Црна хроника
Приведени двајца крадци, расчистени три кривични дела
По преземени мерки и активности и обезбедени докази, вчера во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода 35-годишниот Б.О. и 27-годишната М.Ј., двајцата од Скопје, поради сомнение дека сториле три кривични дела, извести МВР.
„Имено, на 18.11.2023 тие извршиле „тешка кражба“ на дрзок начин, при што од жена одзеле чанта, на 04.10.2023 извршиле „кражба“, при што од возило одзеле лап-топ компјутер и на 13.09.2023 извршиле „кражба“, при што од женско лице одзеле мобилен телефон“, соопшти МВР.
Со двајцата биле извршени службени разговори, а по целосно документирање на случаите, во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се запали автомобил во двор во охридското село Лакочереј
Вчера во 13.26 часот во СВР Охрид било пријавено дека во двор во село Лакочереј, Охридско, настанал пожар во патничко возило „опел“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на Л.С. од Охрид.
Екипа од Територијалната противпожарна единица Охрид го изгаснала пожарот, а повредени лица нема. Увид бил извршен.
Црна хроника
Со автомобил тешко повредил жена во Прилеп и побегнал
Вчера во 18.50 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„11 Октомври” во Прилеп, патничко возило удрило во пешакот Ж.М.(56) од Прилеп, по што возачот го напуштил местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ж.М., констатирани во Градската болница Прилеп.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од ОВР Прилеп.
Црна хроника
Паднат и со повреди во подземна гаража во Скопје е најден маж од Велика Британија
Во подземна гаража на улица „Анастас Митрев“ бил пронајден паднат и со повреди Х.К.Р.(58) од Велика Британија.
Како што информира денеска МВР, случајот синоќа, во 21:35 часот, бил пријавен во СВР Скопје. Лицето било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.