Скопје
Потпишан Меморандум за соработка меѓу Општина Гази Баба и Хабитат Македонија

Градоначалникот Тони Трајковски и Зоран Костов, извршен директор на Здружението за хумано домување Хабитат Македонија, во понеделник потпишаа Меморандум за соработка.
Целта на соработката е воспоставување на евиденција на колективните станбени згради и управители, подобрување на енергетската ефикасност и управувањето со станбените згради на територија на општина Гази Баба.Покрај воспоставувањето на Регистар на станбени згради и Регистарот на управители на станбените згради, ќе се обезбедат совети за подобрувањето на квалитетот на домувањето во колективните станбени згради, значењето на енергетската ефикасност и управувањето со колективните станбени згради.За време на реализирањето на овој Проект, ќе се организира обука на тимовите кои на терен ќе ги спроведуваат активностите, каде ќе се направи системска евиденција на станбените згради и управителите, како и собирање на податоци за градежните и енергетските карактеристики на станбените згради, кои ќе се внесуваат електронски и со тоа ќе се направи електронска база на податоци, кои ќе бидат од големо значение за граѓаните и општината. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска делови од Центар, Гази Баба, Бутел и Ѓорче Петров

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Питу Гули од бр. 4 до бр. 20. (општина Центар)
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од село Стајковци. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од ул. Рокомија. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од улиците Ибе Паликуќа и Воин Драшковиќ. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради уличен дефект од ф – 80 мм на улицата Пиринска бр. 45 без вода ќе останат дел од корисниците од улиците Ленинова и Чедомир Миндеровиќ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот.
Македонија
Костовски: Нов модерен затворен базен во Бутел

Актуелниот градоначалник на Бутел и кандидат на локалните избори од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски им најави на граѓаните на Општината дека ќе добијат уште еден затворен базен во Бутел 1.
„Покрај затворениот базен кој се гради во дворот на ООУ „Ацо Шопов”, уште еден ќе се изради во дворот на ООУ „Св. Климент Охридски”.
Овој објект ќе биде симбол на она што претставува здрав живот за нашите деца.
Од моментот кога станав градоначалник на општина Бутел ветив дека грижата за нашите деца ќе биде мојот фокус.
На мое задоволство, покажавме дека со ефикасна работа и јасна визија можеме да го забрзаме развојот на спортската инфраструктура во нашата општина.
Пливањето како спорт има огромно значење за здравјето и развојот на младите генерации.
Со ова овозможуваме не само услови за развој на спортски таленти, туку и простор за рекреација и здрав живот за сите жители на општината.
Со силна динамика и посветеност ќе продолжиме да ги создаваме потребните услови за подобар живот и развој на граѓаните на општина Бутел“, вели Костовски.