Контакт

Свет

„Смртта ја носел во торба за гитара“ – испливаа нови детали за животот на монструмот од Прага

Објавено пред

Денеска во Чешка е национален ден на жалост по незамисливото злосторство што во четвртокот го изврши 24-годишниот студент Давид Козак на Филозофскиот факултет на Карловиот универзитет.

dobivaj vesti na viber

Граѓаните со едноминутно молчење ќе им оддадат почит и ќе им изразат сочувство на преживеаните. Знамињата ќе бидат на половина копје, а напладне ќе бијат црковните ѕвона. Некои градови ги откажаа настаните, а ТВ станиците ќе ја променат својата програма.
Откако утрото го убил својот татко во семејната куќа во Хостуњ, отишол во Прага на Филозофскиот факултет, каде што убил 14 луѓе и ранил 25. На крајот се самоубил.

Чешките власти се уште ги истражуваат мотивите зад нападот. Сите жртви биле убиени во зградата на Универзитетот, а некои од нив учеле и со напаѓачот. Според полицијата, напаѓачот имал „огромен арсенал оружје и муниција“.

Чешкиот портал „Блеск“ носи нови детали од масакрот. Тие пишуваат дека убиецот секојдневно патувал со автобус до универзитетот во Прага, а дека во последно време превезувал оружје во торба за гитара, но тоа секако никој од неговите сопатници не го знаел. Полицијата соопшти дека тој постепено акумулирал оружје што планирал да го употреби за да убива.

Снегот и мразот ја нагласуваат болната атмосфера во родното место на напаѓачот. На жителите на Хостоуње им е тешко да се помират со фактот дека убиецот го однел својот арсенал оружје од нивното место во колеџот со кој очигледно планирал да изврши уште поголеми ѕверства. Полицијата ја објави информацијата дека оружјето го пренесувал со јавен превоз.
.
Една сосетка ги докажува тврдењата.

„Јас и Давид одевме во Прага со автобус три пати неделно. Во последно време носеше футрола за гитара, но не знаев дека свири. Чудно ми беше“, опиша таа за „Блеск“.

Во шок се и луѓето од околината бидејќи вакво нешто никој не замислил ниту во своите најлуди соништа.

„Тоа беше мирно, угледно семејство. Живееја повеќе за себе, особено таткото на Давид, Станислав. Мајката и сестра му секогаш беа љубезни и пријатни, а тој самиот беше пристојно момче“, велат и се изненадени.

„Нив им беше грижа каков човек ќе стане Давид. Таткото беше строг со него, сакаше да биде одговорен и вреден – нема забави и девојки, мораше да учи“, изјавил еден од блиските соседи.

„ Тоа е страшно. А ние сме само соседи, не можеме ни да замислиме како им е на тие што беа директно засегнати од тоа“, додаваат.

Каде била мајката на напаѓачот во моментите на хорор?

Според познаници, Романа Козак во четврток требало да го подготви својот дом за Божиќ, но непланирано морала да замине на работа. Тоа веројатно и го спасило животот, велат соседите. Засега никој не може да утврди каде била сестрата на Давид во моментот на убиството и пукањето и дали се’ уште живее со семејството.

Мајката вчера успеала да се врати дома со полициска придружба. Според медиумите, семејството добива закани, а полицијата е загрижена за нивната безбедност.

Извор близок до семејството изјави дека мајката е во тешка состојба.

„Во многу тешка состојба е под надзор на психолог, и дадоа седативи, целосно е потресена и скршена“ изјавил изворот за „Блеск“.
.
И вчера луѓето почнаа да палат свеќи пред своите куќи.

„И тука умре невин човек“, рекла една од жените кои ставиле свеќата.

Вчера беше потврдено дека за двојното убиство извршено седум дена пред масакрот во Прага може да биде одговорен и Давид К.

Според „Пражски ден“, вештакот утврдил дека во куќата на убиецот од Филозофскиот факултет бил пронајден пиштолот што го користел убиецот во Клановичката шума кај Прага, каде што биле убиени бебе и неговиот татко.

Свет

„Би-Би-Си“: Поранешниот принц Ендру наплаќал масажи на сметка на даночните обврзници

Објавено пред

Ендру Маунтбатен-Виндзор наплатувал масажи и создавал прекумерни патни трошоци на сметка на даночните обврзници додека ја извршувал функцијата британски трговски претставник, тврдат пензионирани државни службеници кои решиле да проговорат за тоа. Ендру како британски трговски претставник патувал низ светот меѓу 2001 и 2011 година, а неговата улога завршила поради поврзаноста со осудениот педофил Џефри Епстин, пишува Би-Би-Си.

dobivaj vesti na viber

Поранешен државен службеник, кој во раните 2000-ти работел во британското одделение за трговија, толку се спротивставил на барањето на Ендру да му се покријат трошоците за „услуги за масажа“ што одбил да ги плати, но тврди дека претпоставените го присилиле на тоа.

„Сметав дека тоа е погрешно. Реков дека не смееме да го платиме тоа, но на крајот сепак плативме“, изјавил тој за Би-Би-Си, зборувајќи за барање што следело по посетата на Ендру на Блискиот Исток.

Тој додава дека жали што му било дозволено на Ендру да му помине трошокот за масажа, бидејќи тоа можеби било можност да се провери неговото однесување.

„Не можам да тврдам дека тоа ќе го запреше, но требаше да ставиме до знаење дека нешто не е во ред“, додава пензионираниот службеник.

Неговите тврдења ги поткрепува и втор извор, поранешен висок функционер од Вајтхол, кој ги надгледувал финансиите во тој ресор. Тој видел слични трошоци за патувањата на Ендру и вели дека „нема апсолутно никакво сомневање“ во нивната автентичност.

Двајцата поранешни државни службеници сакале да останат анонимни, но одделно разговарале со Би-Би-Си.

Би-Би-Си не видел доказ за наплата на масажи постар од 20 години, но видел документација што потврдува дека свиркачите во тоа време биле на позиции од кои можеле да имаат увид во такви информации.

Прикажи повеќе...

Европа

Путин: Развојот на нуклеарните сили сега е наш апсолутен приоритет

Објавено пред

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека развојот на руските нуклеарни сили сега е „апсолутен приоритет“ откако истече последниот преостанат договор за контрола на оружјето меѓу Русија и САД.

dobivaj vesti na viber

„Развојот на нуклеарната тријада, која ја гарантира безбедноста на Русија и обезбедува ефикасно стратешко одвраќање и рамнотежа на моќта во светот, останува апсолутен приоритет“, рече Путин во видео порака.

Путин зборуваше на Денот на бранителот на татковината на Русија, празник кој традиционално се одбележува со воени церемонии и изрази на патриотизам под покровителство на Кремљ.

Тој најави дека Русија ќе продолжи да ја „зајакнува армијата и морнарицата“ и да го користи искуството стекнато за време на речиси четиригодишната војна во Украина.

Тој рече дека сите гранки на вооружените сили ќе бидат подобрени, вклучително и нивната „борбена подготвеност, мобилност и способност за дејствување во сите услови, дури и во најтешките“.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Трамп го обвини дека е диктатор, Зеленски одговори со насмевка

Објавено пред

Украинскиот претседател Володимир Зеленски возврати на претходните коментари на американскиот претседател Доналд Трамп во кои тој сугерираше дека е диктатор и дека е одговорен за војната, во интервју за Би-би-си.

dobivaj vesti na viber

Водителот потсети на претходните контрадикторни изјави на Трамп, вклучително и онаа во која тој го нарече Зеленски „диктатор“ кој ја започна војната, повторувајќи ги тврдењата на рускиот претседател Владимир Путин.

„Јас не сум диктатор и јас не ја започнав војната. Тоа е тоа“, одговори Зеленски со смеа.

Во интервјуто се осврнаа и на преговорите, вклучувајќи ги посетите на специјалниот претставник на Трамп, Стив Виткоф, на Москва, и загриженоста дека САД би можеле да бидат под влијание на руските наративи.

Зеленски истакна дека Виткоф се среќава почесто со украинската страна отколку со Русија и дека имал повеќе средби со Трамп отколку со Путин.

Тој додаде дека не може да го тврди тоа со сигурност, истакнувајќи дека самиот Виткоф вели дека се сретнал со украинската страна повеќе пати отколку со Русите. Тој исто така истакна дека имал бројни средби со Трамп, додека Трамп се сретнал со Путин само еднаш.

Зеленски рече дека верува оти САД треба да ја сопрат Русија, а не да се обидуваат да ѝ угодат, тврдејќи дека Москва ќе продолжи да мами без оглед на околностите.

Тој заклучи дека Русија дејствува првенствено водена од сопствените интереси.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија18 минути

МВР потврди: Уапсен Артан Груби

На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби. „Денеска (23.02.2026) во...

Европа35 минути

(Видео) Трамп го обвини дека е диктатор, Зеленски одговори со насмевка

Украинскиот претседател Володимир Зеленски возврати на претходните коментари на американскиот претседател Доналд Трамп во кои тој сугерираше дека е диктатор...

Свет44 минути

Силна зимска бура во САД: прогласена вонредна состојба во пет држави

Силна зимска бура го погоди североисточниот дел на САД, поради што е издадено предупредувања за 59 милиони луѓе. Во Њујорк...

Свет1 час

(Видео) Убиен Ел Менчо, најбараниот нарко-бос во Мексико: избувнаа немири

Немесио Осегера Сервантес, попознат како „Ел Менчо“, најбараниот човек во Мексико и водач на моќниот нарко-картел „Нова генерација Халиско“ (CJNG),...

Свет2 часа

Иран и САД ќе ги продолжат разговорите в четврток

Иран и САД ќе одржат трета рунда разговори во Женева в четврток, изјави министерот за надворешни работи на Оман, поради...

Свет2 часа

Кина ја повика Америка да ги укине царините

Кина спроведува „целосна проценка“ на одлуката на Врховниот суд на САД за царините и го повика Вашингтон да ги укине...

Европа2 часа

(Фото) Полицајка убиена во Лавов, 24 ранети; Зеленски: Русија регрутирала напаѓачи преку интернет

Полицајка е убиена, а 24 лица се ранети откако неколку експлозивни направи беа детонирани во Лавов, западна Украина, соопшти полицијата...

Свет13 часа

Иран e подготвен на компромис со САД за да избегне американски напад, објави Ројтерс

Иран кажал дека е подготвен да направи отстапки во својата нуклеарна програма во разговорите со САД, во замена за укинување...

Свет15 часа

Мажот кој се обиде да влезе во имотот на Трамп дигнал пушка во позиција за пукање пред агентите да го убијат

Маж на околу 20-годишна возраст бил убиен откако се обидел нелегално да влезе на имотот на Доналд Трамп во Флорида....

Свет18 часа

Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите

Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ...

Свет20 часа

Унгарија: ЕУ сака утре да го усвои 20-тиот пакет санкции кон Русија, ние ќе го блокираме

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, преку две објави на X повторно ја засили реториката кон Украина поради транзитот...

Свет21 час

Индија го одложи патувањето на трговска делегација во Вашингтон поради нејасности околу царините на САД

Индија го одложи планираното испраќање трговска делегација во Вашингтон оваа недела, главно поради неизвесност по одлуката на Врховниот суд на...

Свет22 часа

(Фото) Трамп објави дека испратил болнички брод на Гренланд, Данска вели дека нема сознанија

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го стави Гренланд во фокусот со објава на Truth Social, тврдејќи дека испраќа голем болнички...

Свет23 часа

(Видео) Први масовни студентски протести во Иран по жестокото задушување на демонстрациите

Студенти на неколку универзитети во Иран излегоа на протести против владата – први вакви масовни собири откако минатиот месец властите...

Свет24 часа

(Фото+видео) Терористички напад во Лвов: загина полицајка, десетици ранети

Најмалку едно лице загина, а десетици други се ранети во експлозии што рано утрово го потресоа западниот украински град Лвов....

Свет1 ден

(Видео) Експлозии во Киев: Русија нападна со балистички ракети, повредени жена и дете

Русија лансираше балистички проектили врз главниот град на Украина, Киев, а во нападите во приградските делови повредени се жена и...

Свет1 ден

„Ова е целосна збрка за целиот свет“, велат експерти за новите царини на Трамп

Одлуката на Доналд Трамп да ја зголеми царината на американскиот увоз на 15 отсто дополнително ја зголемува глобалната нестабилност на...

Економија2 дена

(Видео) Мицкоски: 17 нови проекти вредни 650 милиони евра ќе донесат до 5.000 работни места

Премиерот Мицкоски денеска изјави дека во моментов се во почетна фаза на реализација или во фаза на потпишување договори за...

Економија2 дена

(Фото+видео) Николоски: Со одлична динамика се гради автопатот Гостивар – Букојчани

Задоволство е да се гледа прогрес и да се гледааат добри резултати во изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани. Имаме...

Македонија2 дена

Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски. „Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги...