината. Ви благодарам за вашата силна и непоколеблива поддршка за Украина и нашите заеднички европски вредности и принципи“, напиша тој.
Претходно беше објавено дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, исто така пристигнаа во Киев. Советот на Европа, исто така, ќе ја одбележи четвртата годишнина од почетокот на руската инвазија со низа настани во знак на солидарност со украинскиот народ.
Свет
Пекинг: Преговорите остануваат единствениот одржлив пат кон мир во Украина
Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг, денес изјави дека ставот на Кина за кризата во Украина е конзистентен и јасен и дека Кина ги поддржува сите напори за мир.
Забележувајќи дека вратата за дијалог во украинската криза конечно се отвори неодамна, каде што сите страни водат разговори, таа изјави дека дијалогот и преговорите остануваат единствениот одржлив начин за решавање на проблемот, пренесува Синхуа.
„Се надеваме дека сите страни ќе ја искористат можноста да постигнат сеопфатен, траен и обврзувачки мировен договор, рече Мао на редовната прес-конференција.
„Кина е подготвена да соработува со меѓународната заедница за да продолжи да игра конструктивна улога во промовирањето на политичко решение за кризата“, изјави портпаролката на кинеското министерство.
Денес се одбележува четвртата годишнина од почетокот на војната во Украина, при што борбите на бојното поле продолжуваат заедно со трилатералните мировни преговори што ги започна американскиот претседател Доналд Трамп.

