Економија
Николовски ги повика земјоделците што не се пријавиле за субвенции да го сторат тоа, рокот ќе се продолжи за пет дена
Место до 25 декември, рокот за аплицирање за субвенции за земјоделците денес ќе биде продолжен за пет дена и ќе трае до 30 декември. Министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, ги повика земјоделците што досега не аплицирале да пополнат барања.
„Ги повикувам земјоделците што не се пријавиле за субвенции да го искористат последниот рок. На денешната седница на Владата тој рок ќе го промениме и до 30 декември сите земјоделци што оствариле производство треба да го пријават производството на начинот на кој е пропишано. Барањата се поднесуваат во електронска форма со најава на системот преку линкот директни плаќања и субвенции на веб-страницата за финансиска поддршка во земјоделството. Со измената на рокот, која денеска ќе ја направиме, ќе дадеме дополнителни пет дена, наместо 25 декември, рокот ќе биде до 30 декември за поднесување барања за оствареното производство, кое како кампања првпат се спроведува“, рече министерот Николовски.
2023 година, според министерот, е историска година затоа што првпат по дваесет години откако функционира моделот за субвенционирање преку новиот модел воведен оваа година 30 % од субвенциите ќе бидат исплатени предвреме.
„Земјоделците нема да се чекаат до 2024 година, туку до 31 декември над 40 илјади земјоделци првпат ќе добијат 30 % авансна исплата. Преостанатиот дел од субвенциите ќе бидат исплатени во согласност со моделот што го направивме на редовна, навремена и неселективна исплата“, рече министерот денес при посетата на Делчево.
Пополнето барање за субвенции земјоделците треба да го отпечатат и потпишано да го достават во писмена форма или преку пошта во архивата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

