Свет
(Видео) Патниците панично бегаат од запалениот авион: морничави сцени од пистата во Токио, пожарот го зафати и авионот
Авионот на компанијата „Јапан ерлајнс“ се запали при слетување на пистата поради што итно се евакуирани речиси 400 патници.
Според првичните информации, постои сомневање дека авионот се судрил со друг авион при слетување.
死ぬかと思った pic.twitter.com/S7rDPmyssl
— あ (@alto_maple) January 2, 2024
На социјалните мрежи се објавени видеа на кои се гледа како луѓето панично трчаат по пистата, додека авионот гори во заднина.
BREAKING: Japan Airlines aircraft collided with coast guard plane causing fire. Passengers spotted escaping from burning plane
— Insider Paper (@TheInsiderPaper) January 2, 2024
„Сите патници на летот се евакуирани. Речиси 367 патници се наоѓале во авионот со уште 12 члена на екипажот, што значи дека се евакуирани вкупно 379 лица“, соопштија од „Јапан ерлајнс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Авион се судри со јато птици во Мумбаи
Авионот на авиокомпанијата “Емирати” безбедно слета во Мумбаи, бидејќи непосредно пред слетувањето се судри со јато фламинга. Десетици птици загинаа од ударот на авионот, соопшти авиокомпанијата.
Боинг 777 кој летал на релација Дубаи-Мумбаи се судрил со јато фламинга, а се проценува дека имало околу 300.
Како што потврди портпаролот на компанијата „Емирати“ за Ројтерс, авионот слетал безбедно и сите патници се добро, пренесува РТС.
„Во инцидентот е оштетен авионот. Повратниот лет на овој авион кој требаше да лета за Дубаи е откажан“, изјави портпаролот на компанијата.
Европа
Лидерот на опозицијата во Британија: Изборите се шанса да се стави крај на хаосот на владата на Сунак
Кир Стармер, лидерот на британската опозициска Лабуристичка партија, денеска изјави дека националните избори во јули ќе и дадат шанса на земјата да стави крај на хаосот на конзервативната влада на британскиот премиер Риши Сунак.
„Време е за промени“, им рече Стармер на своите приврзаници откако Сунак објави дека изборите ќе се одржат на 4 јули, објави Ројтерс.
Британскиот премиер Риши Сунак претходно денеска потврди дека националните избори во Британија ќе се одржат на 4 јули.
Сунак додаде дека кралот Чарлс III одобрил распуштање на парламентот и дека изборите ќе се одржат на 4 јули.
Ројтерс претходно објави дека Сунак најавил дека изборите ќе се одржат во втората половина на годината.
Свет
Нетанјаху: Објавата на Ирска, Шпанија и Норвешка за признавање на Палестина „награда за тероризам“
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска ја осуди најавата на Ирска, Шпанија и Норвешка дека наскоро ќе ја признаат независна Палестина како „награда за тероризмот“ и нагласи дека Тел Авив останува решен кога е во прашање победата во Појасот Газа.
Во изјавата, Нетанјаху изјави дека 80 отсто од Палестинците на Западниот Брег „го поддржуваат масакрот извршен од Хамас на 7 октомври“, пишува „Тајмс оф Израел“.
„На ова зло не смее да му се даде земја. Тоа ќе биде терористичка држава. Ќе се обидат да го повторат масакрот од 7 октомври, а ние нема да се согласиме на тоа“, рече тој.
Израелскиот лидер нагласи дека „наградата за тероризмот нема да донесе мир“ и дека одлуката на овие земји да ја поштедат Палестина нема да го спречи Израел да го победи Хамас.
Норвешка, Шпанија и Ирска најавија претходно денеска дека ќе ја признаат палестинската држава на 28 мај.
Како што рече ирскиот министер за надворешни работи Мајкл Мартин, Ирска планира да ја признае палестинската држава врз основа на нејзините граници од 1967 година, кои ги вклучуваат Газа, Западниот Брег и Ерусалим како главен град и на Израел и на Палестина.