Свет
Зеленски: Армијата бара мобилизација на уште половина милион луѓе

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека украинската армија побарала да се мобилизираат меѓу 450.000 и 500.000 луѓе.
„Прашањето е многу чувствително. Армијата укажа на недостигот на работна сила и побара мобилизација на дополнителни 450.000 до 500.000 луѓе. Тоа е сериозна бројка“, рече Зеленски на прес-конференција, пренесува „Украинска Правда“.
Тој додаде дека воените и владините претставници ќе разговараат за ова „чувствително прашање“, по што парламентот ќе ја разгледа дополнителната мобилизација и посочи дека за таква масовна мобилизација ќе бидат потребни дополнителни средства.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп повика војската да се справи со „внатрешниот непријател“ во американските градови

Американскиот претседател Доналд Трамп одржа 72-минутен говор пред највисоките воени лица на базата Квантико, Вирџинија, во кој предложи американските градови да се користат како обуки терени за војската. Овој потег претставува радикално отстапување од долгогодишната традиција на раздвојување на војската од политиката.
Трамп ги нарече градовите, како Портланд, Лос Анџелес, Сиетл и Вашингтон, опасни и воени зони повикувајќи ги воените лидери да се справат со непријателот однатре пред ситуацијата да излезе од контрола. Тој веќе нареди распоредување на Националната гарда во неколку градови, а најави можни интервенции и во Чикаго, Атланта, Балтимор и во Њујорк.
„Внатрешните градови се голем дел од војната“, рече Трамп додавајќи дека нема да се двоуми да ги заштити луѓето од чумата што доаѓа однатре.
Настанот, кој чинеше милиони долари, ги собра речиси сите генерали и адмирали од активни борбени зони. Министерот за одбрана Пит Хегсет ги охрабри војниците да се дистанцираат од цивилното општество и од политичката коректност нарекувајќи ги класа над цивилите.
Говорот содржеше и низа политички пораки, меѓу кои критики кон Џо Бајден, имигрантите, медиумите и концептите за различност и инклузија. Трамп го нарече новото Министерство за војна клучно за одржување на редот во земјата алудирајќи на историски примери на домашна употреба на војската, но во контексти многу поинакви од денешните.
Фото: принтскрин
Свет
Талибанците го исклучија интернетот – авионите приземјени, банките блокирани, болниците едвај функционираат

Животот во Авганистан е речиси парализиран откога талибанската власт го исклучи интернетот на национално ниво. На аеродромот во Кабул владее хаос – авионите не летаат, летовите се откажуваат, а семејства залудно чекаат свои блиски.
Банките се отворени, но не исплаќаат пари бидејќи системите не работат, што е тежок удар за граѓаните што зависат од дознаки од странство. Болниците, полицијата и итната помош се соочуваат со сериозни проблеми.
Властите тврдат дека станува збор за замена на стари оптички кабли, но граѓаните и меѓународната заедница стравуваат дека се воведува широка цензура и дополнителни ограничувања за правата на жените и девојчињата. „Амнести интернешнл“ предупреди дека оваа мерка има катастрофални последици за здравството, образованието и за испораката на хуманитарна помош.
Свет
Поплава во Одеса однесе девет животи, меѓу нив и дете

Најмалку девет лица, меѓу кои и осумгодишно дете, загинаа во украинскиот град Одеса по силно невреме и поплави, соопштија локалните власти.
Спасувачките екипи во текот на ноќта евакуирале стотици жители, а досега се спасени 362 лица. Во поплавите загинале шест жени, двајца мажи и едно дете.
A horrific situation in Odesa these days – 9 people have died as a result of the natural disaster, including a child. My condolences to their families and loved ones. Information is being verified regarding another person whose fate remains unknown.
Ukraine’s State Emergency… pic.twitter.com/cAa5CBNr4V
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) October 1, 2025
Обилните дождови за половина ден предизвикале количина на врнежи речиси еднаква на месечниот просек, што довело до прекини на струја и уривање на дрвја низ регионот.
Одеcка област, која е стратешки важна поради пристаништето на Црното Море, и во минатото била цел на руски напади врз инфраструктура и цивилни зони.