Свет
Вашингтон не гледа докази за геноцид во Газа
Портпаролот на американскиот Стејт департмент, Метју Милер, изјави дека Соединетите Американски Држави сметаат дека ниедна акција во Газа не е геноцид коментирајќи го почнатиот судски процес на Јужна Африка против Израел пред Меѓународниот суд на правдата, кои го обвинуваат Израел за геноцид во Појасот Газа.
Милер рече на редовната прес-конференција: „Овие тврдења мора внимателно да се проверат. Не гледаме никакви активности што претставуваат геноцид. Тоа е она што го утврди Стејт департментот“.
Белата куќа исто така ја смета тужбата на Јужна Африка пред Меѓународниот суд на правдата, во која го обвинува Израел за геноцид врз Палестинците во Појасот Газа за „неоснована“ и „контрапродуктивна“.
Портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, рече: „Оваа тужба не се заснова на никакви факти“.
Судот соопшти дека ќе одржи јавни сослушувања на 11 и 12 јануари на барање на Јужна Африка, а Израел рече дека ќе се брани од обвиненијата.
Тековната израелска агресија врз Газа резултира со убиство на повеќе од 22.000 Палестинци, главно жени и деца, и уништување голем дел од Појасот и предизвика хуманитарна катастрофа за 2,3 милиона жители.
Меѓународниот суд на правдата е основан по Втората светска војна и е највисокото правосудно тело на Обединетите нации, кое им суди на државите во меѓусебни спорови. Иако одлуките на судот се правно обврзувачки, тој нема големи овластувања да ги спроведе во пракса.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел објави фотографија од 33 заложници што Хамас треба да ги ослободи
Израел на официјалната страна на „Икс“ објави фотографија од 33 заложници што Хамас етапно треба да ги ослободи во слендите недели, во согласност со Договорот за прекин на огнот.
Иако утрово примирјето требаше да почне, истото се одложи бидејќи Хамас навремено не ја доставија листата на заложниците што ќе ги ослободат во текот на денот, како што е превидено.
❤️🎗️
We are waiting for each and every one of you. pic.twitter.com/hys5TbvqU8
— Israel ישראל (@Israel) January 19, 2025
Свет
Хамас ги објави имињата на тројцата заложници кои треба денес да бидат ослободени
Хамас ги соопшти имињата на тројцата израелски заложници кои први треба да бидат ослободени во текот на денот, се вели во изјавата на портпаролот на вооруженото крило на Хамас, Абу Обаида.
Израел го добил списокот на заложниците што Хамас ќе ги ослободи в недела, изјави израелски висок функционер за Си-Ен-Ен.
Израелската војска претходно соопшти дека планираниот прекин на огнот нема да стапи во сила додека Хамас не ги соопшти имињата на заложниците што ќе ги ослободи во недела.
(Обновено)
Свет
Трамп пристигна во Вашингтон
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп вчера вечерта пристигна во Вашингтон на почетокот на прославите за неговото враќање на власт, два дена пред церемонијата на неговата инаугурација.
Трамп пристигна од Флорида со авион на американското воено воздухопловство испратен од претседателот во заминување Џо Бајден. Со него на летот во саботата беа неговата сопруга Меланија, ќерката Иванка и нејзиниот сопруг Џаред Кушнер.
По пристигнувањето на аеродромот Далес, Трамп отпатува до својот голф клуб во Стерлинг, Вирџинија, на околу 50 километри од Вашингтон.
Таму, заедно со 500 гости, го забавуваше имитаторот на Елвис, Лео Дејс, по што следеше огномет.
Пред да пристигне во Вашингтон, Трамп во телефонски разговор за Ен-Би-Си вети дека ќе потпише рекорден број извршни наредби веднаш по положувањето заклетва. Тој рече дека може да има околу стотина од нив.
Депортирање милиони илегални имигранти, зголемување на тарифите за соседните Мексико и Канада и ривалската Кина, дерегулацијата на енергијата и климата, помилувањето на своите поддржувачи за нападот на Капитол во јануари 2021 година, Доналд Трамп најави дека ќе повлече многу од одлуките и политиките на неговата претходникот Џо Бајден.