Свет
(Видео) Моментот на експлозијата на авионот во Токио
Авион на „Јапан ерлајнс“ се запали при слетување на пистата на аеродромот „Ханеда“ во Токио.
На снимката од телевизијата NHK се гледа како пламенот излегува од прозорците на авионот и под него. Запалена е и пистата.
A Japanese Airlines plane seems to have caught fire after crash landing at Haneda Airport
@RadaBoxCom
— Flight Emergency (@FlightEmergency) January 2, 2024
Според првичните информации, во авионот имало 367 патници и сите се безбедно евакуирани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
САД планираат да ја пренасочат испораката на системот „Патриот“ во Украина
Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден планира да ги суспендира сите тековни нарачки за системи за противвоздушна одбрана и ракети-пресретнувачи Патриот и да ја пренасочи нивната испорака во Украина додека не се задоволат одбранбените потреби на земјата, пишува денеска „Фајненшл тајмс“.
Овој потег би можел да биде објавен подоцна во текот на денот, се вели во извештајот на ФТ, цитирајќи три добро информирани луѓе запознаени со потегот.
Како што пренесува Ројтерс, Украина бара американски ракетни системи Патриот кои се покажаа како витални за способноста на Киев да соборува руски балистички и хиперсонични ракети.
Регион
БиХ: Поради високите температури, работата на отворено е прекината од 12 до 17 часот
Министерството за труд и социјална политика на Федерацијата Босна и Херцеговина денеска им препорача на работодавачите дека поради високата температура на воздухот да ја разгледаат можноста за прекин на работата на отворено од 12 до 17 часот.
„Доколку работата на работодавачот е организирана така што не може да се примени оваа мерка, се препорачува работниците кои работат на отворено да започнат со работа од шест часот наутро“, се вели во соопштението на Министерството, пренесува Срна.
Во соопштението се посочува дека работодавачите треба да им обезбедат на работниците посоодветна облека, прилагодена на високата температура, како и користење на годишен одмор за вработените со дијагностицирани хронични заболувања.
Свет
Путин и Лам ја усвоија изјавата за стратешко партнерство меѓу Русија и Виетнам
Претседателите на Русија и Виетнам, Владимир Путин и То Лам, денеска, во Ханој, усвоија изјава за натамошно продлабочување на сеопфатното стратешко партнерство на двете земји по повод 30-годишнината од спроведувањето на руско-виетнамскиот договор за основа на пријателски односи.
За време на посетата на Путин на Виетнам беа потпишани најмалку 11 договори, пренесува ТАСС.
Станува збор за договори за соработка меѓу двете земји во областа на енергетиката, високото образование, правосудните институции, даночните служби и царината.
Потпишан е и договор за изградба на нуклеарен научно-технолошки центар во Виетнам со учество на руската државна корпорација за атомска енергија „Росатома“.
Потпишан е и договор за соработка меѓу Русија и Виетнам во развојот на лабораториска инфраструктура за борба против епидемии.
Ова е петта посета на Путин на Виетнам, а прва од 2017 година.
Путин пристигна во Виетнам во средата вечерта по посетата на Северна Кореја, при што го потпиша договорот за стратешко партнерство со лидерот на таа земја, Ким Џонг-ун.