Црна хроника
На Градскиот пазар во Велес одземени над 1.400 пиротехнички средства
Вчера, во 10.50 часот, на Градскиот пазар во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес го лишиле од слобода И. Ќ. (69) од Велес.
При извршен преглед кај него биле пронајдени и одземени вкупно 1.115 разновидни пиротехнички средства. Тој е приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Истиот ден (19.12.2023), при преглед на тезга на Градскиот пазар, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес кај Ц. З. (62) од Велес пронашле и одзеле 300 пиротехнички средства. Со лицето бил извршен службен разговор во Полициската станица Велес и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен скопјанец кој нападнал полицаец
Четириесет и едногодишниот С.Г. од Скопје вчера бил приведен на подрачјето на Карпош.
Според информациите од полицијата, тој физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Млад возач излета од патот Битола-Прилеп, тешко е повреден
Синоќа во полицијата било пријавено дека на регионалниот пат Битола – Прилеп патничко возило „форд ескорт“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.Б. (25) од Прилеп, излетало од коловозот.
Во сообраќајната незгода, возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во Клиничката болница во Прилеп.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола.
Црна хроника
Тешка кражба во продажен објект во Струга
Во Струга, вчера во 13:55 часот на улицата „Ѓорѓи Ѓоргон“, полициски службеници го лишија од слобода е Х.Ќ.(29) од Струга.
Тој се сомничи поради сомнение дека извршил тешка кражба во продажен објект во Струга.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, беа пронајдени и одземени повеќе разновидни производи кои се вратени на сопственикот и по целосно документирање на настанот против сторителот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информираат од МВР.

