Скопје
Арачиново повеќе не е црна овца, арачиновци плаќаат данок, вели Ибраими
Девизата дека арачиновци не плаќаат данок е веќе минато, велат надлежните во оваа општина.
И ова, како што е појаснето, се случува со доаѓањето на новиот градоначалник Ридван Ибраими на чело на Општината кога работите почнале драстично да се менуваат и дека од ден на ден Арачиново бележи само успеси во сите сфери, а тоа го потврдуваат и релевантни меѓународни организации.
Градоначалникот на Арачиново, Ридван Ибраими, денеска ги презентира податоците за 2023 година во делот на собрани даноци.
Општина Арачиново од вкупно 2.675 регистрирани домаќинства успеала да инкасира над 6 милиони денари по основ на локални даноци, што во споредба со 2022 е 422 % раст.
Преставникот на УСАИД, Бардил Марку, на денешната презентација во однос на соработката и резултатите за општина Арачиново ја нарече општината „успешна приказна“.
УСАИД исто така ја пофали Општина Арачиново и во делот на фискалната транспарентност како општина со најголем раст во 2023 година.
Според најновите истражувања, Општина Арачиново од 16 максимални индесни поени, освоила 12, што е најголем раст, а исто така Арачиново бележи значително голем раст и во активната транспарентност.
На крајот од денешната презентација, како што рече и самиот градоначалник Ридван Ибраими, Арачиново не е веќе црна овца, туку денес добиват пофалби и се мерат со многу поголеми и финансиски посилни општини.
„Нашето домаќинско работење денес ги бележи првите позитивни резултати благодарение на помошта и соработката со многубројни меѓународни организации, а посебно со УСАИД, која во секој момент покажува спремност да ни помогне“, рече тој.
Ибраими им честита и им се заблагодари на општинската администрација и особено на граѓаните на Арачиново за постигнатите резултати.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Пронајдено лице што вчера се изгубило на Водно
Регионалниот Центар за управување со кризи – Скопје информира дека на бројот 112, вчера во 15:23 часот била добиена пријава за изгубено лице во Парк – шумата Водно.
Веднаш биле известени надлежните за нивна понатамошна постапка, по што лицето било пронајдено за околу еден час.
– Од полициската станица – Карпош во 16:34 часот во ЦУК, добиена е информација дека лице од Водно е на пат за градот, пишува во денешното соопштение на Центарот за управување со кризи.
Скопје
Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково
Дел од корисниците на Волково и Кучково во Општина Ѓорче Петров од 7 до 16 часот ќе немаат електрична енергија.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, прекинот на струја е поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа.
Скопје
Неколку скопски општини утре ќе останат без струја
Без електрична енергија утре од 07:00 до 16:00 часот ќе останат дел од корисниците во населените места Волково и Кучково, општина Ѓорче Петров.
Како што соопшти РЦУК – Скопје, прекинот е поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа.