Свет
Жена од Перт го фрлила кучето од височина, потоа се правдала дека му направила услуга
Ејми Џаџ од Перт е осудена на затвор бидејќи минатата година го фрлила својот миленик малтезер од височина. Кучето починало од повредите.
Случаен минувач го пронашол тешко повреденото куче и веднаш го однел на ветеринар, но малтезерот поради тежината на повредите бил успиен.
Овој инцидент се случил во април минатата година, но сопственичката на кучето, Ејми Џаџ (26), денеска е осудена на една година затвор поради суровост кон животните. По падот од височина, кучето имало внатрешно крвавење, повреда на мозокот, ‘рбетот и на карлицата.
Неколку недели подоцна го признала делото и напишала дека со фрлањето на миленичето му направила услуга на своето куче.
„Не можам да живеам со оваа вина. Го фрлив моето куче од врвот на паркингот во трговски центар, а потоа го гледав како паѓа до смрт. Тоа успеа да преживее, но требаше да заспие поради тоа што му го направив. Го убив моето куче и вистината мора да излезе на виделина. Ме искина вината, не можам повеќе да живеам во лаги. Сега кога сите ја знаат вистината, можам да се смирам и да престанам да лажам“, напиша таа на „Фејсбук“.
Нејзината објава предизвика големо внимание на социјалните мрежи.
Во моментот на нападот со неа бил и нејзиниот свршеник, кој е осуден на глоба и три години не смее да поседува домашно милениче.
На снимката од надзорните камери може да се види како Ејми му дозволува на животното да оди на работ од покривот на паркингот, а потоа го зема миленичето и го фрла од височина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Земјите-членки на Одборот за мир ќе обезбедат повеќе од пет милијарди долари за Појасот Газа
Претседателот на САД, Доналд Трамп најави дека земјите-членки на новоформираниот Одбор за мир на првиот состанок в четврток же издвојат повеќе од пет милијарди долари помош за обнова на Појасот Газа.
Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“ објави дека земјите-членки ветиле дека ќе испратат илјадници сили за стабилизација, одобрени од Обединетите нации и локалната полиција во палестинската енклава.
Тој наведе и дека првиот „формален состанок на групата“, ќе се одржи во Институтот за мир „Доналд Џ. Трамп“, кој Стејт департментот неодамна го преименува по претседателот.
Се очекува да присуствуваат делегации од повеќе од 20 земји, како и шефови на држави.
Свет
Во израелски напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 11 луѓе
Во израелски напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 11 луѓе. Израел тврди дека нападот е одговор на кршењето на примирјето од страна на Хамас.
Според палестински медицински извори, во израелскиот воздушен напад врз шаторски камп, каде се сместени раселени семејства загинале најмалку четири лица. Во друг напад врз Кан Јунис загинаа пет луѓе, а при напад во северниот дел на енклавата убиен е уште еден човек.
Портпаролот на Хамас, Хазем Касем изјави дека Израел извршил уште еден „масакр“ врз раселените Палестинци, нарекувајќи го инцидентот сериозно прекршување на прекинот на огнот неколку дена пред првиот состанок на Советот за мир на американскиот претседател Доналд Трамп.
Израелски воен претставник наведе дека нападите биле „прецизни“ и во согласност со меѓународното право, додавајќи оти Хамас постојано го крши договорот за прекин на огнот, постигнат во октомври минатата година. Според него, вооружени лица вчера излегле од тунел на израелска страна во областа Беит Ханун.
Касем ги повика учесниците на првиот состанок на новиот меѓународен Совет за мир во Појасот Газа да извршат притисок врз Израел да престане да го крши прекинот на огнот и да го спроведе договорот без одложување.
Свет
Поплави и свлечишта во јужна Италија
Јужниот дел на Италија е погодена од уште еден средоземен циклон што предизвика поплави и лизгање на земјиштето.
Поради бурата Оријана во Калабрија, Сицилија и Сардинија наредена е евакуација на населението.
Италијанската противпожарна служба соопшти дека за 72 часа добиле 2.000 повици за помош.
Оријана ја погоди Италија откако го погоди Иберискиот Полуостров. Тоа е втора бура што ја погоди јужна Италија по циклонот Хари кон крајот на јануари.

