Регион
РИК ги отфрли сите приговори за изборите во Србија, некои европарламентарци бараат независна истрага за сите нерегуларности

Републичката изборна комисија на вчерашната седница ги отфрли сите приговори поднесени до тоа тело во врска со спроведувањето на изборите во Србија на ниво на република на 17 декември.
Приговори поднесоа гласачите: Мирослав Паровиќ, Далибор Јеж, Иван Петковски, Вања Божовиќ, Веселинка Краљ, Данко Паскаљевиќ, Бојан Стефановиќ, Љиљана (Бела) Антониќ и Снежана Шошкиќ.
Според претседателот на РИК, Владимир Димитријевиќ, сите претставки се идентични, а се однесуваат на непостапување на РИК во многубројни процеси, што, како што наведуваат подносителите на приговорите, придонело за загрозување на изборниот процес и го направило нелегитимен. Во приговорите се наведува и дека РИК постапила спротивно на уставното писмо, во кое се вели дека Косово е составен дел на Србија.
Констатирано е и дека РИК не го санкционирала однесувањето на претседателот на Републиката и не направила ништо во однос на појавата на фантомски гласачи и купување гласови. Подносителите на претставката побараа изборниот процес да се поништи во целост бидејќи сметаат дека во спротивно новото свикување на Собранието ќе биде нелегитимно.
Димитријевиќ објасни дека приговорите се отфрлени бидејќи биле поднесени од неовластени лица.
Европратеници: Повикуваме на независна истрага за сите пријавени изборни нерегуларности, целосна поддршка за граѓаните на Србија
Членовите на Социјалдемократскиот клуб во Парламентот на ЕУ повикуваат на независна истрага за сите пријавени нерегуларности на изборите на 17 декември и истовремено изразуваат целосна поддршка за народот на Србија, кој бара правда, демократија и европска иднина, се вели во нивното соопштение.
Социјалдемократите, втората по големина група во Парламентот на Европската Унија, изјавија дека изборите му донесоа нова победа на претседателот Вучиќ и на неговата СНС, но дека веродостојните извештаи за изборна измама и наводите за невидено насилство предизвикуваат сериозна загриженост.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Запален штаб, солзавец, шок бомби – масовни протести во Србија

Синоќа имаше смасовни протести во повеќе градови низ Србија, меѓу кои Белград, Ваљево, Милановац, Книќ и Нови Сад.
Пред седиштето на Српската напредна партија (СНС) во Ваљево демонстранти со качулки и покриени лица фрлаа пиротехнички средства, по што избувна пожар во дел од просториите. Огнот беше изгаснат со интервенција на противпожарните екипи и демонстранти. Искршен е влезот на Општина Ваљево, а полицијата употреби солзавец.
Во Милановац неколку стотици граѓани фрлаа тоалетна хартија кон просториите на СНС, додека во Нови Сад беа искршени прозорци со шишиња и други предмети. Во Нов Белград полицијата употреби солзавец и шок бомби, а демонстрантите се обидоа да стигнат до седиштето на СНС.
Протестите следат по повеќемесечните студентски блокади, а сега целта е промена на власта. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека нема да има предвремени избори и ги нарече протестите управувани однадвор.
Регион
Црна Гора се бори со пожари

Седми ден по ред пожарите во Црна Гора не стивнуваат, а најкритично е во Подгорица, каде што и покрај тоа што ситуацијата е под контрола.
Началникот на Дирекцијата за цивилна заштита и намалување на ризици од катастрофи, Љубан Тмушиќ, соопшти дека најзагрозени области се Пипери и Кучки Корита. – Во овие подрачја се ангажирани сите расположливи ресурси – 12 возила и 42 пожарникари, рече Тмушиќ.
Посебна закана претставуваат и таканаречените „подземни пожари“ кои се активираат со пораст на температурите.
Во гаснењето се вклучени и армијата, како и помош од странство – Србија испрати хеликоптер, а вчера пристигна и швајцарски тим со 26 пожарникари и четири специјализирани возила. Поддршка дава и хеликоптер од Чешка.
Регион
Еди Рама вети бесплатни нови куќи за оние кои во пожарите ги загубија своите домови

По катастрофалните пожари кои деновиве зафатија делови од Албанија, уништувајќи домови и имоти, премиерот Еди Рама излезе со силно и директно ветување до сите настрадани граѓани. Во објава на социјалните мрежи, тој најави дека државата целосно ќе ги обесштети сите што претрпеле штета, вклучително и бесплатна обнова на секој уништен дом.
„Кој и да го изгубил својот дом, ќе го обновиме бесплатно, кој и да изгубил добиток, ќе го рефинансираме еден по еден“, напиша Рама на социјалните мрежи.
Оваа мерка, како што појасни министерот за одбрана Пиро Венгу, ќе се спроведува преку општините. Ќе се формираат посебни комисии за проценка на штетите на куќи, инфраструктура, бизниси и земјоделски култури, по што ќе следува обештетување од општинските фондови за цивилна заштита, поддржани од државниот буџет.