Топ
41-годишен маж загина во сообраќајна несреќа во Битолско
Вчера, во 18.53 часот, во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Битола – Маково се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“, со битолски регистарски ознаки, управувано од С. Н. (41) од с. Долно Агларци, општина Новаци, патничко возило „бмв“, со ресенски регистарски ознаки, управувано од Ј. В. (29) од Ресен, патничко возило „рено“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Ј. О. (48) од Битола, и товарно возило „даф“ со полуприколка, со албански национални ознаки, управувано од В. К. (38) од Република Албанија.
Од добиените повреди на местото на несреќата починал возачот С. Н. (41), а лекар од итната медицинска помош констатирал смрт.
Тешки телесни повреди добиле двајца малолетни сопатници во возилото „сеат“ и Д. В. (64) од Ресен, сопатничка во возилото „бмв“, а телесни повреди добиле возачите Ј. О., Ј. В. и М. С. Н. (36) од с. Долно Агларци, сопатничка во возилото „сеат“, констатирани во Клиничката болница во Битола.
Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и екипа на СВР Битола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

