Свет
Почина еден од ранетите во пукотницата на Карловиот Универзитет во Прага

Еден од ранетите во вооружениот напад на Карловиот Универзитет во Прага кој го изведе 24-годишниот студент Давид К. на 21 декември, им подлегна на здобиените повреди. Бројот на жртвите од ова злосторство се искачи на 15 лица, соопшти чешкиот министер за внатрешни работи Вит Ракусан.
Повреденото лице починало во болница. Меѓу убиените нема странски државјани. Чешката полиција соопшти дека меѓу повредените има двајца државјани на Обединетите Арапски Емирати и еден на Холандија.
Во пукотницата на Филозофскиот факултет во Прага, студентот по историја Давид К. со пушка уби 13 студенти и предавачи, рани 25 лица, па се самоуби. Пред да го изврши овој грозоморен чин Давид К. го убил својот татко во селото Хостуњ кај Прага, а потоа му испратил СМС порака на својот пријател дека ќе се самоубие. Полицијата тргнала во потрага по него и ја евакуирала споредната зграда на Филозофскиот факултет каде што тој имал предавање, но напаѓачот наместо тоа влегол во главната зграда каде немало полиција, донел торба со повеќе оружје и муниција и пукал на четвртиот кат од зградата.
Сторителот на кривичното дело имал дозвола за поседување осум парчиња оружје. Полицијата во Чешка ги засили превентивните мерки за заштита и стави повеќе полицајци на улица отколку во нормални околности. Засилените безбедносни мерки ќе траат најмалку до 1 јануари 2024 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
40 ранети во Израел, двајца критично

Вкупно 40 лица побарале медицинска помош по вечерашниот ирански ракетен напад врз Израел, соопштија локалните здравствени служби. Двајца од повредените се во критична состојба.
Најголем број пациенти се лекуваат во болницата Ичилов во Тел Авив – 18 лица.
Според лекарите, пријавените повреди вклучуваат рани од шрапнели, вдишување чад и состојба на шок.
Свет
Израелската војска: Иран истрела помалку од 100 балистички ракети, повеќето ги пресретнавме

Портпаролката на израелската војска, Ефи Дефрин, рече дека помалку од 100 балистички проектили биле истрелани од Иран кон Израел.
Дефрин рече дека „повеќето од ракетите биле пресретнати од воздушната одбрана или паднале пред да стигнат до израелска територија“.
„Регистрирани се ограничен број погодоци на згради, а дел од штетата е предизвикана од фрагменти од пресретнати проектили“, додаде тој.
Според израелските медицински служби, во нападот биле ранети 40 лица.
Свет
Нетанјаху: Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва и порача на јавноста дека можат да ги напуштат засолништата, откако новиот бран ирански ракети прелета над израелска територија.
„Иранскиот режим никогаш не бил послаб. Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот“, рече Нетанјаху во вечерашното обраќање.
Тој директно им се обрати и на граѓаните на Иран: „Јас сум со вас, израелскиот народ е со вас“, рече тој.
Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац изјави дека Иран „ја преминал црвената линија со лансирање ракети кон израелските цивилни области“ и најави: „Техеран ќе плати висока цена“.
Оваа иранска одмазда следеше по израелските воздушни напади на иранска територија, при што беа погодени нуклеарни постројки и беа убиени високи команданти и научници.