Контакт

Македонија

Јакимовски за блокирањето на буџетот: Загрозено е давањето услуги на граѓаните во Карпош

Објавено пред

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, денеска, ја предупреди јавноста дека поради блокирањето на буџетот од страна на некои од советниците, доведени се во сериозна опасност работењето на Општината и давањето на услугите на граѓаните во Карпош.

dobivaj vesti na viber

Со блокирањето на буџетот, како што рече Јакимовски, директно се загрозува локалната власт.

„За жал, можеме да видиме како неодговорни луѓе си играат со државата. Имаме законодавна, судска, извршна и локална власт. Ова е класично загрозување на една власт, а тоа е локалната, во конкретниот случај Општина Карпош. Ниту граѓаните ниту вработените немаат фајде од тоа што некој ќе им каже дека ги разбира и дека нивниот револт е оправдан. Постојат закони што политиката ја ставиле во одредена рамка и кога на политиката главата ќе ѝ биде премногу вжештена и кога ќе прават премногу глупости, тогаш настапува законот. За жал, никој не ги почитува законот и обврската на Советот на Општина Карпош, на претседателот на Советот, на 31.12. да донесе или буџет или да донесе одлука за привремено финансирање. Во конкретниот случај ниту е донесен буџет ниту е донесена одлука за привремено финансирање“, рече Јакимовски.

Освен што е во опасност реализирањето на сите програми на Општината, вели тој, во сериозна неизвесност е доведена и исплатата на платите, па дури и работните места на вработените во градинките, училиштата, во општинската администрација и на привремено вработените.

„Со тоа се доведени во опасност сите програми на Општина Карпош, што значи дека нема да може да се даде сервис и услуга на граѓаните, да не може вработените да земат плата. Дури и да доаѓаат и да земаат плата, кои се ефектот и ќарот на граѓаните на општина Карпош ако вработените само земаат плата, а не се остваруваат програмите, односно, ако не се поправаат светилките, ако не се поправа урбаната опрема, ако не се решава запушената канализација и сите други потреби што ги имаат граѓаните на општина Карпош. Имаме сериозен проблем. Не може да се донесат правни акти, кои ќе важат ретроактивно. Од друга страна, тврдењата ‘да не се грижат вработените, тие ќе земаат плата ако прејдеме на привремено финансирање’, тоа значи дека минатата година ова време сме имале 40 проценти помала плата од она што сега ја земаме. Тоа значи дека овие луѓе ќе треба да земат 40 % помала плата, а тоа значи дека треба да донесеме нова одлука за помал бод. Штом ќе биде тој бод помал, ако ја исплаќаме така платата два месеца, нема теоретска шанса во март, април или кој било друг месец да имаме повисок бод од тој што го утврдила државата. Тоа значи дека овие луѓе трајно ќе останат без тие пари, односно ќе мора да го надоместуваат по судски пат. Ете тоа е ќарот на Општина Карпош од луѓе што се крајно неодговорни, кои се залутани во оваа работа. Згора на тоа, Општината не е надлежна да донесе одлука колкав ќе биде бодот на вработените во градинките и училиштата. И тие ќе имаат 40 % помали плати, а ние нема да можеме за тоа да донесеме одлука. Значи, овие луѓе влегоа во еден правен лавиринт за што им кажувавме дека ќе дојдеме во сериозна опасност. Мислам дека ги претераа сите можни граници на едно нормално, па дури да кажам и ненормално функционирање на политиката. Партиите, кои се најодговорни за оваа работа, сносат одговорност. Јас не можам да им се изначудам на колегите од Левицата, кои за претседател имаат универзитетски професор по право, да прибегнуваат кон вакви политички одлуки, кои го суспендираат правото. Во тој дел мислам дека најголема е нивната одговорност“, нагласи Јакимовски.

 

Македонија

Сиљановска-Давкова прими претставници на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија

Објавено пред

Фото: принтскрин

На Светскиот ден на дијабетесот, 14 Ноември, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими претставници на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија – СЗДМ со кои разговараше за главните проблеми и предизвици со коишто се соочуваат.

dobivaj vesti na viber

Тие ја запознаа со личната карта на организацијата, којашто застапува 23 здруженија од земјава посветени на превенцијата од дијабетес, како и грижата и заложбите за унапредување на квалитетот на животот на дијабетичарите.

Имајќи предвид дека во државава се регистрирани 142 илјади пациенти, од кои 42 илјади се на инсулинска терапија, соговорниците се согласија дека е неопходно итно спроведување на современи превентивни, континуирани и квалитетни програми, со коишто не само што се штитат нивното здравје и живот, туку рапидно се намалуваат трошоците.

Претставниците на Сојузот ја запознаа претседателката со приоритетите во борбата со оваа опака болест како што се: потребата за добивање на сензори, oдносно CGM системи за секое лице со Тип1 дијабет. Тие ја посочија и нужноста од достапност на современата инсулинска и анти-дијабетна терапија, од превентивни прегледи низ државата, како и од создавање отворен пазар за медицинските помагала – ленти и гликомери, како предуслов за конкуренција и подобар квалитет, со оглед на досегашните тешки, а напати и ризични искуства.

Претседателката беше информирана и за соработката на СЗДМ со надлежните институции, како и за активностите во рамки на Меѓународната дијабетес федерација во којашто членуваат 251 национални организации од 158 земји во светот каде што се бележи растечки тренд на новодијагностицирани.

Укажувајќи на важноста од подигнување на свеста за здравствената закана што ја носи дијабетесот, Сиљановска-Давкова изрази целосна поддршка за напорите на Сојузот и ја истакна важноста да се изнајдат системски решенија што конкретно ќе придонесат во обезбедувањето на поквалитетен живот за лицата со дијабетес во државава.

Прикажи повеќе...

Македонија

Алиу: Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ е врвна установа

Објавено пред

Фото: Министерство за здравство

„Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ е врвна установа во нашата држава во оваа област. Со заеднички заложби со раководството во континуитет работиме на унапредување на условите за оваа специфична категорија пациенти“, порача министерот за здравство Азир Алиу на отворањето на првата меѓународна конференција за геријатриска и палијативна медицина со меѓународно учество, која се вчера се одржа во Скопје.

dobivaj vesti na viber

Министерот Алиу потсети дека во изминативе неколку месеци оваа установа е зајакната со стручен кадар, односно дека се вработени вкупно 48 лица, од кои 23 негуватели, 22 хигиеничари, двајца возачи и еден лаборант.

„Во моментов, еден доктор е упатен на специјализација по интерна медицина и двајца доктори специјалисти на супспецијализација по геријатриска медицина. За следната година се планирани уште две супспецијализации по геријатриска медицина“, рече министерот Азир Алиу.

Тој истакна дека за оваа специјализирана болница е обезбедена нова медицинска и немедицинска опрема, како што се eлектрохируршка единица на радиобранови, крио-спреј, парен автоклав – воден стерилизатор, болнички наткасни со масички за хранење и справи за физикална терапија.

„Како министер за здравство сакам да креирам политики базирани на податоци и на потреби. Како што популацијата и демографијата се менуваат, така со менувањето на граѓанинот треба да се менува и инфраструктурата на здравството. Така што ќе креирам и понатаму политики кои се потребни за оваа популација и развој на инфраструктура која е потребна“, рече министерот Азир Алиу.

Прикажи повеќе...

Македонија

Грин Машинс со мотото „Green Force“ ги претстави своите електрични модели на Ecomondo 2025 во Римини

Објавено пред

Грин Машинс учествуваше на саемот во Италија ECOMONDO 2025, водечкиот италијански настан посветен на зелени технологии, рециклирање и одржлив урбан развој.

dobivaj vesti na viber

На штандот беа изложени целата палета електрични комунални возила на Грин Машинс, вклучувајќи најсовремени решенија за урбано чистење, компактни машини за тесни градски зони, високо продуктивни sweepers со нулта емисија, како и нови технолошки надградби кои нудат пониска бучава, пониски оперативни трошоци и целосно „зелено“ работење.

Тимот на Грин Машинс на ECOMONDO одржа низа состаноци со партнери, дилери и големи комунални оператори од цела Италија и Европа. Беа презентирани најновите подобрувања во батериската технологија, автономните функции и паметните системи за управување со комунални возила.

Оваа година, штандот на Грин Машинс беше брендиран со мотото „GREEN FORCE“, кое привлече внимание од посетителите и придонесе за силна видливост и препознатливост на брендот во рамките на саемот.

Успешното учество ја потврдува стратегијата на Green Machines да го зајакне своето присуство на европскиот пазар, со посебен акцент на земјите кои активно инвестираат во декарбонизација и современи еколошки решенија за урбано чистење.

Green Machines продолжува со демонстрации, обуки и теренски презентации низ Европа во текот на 2025 година, со цел да ги поддржи градовите и операторите во транзицијата кон поодржлива и поефикасна урбана инфраструктура.

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија22 минути

Алиу: Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ е врвна установа

„Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ е врвна установа во нашата држава во оваа област. Со заеднички...

Економија56 минути

ССМ: Народните избраници со плата од над 2.000 евра ќе убедуваат дека работниците со 397 евра минимална плата живеат добро

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) повторно реагира дека минималната плата во земјава е најниска во регионот – 397 евра,...

Македонија2 часа

Синоќа заседаваше Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, донесени се неколку одлуки

Синоќа заседаваше Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Донесени биле повеќе одлуки во најголем дел активно поврзани со тековните подготовки за претстојниот...

Македонија3 часа

Од денеска задолжителна зимска опрема за возилата

Од денеска стапува во сила обврската за задолжително користење на зимска опрема за возилата. Оваа обврска ќе трае до 15...

Македонија4 часа

Времето денеска сончево, со температури до 19 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југозападен правец. Минималните...

Македонија14 часа

Кренар Лога се повлече од Алијансата за Албанците и од сите партиски функции

Поранешниот министер за правда, Кренар Лога, објави дека се повлекува од партискиот живот и од сите функции што ги извршувал...

Македонија18 часа

Град Скопје го усвои ребалансот на Буџетот: предвидена набавка на 80 нови автобуси, реконструкција на улици, паркови

На денешната седница на Советот на Град Скопје беше усвоен ребалансот на Буџетот со еден глас против и еден воздржан....

Македонија21 час

(Видео) Кузеска: Итно да се објави целиот извештај за непотребните операции на срце

Се соочуваме со еден од најголемите скандали во здравството во историјата на државата. Министерот за здравство јавно соопшти дека се...

Топ22 часа

Осум дена притвор за насилникот кој претепа и му се закануваше со нож на дете во Скопје

Судот определи притвор од осум дена за насилникот кој нападна и му се закануваше со нож на 12-годишно дете во...

Македонија22 часа

Гаши за барањата за датумот на одржување на изборите: Собранието постапува само врз основа на рокови

Во врска со сите барања и прашања што се однесуваат на одредувањето на датумот за изборите за градоначалник во Гостивар,...

Македонија23 часа

Коцевски алармира: Недостигаат финансиски средства и кадар, вработените во обвинителствата работат со натчовечки напори

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски, денеска, пред пратениците алармира за состојбата во која се наоѓаат обвинителствата. Тој укажа дека недостигаат финансиски...

Македонија1 ден

Судиите со остра критика до Мицкоски: Вашите коментари ја преминаа границата на добро однесување

Судиите упатија остра критика до премиерот Христијан Мицкоски во врска со неговите изјави дека моралот не му дозволува да се...

Македонија1 ден

Лекарите открија 10 непотребни операции на срце или неправилно упатени пациенти, засега велат дека не е етички да ги кажат болниците

Непотребно оперирани или неправилно упатени пациенти се пронајдени во десет од анализираните 19 случаи на кои работи домашната комисија формирана...

Македонија1 ден

„Минималната плата оди на 26.400 денари, почнува новата економска ера“, велат од „Влен“

„По плебисцитната победа на локалните избори, каде што граѓаните албанци во секоја општина јасно ја искажаа својата доверба во ВЛЕН,...

Македонија1 ден

„Скандалот со ИПАРД води до врвот на власта на Мицкоски“: СДСМ бара проширување на истрагата

„Корупцискиот скандал со ИПАРД фондовите не е изолиран случај, туку доказ за длабоко вкоренет, организиран систем на злоупотреби создаден и...

Македонија1 ден

„Поранешни соработници му го свртија грбот на Филипче поради недоверба во него и влијанието на Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Расте незадоволството во СДС и потребата од итни реформи во врвот на СДС. СДС е во длабока криза која е...

Регион1 ден

(Фото) Турски пилот загина во Хрватска, а преживеа пад на авион пред 2,5 месеца

Авионот „Ер Трактор АТ-802“ се урна во близина на Сењ, додека беше на повратен лет помеѓу Риека и Загреб, соопшти...

Свет1 ден

Поранешен шеф на МИ6: Путин не е подготвен за договор со Украина

Поранешниот шеф на британската разузнавачка служба МИ6, Ричард Мур, изјави дека проценките на разузнавањето покажуваат дека рускиот претседател Владимир Путин...

Европа1 ден

(Фото) Русија го нападна Киев со стотици дронови и ракети: десетици повредени

Русија изврши масовен воздушен напад врз Киев во ноќта помеѓу 13 и 14 ноември, користејќи стотици беспилотни летала и повеќекратни...

Европа1 ден

(Видео) Гори руски нафтен терминал на Црното Море: Украинците го нападнаа со дронови

Украински дронови го нападнаа рускиот пристанишен град Новоросијск во Краснодарскиот крај преку ноќ, оштетувајќи нафтен терминал и предизвикувајќи голем пожар,...