Македонија
Владата требаше веднаш да ги суспендира директорите на М-НАВ и да именува експерти, велат од Демократски сојуз

Судот потклекна под притисокот на ДУИ и не определи притвор за насилниците од ДУИ кои неовластено упаднаа во контролната кула за летање, физички нападнаа контролори и ја загрозија безбедноста на воздушниот сообраќај, велат од Демократски сојуз.
„Ако за ова тешко кривично дело нема притвор за насилниците кои можат да го повторат делото, да влијаат на сведоците или да ја напуштат државата (сите имаат повеќе пасоши и други документи за идентификација), како што веќе четворица се недостапни, тогаш не знаме што треба да се случи за државните институции да профункционираат. Граѓаните со огромно разочарување и револт ги следат случувањата со контролата на летање и не можат да веруваат што се случува во и со државата“, дополнуваат од Демократски сојуз.
Тие потсетуваат, дека прво реагирал Синдикатот во М-НАВ, за партиските вработувања на кадри кои не ги исполнуваат строгите услови за работа, па повикуваат во полициска станица на разговор на синдикалниот лидер, следи упад на осуммина во контролата на летање, но нема реакција од полицијата и осумте партиски насилници бегаат.
„Реагираат медиумите, граѓаните и опозициските партии, се приведуваат четворица од насилниците, но Судот не им определува притвор и што е следно? Логично е Јавниот обвинител да реагира за да може Апелациониот суд да се изјасни, но потребна е и соодветна реакција и од Судскиот совет“, соопштија од Демократски сојуз.
Според нив, Владата предводена од Ковачески не треба да најавува смени, туку по реакцијата на Демократскиот сојуз, требаше веднаш да ги суспендира директорите на М-НАВ и да именува експерти кои ќе раководат со оваа витална организација.
„Гласно и со огромна горчина сите се прашуваме и коментираме, дали законите важат подеднакво за сите граѓани, дали е можно да профункционира правната држава, дали мoже некој да ги запре криминалот, корупцијата и разградувањето на државата од кадрите на ДУИ. Државата е во колапс, а состојбите ќе се влошуваат, затоа во техничката Влада не треба да има кадри од ДУИ, доколку сакаме фер и демократски избори и мирен трансфер на власта“, завршуваат од Демократски сојуз.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Забрана за тешки товарни возила на Стража и патниот правец Маврово-Дебар

Поради врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража.
Како што соопшти АМСМ, забраната важи и за патниот правец крак Маврово – Дебар и е воведена од 15.25 часот.
Македонија
Ние сме дел од ВЛЕН, ќе се трудиме до крај да најдеме решение, ако не сами ќе одиме на избори, рече Таравари

Случувањата во овој момент во политиката се динамични и треба да се носат разумни одлуки, кажа Арбен Таравари пред почетокот на партиското собрание на Алијанса за Aлбанците во Гостивар.
На прашање околу коалицирањето со останатите партии на Aлбанците во Македонија, Таравари рече дека се коалициски партнери.
„Ние сме дел од ВЛЕН, ќе се трудиме до крај да најдеме решение, ако не сами ќе одиме на избори“, рече Таравари.
Тој потврди дека со Изет Меџити имале средба пред четири дена. Вели дека разговорот бил конструктивен и траел речиси два часа.
Тараври, исто така, потврди дека имал и средба со лидерот на опозициската ДУИ, Али Ахмети, кога се сретнал со претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај.
„На таа срдба само се поздравивме, како што налага однесувањето во такви прилики. Јас со секој политичар би се поздравил освен со лидерот на Левица“, истакна Таравари.
Меѓу новостите беше и доаѓањето на Исен Шабани, актуелен градоначалник на општина Врапчиште кој доскоро беше и потпретседател на партијата во крилото на Зијадин Сеља.
Шабани одговорајќи на новинарски прашања за неговото присуство и можно кандидирање на претстојните избори рече дека планира да биде независен кандидат и да бара поддршка од крилото Таравари.
„Денес собрав храброст да ги отстранам сите дилеми за АА и да биде што е можно повеќе обединета“, изјави тој.
На дневен ред пред партиските членови е дикусија за актуелната политичка состојба, за локалните избори, а донесена е и декларација за трагедијата во Кочани.
Македонија
Одземени 10 возила поради предизвикување голема бучава и т.н. диви трки во Скопје

На 06.04.2025 во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „Трета македонска бригада“, се одвиваат т.н. диви трки со патнички моторни возила кои предизвикуваат голема бучава. Веднаш по пријавата од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје преземени се мерки и активности, при што истите се сопрени и привремено се одземени 10 патнички моторни возила поради основано сомнение за техничка неисправност на возила. Истите ќе бидат однесени во станица за технички преглед каде од страна на стручни лица ќе се утврди дали возилата се технички исправни и дали ги исполнуваат условите за учество во сообраќајот.